Украина
Украина (украински: Україна) — држава во Источна Европа. Се граничи со Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад и со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црно и на Азовско Море. Главен град е Киев.
Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.
Потекло на поимотУреди
Се верува (најповеќе под влијание на руската и полската историографија)[7] дека името Украина доаѓа од старословенскиот поим украина што значи „гранична област“ или „крајина“[8]. Поимот може често да се сретне во Источнословенските хроники од 1187 година.[9] Поимот украини (множина) се користел и за Големото московско кнежевство како и за Големото литванско кнежевство. Во XVI и XVII век, овој поим се користел за земјите кои граничеле со номадскиот свет (Кримско ханство).
Многу современи украински историчари поимот „у-краина" го преведуваат како "во-земја", "татковина" или "наша-земја".[10] Овој превод е во согласност со оригиналното значење на на предлогот „у-“ во украинскиот јазик и именката „країна“ - „краина“.[11] При што треба да се разликува значењето на „гранична земја“ (украина vs. окраина)[10] кое неконзистентно се презема од бројни научни извори, често од неукраинско потекло,[9] додека преводот како "гранична земја" добро се усогласува со традиционалното значење во рускиот јазик на „у-“ и „краина“.[12]
ИсторијаУреди
- III век п.н.е. - Јамна култура
- II век п.н.е. - Кимеријци, Скити и Сармати
- IV век - завладување на хуните
- V век - создавање на Киевска Русија
- 988 г. - Христијанизација на Киевска Русија
- 1019 - 1054 година, најголем подем на Киевска Русија
- 1169 г. - Андреј Боголупски го зазел Киев
- 1240 г. - Киев бил заземен од Монголското Царство
- XIV век - Украина станала дел од Полско-литванската Државна Заедница
- 1569 г. - Полско-литванска Државна Заедница, дел од Украина паднал под контрола на Полска
- XVII век - Успешни дејства на казаците против Османлиското Царство
- 1648 - 1654, Богдан Хмелницки кренал востание против Полска
- 1876 г. - Емски указ, забрана на украинскиот јазик
- 22 јануари 1918 г., објавување на независна Украинска Народна Република
- 1919 г. - На територијата на Украина се водат борби помеѓу вкупно пет армии
- 1922 г. - создавање на СССР и Украинска ССР
- 1932 - 1933 г. - Гладомор, земјоделските приноси на селаните се конфискуваат, милиони умират од глад
- 1941 - 1944 г. - Украина е окупирана од Нацистичка Германија
- 1945 г. - Украина станала полноправен член на ООН
- 24 август 1991 г. - независност на Украина од СССР
- 2013-2014 — „Евромајдан“, граѓански немири и демонстрации против претседателот Виктор Јанукович. Тогашната Автономна Република Крим се соочила со безбедносна опасност поради украинската криза и распишала референдум, каде народот со мнозинство изгласал отцепување од Украина и припојување кон Руската Федерација. Во март истата година полуостровот преминал во руската Република Крим. На 11 мај Донецката област изгласала независност од Украина, на референдумот излезеноста била 75%, а за независност биле 89%.
Географија и климаУреди
Со 603.700 км2 Украина е 44. земја по големина во светот и прва на европскиот континент, сметајќи ги само земјите кои се протегаат целосно во Европа.
Пејзажот на Украина е составен од плодни низини и платоа. Во Украина има големи реки како на пример Днепар, Северски Донец, Днестар и јужен Бух. На југот на земјата делтата на Дунав ја образува границата помеѓу Украина и Романија. Единствените планини во земјата се Карпатите кои се наоѓаат на запад и највисок врв е Говерла со 2.061 м.
Климата во Украина е континентална, додека на југот се забележува и умерена средоземна клима.
Политички системУреди
Украина е република со мешан полупретседателски и полупарламентарен систем со посебна законодавна, извршна и судска власт. Претседателот се избира за мандат од пет години на претседателски избори и е на чело на државата.
Законодавната власт на Украина е во рацете на еднодомното собрание кој има 450 пратенички места и се нарекува Врховна рада. Собранието е одговорно за создавање на закони и како дел од тоа е и кабинетот на министри со премиерот на чело на истиот.
Највисока институција од судската власт во Украина е Уставниот суд, кој има моќ да поништи одредени закони ако не се во согласност со украинскиот Устав.
Административна поделбаУреди
Украина е унитарна држава со унифициран правен и административен режим.
Украина е поделена на 24 области. Киев има специјален статус. Областите и републиката се поделени на преку 400 региони со просечна големина на регионите од 1.200 км2 и со просечно население од 52.000 жители.
Украина има преку 400 градови од кои над 150 се поголеми, а преку 200 се паланки.
СтопанствоУреди
За време на советската ера, економијата на Украина била втора најголема економија во СССР. Таа била важен индустриски и земјоделски центар. Со падот на СССР земјата почнала да се трансформира во пазарна економија. Владата на Украина започнала со имплементирање на нови закони и нова монетарна политика.
Во 2007 година, БНП на Украина бил рангиран на 29 место со 359.9 милијарди долари. БНП по глава на жител во 2008 бил 7.800, додека номиналниот БНП бил 198 милијарди долари.
ДемографијаУреди
Украинците сочинуваат 77,8% од вкупно население во Украина. Најбројни национални малцинства се Русите (17,3%) по кои следат Русините (0,9%). Важно е да се напомене дека украинската власт не ги признава Русините како посебен народ, туку како украински етнос, а нивниот русински јазик го смета за украински дијалект. Од останатите малцинства најбројни се Романците и Молдавците (0,8%), Белорусите (0,6%) и Бугарите (0,4%).
Сè до отцепувањето на Крим од Украина, Кримските Татари сочинувале 0,5% од населението. Тој број е значително намален поради тоа што највеќето од нив живеат на тој полуостров.
Службен јазик во Украина е украинскиот јазик, но од голема важност на економски и културен план е познавањето на рускиот јазик. Украински јазик зборува околу 55% од населението, додека руски јазик 45%.
Бр. | Област | Нас. | Бр. | Област | Нас. | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Киев Харков |
1 | Киев | Киев (град) | 2,900,920 | 11 | Луганск | Луганска | 431,109 | Одеса Днипро |
2 | Харков | Харковска | 1,439,036 | 12 | Виница | Виничка | 370,800 | ||
3 | Одеса | Одеска | 1,016,515 | 13 | Макеевка | Донецка | 358,156 | ||
4 | Днипро | Днепропетровска | 979,046 | 14 | Севастопол | Севастопол (град) | 340,297 | ||
5 | Донецк | Донецка | 929,063 | 15 | Симферопол | Крим | 336,330 | ||
6 | Запорожје | Запорошка | 757,650 | 16 | Херсон | Херсонска | 302,526 | ||
7 | Лавов | Лавовска | 727 968 | 17 | Полтава | Полтавска | 298,652 | ||
8 | Криви Рог | Днепропетровска | 654,900 | 18 | Чернигов | Черниговска | 296,836 | ||
9 | Миколаив | Миколаивска | 498,518 | 19 | Черкаси | Черкаска | 286,037 | ||
10 | Мариупол | Донецка | 486,856 | 20 | Горловка | Донецка | 279,637 |
РелигијаУреди
Околу 50,44% од населението на Украина се приврзаници на Украинската православна црква, околу 8% се католици, 7% приврзаници на Автокефалната украинска црква, 2% на Римокатоличката црква, околу 2% протестанти, 0,63% Евреи, 0,5% муслимани и
Во текот на својата рана историја, Украина била населена со пагански племиња кои ја практикувале својата религија. Кон крајот на првиот милениум во земјата бил воведен византискиот ритуал. Се претпоставува дека апостол Андреј бил оној кој прв дошол на овие простории да ја проповеда новата религија. Јудаизмот на просторите на денешна Украина бил присутен пред повеќе од 2000 години, кога еврејските трговци патувале заедно до грчките колонии. Од XIII век еврејското присуство во Украина значително се зголемило. Подоцна во Украина бил основан и Хасидизмот. Муслиманската религија во Украина се појавила во времето на Златната орда и Отоманското Царство. Кримските Татари го прифатиле исламот во времето на Златната Орда, а подоцна станале вазали на Отоманското Царство. Во времето кога била била создадена Украинска ССР и земјата била во составот на СССР, атеистичкиот режим придонел за прогонување на голем број на христијански свештеници. Голем број на цркви биле или рушени или затварени.
КултураУреди
НаводиУреди
- ↑ „Law of Ukraine. State Anthem of Ukraine“ (украински). Врховна рада на Украина. 6 март 2003.
- ↑ „Law of Ukraine "On Principles of State Language Policy"“. Zakon2.rada.gov.ua. Посетено на 25 август 2012.
- ↑ „Population“. State statistics Committee of Ukraine. 2008. Посетено на 2008-12-20.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Ukraine“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „Gini index“. World Bank. Посетено на 9 November 2016.
- ↑ „2014 Human Development Report“ (PDF). 14 March 2013. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Русанівський, В. М. Українська мова // Енциклопедія «Українська мова». — К., 2000.
- ↑ „З Енциклопедії Українознавства; Назва "Україна"“. Litopys.org.ua. Посетено на October 31, 2011.
- ↑ 9,0 9,1 Ф.А. Гайда. От Рязани и Москвы до Закарпатья. Происхождение и употребление слова «украинцы» // Родина. 2011. № 1. С. 82–85. [1] Архивирано на 23 септември 2015 г.
- ↑ 10,0 10,1 „Григорій Півторак. Походження українців, росіян, білорусів та їхніх мов“. Litopys.org.ua. Посетено на October 31, 2011.
- ↑ The Comprehensive Dictionary of the Contemporary Ukrainian Language. Perun Publishers, 2005.
- ↑ The Comprehensive Dictionary of the Contemporary Russian Language. 2006, T.F. Yefremova.
- ↑ „Kiev Saint Sophia Cathedral“. Организација за образование, наука и култура на ООН (UNESCO). ОН. Посетено на 18 август 2014.