Лејн Стејли
Лејн Стејли (англиски: Layne Staley) е пејач на гранџ групата Алис ин чејнс (англиски: Alice in Chains) од Сиетл. Групата ја основал во 1987 година заедно со гитаристот Џери Кантрел. Кога во 1996 починала неговата девојка, Стејли западнал во депресија и под неразјаснети околности починал на 5 април 2002 г. Тоа е истиот датум кога во 1994 година се самоуби Курт Кобејн, пејачот на групата Нирвана.[1]
Лејн Стејли | ||
Роден | 22 август 1967 Керкланд, САД | |
---|---|---|
Починал | 5 април 2002 Сиетл, САД | |
Занимање | Музичар |
Животопис
уредиЛејн Стејли е роден во 1967 година во Киркланд, Вашингтон, како дете на Фил и Ненси Стејли. Неговите родители се разведуваат кога тој има седум години, по што за него продолжуваат да се грижат мајка му и неговиот очув Џим Елмер. Кога се запишувал во средно го земал презимето на очувот и некое време бил Лејн Елмер. Во 2001 година, кратко време пред неговата смрт, зборува за тоа како го доживеал разводот на неговите родители: „Мојот свет стана кошмар, околу мене имаше само сенки. Добив повик во кој ми кажаа дека татко ми умрел, но моето семејство секогаш знаеше дека тој е некаде во близина и дека зема секакви дроги. По тој повик секогаш се прашував ‘Каде е тато?’ Толку бев тажен и толку ми недостигаше. Беше исчезнат од мојот живот 15 години.“ Во истото тоа интервју Лејн посочува дека разделувањето на неговите родители и дрогирањето на татко му се барем делумно виновни за неговите проблеми со дрогата, а кажува и дека бил убеден оти ако стане славен, татко му ќе се врати.
Лејн се доближува до музиката преку колекцијата на неговите родители, слушајќи ги Black Sabbath (кои ги смета за прво влијание) и Deep Purple. Други омилени бендови му се хард рок и метал бендовите како Anthrax, Judas Priest, Saxon, Rainbow, Mercyful Fate, Twisted Sister, Ван Хален и припадниците на индустрискиот/новиот бран, како Ministry, The Lords of the New Church и Skinny Puppy. Почнал да чука на тапани на 12 години и свирел во неколку глем бендови во тинејџерските години, но наскоро му се јавува желбата да биде пејач. Во 1984 година Лејн станува дел од студентскиот бенд Sleze. Во 1986 година Sleze го менува името во Alice N' Chains, бенд за кој Лејн кажува дека свири спид метал. Новиот бенд настапувал низ Сиетл со кавери на Slayer и Armored Saint. Лејн го запознал гитаристот [[Џери Кантрел додека работел во музичко студио, по што брзо се спријателиле и живееле како цимери повеќе од една година во прилично бедни услови. Alice N' Chains наскоро се распаднал и Лејн се придружил кон еден фанк бенд што во моментот имал потреба од гитарист. Го поканил и Кантрел да се придружи како надворешен член. Кантрел се согласил под услов и Лејн да се придружи на неговиот бенд, во кој во моментот биле и тапанарот Шон Кини и басистот Мајк Стар. Во 1986 година, Лејн се среќава со андерграунд гитаристот [[Тим Барнс во бар во Сиетл. На Барнс подоцна ќе му биде понудена позиција во Alice in Chains, но ќе ја одбие. По некое време фанк бендот се распаѓа и во 1987 година Лејн целосно му се придружува на Кантрел. Тогаш бендот го добива името Alice in Chains.
Наводи
уреди- ↑ Boyle, Mike; Levy, Doug (Maj 27, 2002). „Music News“. CMJ New Music Report. 71 (764). стр. 7. Посетено на 2012-09-23.
Staley died on April 5 — the same day Nirvana frontman Kurt Cobain took his own life in 1994
Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Лејн Стејли“ на Ризницата ? |
Оваа статија за музичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |