Стефан Спировски

Македонски фудбалер

Стефан Спировски (роден на 23 август 1990 во Битола) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Ференцварош и на македонската репрезентација.

Стефан Спировски
Лични податоци
Роден на 23 август 1990(1990-08-23)(33 г.)
Роден во Битола, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ференцварош Ференцварош
Број 4
Младинска кариера
Пелистер Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2010 Пелистер Пелистер 42 (2)
2010-2013 Борац Чачак Борац Чачак 53 (3)
2012Работнички Работнички 9 (1)
2014 Берое Берое 19 (2)
2015-2017 Вардар Вардар 56 (6)
2017- Ференцварош Ференцварош 12 (2)
Репрезентација
2006 Македонија Македонија 17 2 (0)
2008-2009 Македонија Македонија 19 3 (0)
2009-2012 Македонија Македонија 21 21 (2)
2011- Македонија Македонија 20 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Спировски ја започнал својата кариера во екипата на Пелистер, во која го имал своето деби за првиот тим во 2007 година. За Пелистер настапувал две и пол сезони, а во зимскиот трансферен прозорец 2010 година му се приклучил на српскиот клуб Борац Чачак.[1] Своето деби во Српската Супер лига го имал на 20 март 2010, против Јагодина во победата со 1-0 и токму тој бил стрелец на единствениот погодок.[2] На 16 мај 2012, Спировски бил во почетниот состав на Борац во финалето на Купот на Србија, во кое неговиот тим загубил со 2-0 од Црвена Ѕвезда. По завршувањето на сезоната 2011-12 сезона, кога Борац неочекувано испаднал од Суперлигата, Спировски заминал на позјамица во Работнички. До зимската пауза во првенството одиграл 9 натпревари и постигнал еден гол, во победата со 3-1 над Брегалница. Потоа, тој се вратил во Борац за вториот дел од сезоната, играјќи 6 натпревари во кој постигнал еден гол во Српската Прва лига (втора лига по ранг во Србија). За четири години во Борац, вкупно во сите натпреварувања одиграл 60 натпревари и постигнал 2 гола.

На 26 јануари 2014, Спировски потпишал за бугарскиот прволигаш Берое, откако две недели претходно дошол на проби и успеал да го импресионира тренерот Петар Хубчев.[3][4] По потпишувањето на договорот му бил доделен дресот со број 92. Своето деби за старозагорци го направил на 23 февруари во поразот со 3-0 на гостувањето против Литекс. Својот прв гол за Берое го постигнал на 7 мај 2014, во победата над Љубимец со 4-0, со прекрасно изведен слободен удар од голема далечина.[5] Првата сезона во клубот ја завршил со 10 настапи и еден гол. Следната сезона одиграл 9 натпревари во А група и еден во Купот на Бугарија до зимската пауза, во која му бил раскинат договорот.[6]

На 23 декември 2015, потпишал двегодишен договор со екипата на Вардар и избрал да го носи дресот со бројот 8.[7] Својот прв погодок во црвено-црниот дрес го постигнал на 16 мај 2015, во победата на домашен терен над Ренова со 4-1, со која екипата на Вардар станала шампион на Македонија.[8]

На 28 август 2017, Спировски потпишал тригодишен договор со унгарскиот Ференцварош.[9]

Репрезентативна кариера уреди

Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во репрезентациите под под 19 и под 17 години. Тој исто така има 21 настап за репрезентацијата под 21 година со што се наоѓа на делба на 6. место по бројот на настапи во оваа категорија.[10]

На 10 август 2011 тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во пријателски натпревар против Азербејџан.[11] Својот прв гол за македонската репрезентација Спировски го постигнал на 28 март 2017, во победата со 3-0 над Белорусија во пријателски натпревар одигран на Филип II арената во Скопје.[12]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
10-08-2011 Баку Азербејџан   0 – 1   Македонија Пријателска -   66'
26-05-2012 Леирија Португалија   0 – 0   Македонија Пријателска -   53'
29-05-2012 Ешторил Ангола   0 – 0   Македонија Пријателска -   46'
15-08-2012 Скопје Македонија   1 – 0   Литванија Пријателска -   74'
05-03-2014 Скопје Македонија   2 – 1   Латвија Пријателска -   64'
26-05-2014 Куфштајн Македонија   0 – 2   Камерун Пријателска -
30-05-2014 Рјети Катар   0 – 0   Македонија Пријателска -
08-09-2014 Валенсија Шпанија   5 – 1   Македонија Квал. за Евро 2016 -   64'
06-09-2016 Скадар Албанија   2 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 -
06-10-2016 Скопје Македонија   1 – 2   Израел Квал. за СП 2018 -   46'
09-10-2016 Скопје Македонија   2 – 3   Италија Квал. за СП 2018 -   53'
12-11-2016 Гранада Шпанија   4 – 0   Македонија Квал. за СП 2018 -   60'
24-03-2017 Вадуц Лихтенштајн   0 – 3   Македонија Квал. за СП 2018 -   85'
28-03-2017 Скопје Македонија   3 – 0   Белорусија Пријателска 1   78'
05-06-2017 Скопје Македонија   0 – 0   Турција Пријателска -   53'   91'
11-06-2017 Скопје Македонија   1 – 2   Шпанија Квал. за СП 2018 -
Вкупно Настапи 16 Голови 1

Титули уреди

  Вардар уреди

Наводи уреди

  1. Спировски продолжува во Борац Чачак
  2. 19.kolo JAGODINA - BORAC 0-1
  3. „Стефан Спировски на проба во бугарскиот Берое“. Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2015-02-10.
  4. Македонски национал подписа с Берое
  5. „Ефектен првенец на Спировски за Берое“. Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2015-02-10.
  6. Освободеният от Берое Спировски подписа с Вардар
  7. Репрезентативецот Стефан Спировски – најново засилување на Вардар
  8. 16.05.2015 Осма шампионска титула за фудбалерите на Вардар во Македонија[мртва врска] vesti.mk
  9. Спировски официјално претставен во Ференцварош sport1.mk
  10. Stefan Spirovski[мртва врска] at UEFA.com
  11. Damjanović i Spirovski na spisku A reprezentacija Архивирано на 1 октомври 2019 г. at Borac official website
  12. По четири години Македонија врза две победи: Падна и Белорусија со 3-0 (ФОТО+ВИДЕО) ekipa.mk

Надворешни врски уреди