Луј XVI
Луј XVI (роден на 23 август 1754 во дворецот Версај - починал на 21 јануари 1793 во Париз) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Кога ја презел власта, незадоволството кај третиот сталеж било многу големо. Се обидел да спроведе реформи, но сето тоа завршило без успех. За време на Француската револуција бил симнат од престолот и бил гилотиниран на 21 јануари 1793, откако бил фатен во обид да избега од земјата.
|