Крапински човек
Крапински човек или крапински прачовек — вид на праисториски човек, припадник на видот неандерталци. Наречен е „крапински“ бидејќи коски на овој вид се најдени во наоѓалиштето Хушњаково кај градот Крапина, северна Хрватска.
Во 1899 година, група загрепски научници на чело со познатиот геолог, зоолог и палеонтрополог Драгутин Горјановиќ - Кранбергер, откриле коски, заби и орудие на пралуѓето на подрачјето на Крапина. Научниот свет бил изненаден од вредните наоди, а во своето дело „Дилувијалниот човек од Крапина во Хрватска“, Горјановиќ - Крамбергер го раздвижил од мртва точка потеклото и настанувањето на човекот, затоа што наодите во Крапина биле значаен доказ за вистинската Дарвинова теорија на еволуцијата.
Поврзано
уредиОваа статија антропологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |