Мен Реј
Мен Реј (англиски Man Ray), вистинско име Емануел Рудзицки (Emmanuel Rudsitzky); Филаделфија, 27 август 1890 — Париз, 18 ноември 1976) бил американски авангарден фотограф, режисер сликар и вајар. Неговата уметност се сврстува во дадаизам и надреализам.
Од 1908 до 1912 година студирал уметност во Њујорк, а во 1911 работел како сликар и вајар. Првите значајни фортографии ги снимил во 1918. Во тоа време тој веќе се занимавал со сликарство, а работел и со филм.
Во соработка со Марсел Дишан го создал американскиот дадаизам, правецот зачнат во Европа како радикален отклон од традиционалните принципи во уметноста. Бил член на групата на уметници „Останати“ - Others. По неколку неуспешни обиди утврдил дека дадаизам не може да заживее во Њујорк. Потоа се преселил во Париз и се населил во уметничкиот кварт Монпарнас, каде главно работел во ателјето на тамошните уметници. Се вљубил во модел Алис Прен наречена „Кики од Монпарнас“ која во скоро време почнала да му позира.
За повеќе од 20 години проминати во Париз, Мен Реј ја револуционирал фотографската уметност. Многу познати личности се нашле на неговите фотографии: Џејмс Џојс, Гертруда Стајн, Жан Кокто, Бриџет Бејт Тиченор и Антонен Арто,
, од Лотар Волех во Париз во 1975
Во 1925 година во Галеријата Пјер во Париз била организирана изложба на надреалистички дела на која покрај Реј своите дела ги изложиле и надреалистите Жан Арп, Макс Ернст, Андре Масон, Хуан Миро и Пабло Пикасо.
Во 1934 година надреалистичката уметничка Мерет Опенхајм му позирала на Реј гола, за серија надреалистички фотографии.
Со асистентката и љубовницата Ли Милер ја открива постапка соларизација на фотографијата. Ја пронашол и фотографската техника која користи фотограм, која дадаистот Тристан Цара ја нарекол рејографија.
Ман Реј во староста се вратил во САД во Лос Анџелес), но на Монпарнас до крајот на животот гледал како на свој дом. Умрел во Монпарнас на 18 ноември 1976 година.
Литература
уреди- Velika knjiga o fotografiji, Prosveta Zagreb 1980.
- PSN ČS akademia vied, Praha 1962.
Надворешни врски
уреди„Мен Реј“ на Ризницата ? |