Фимчо Муратовски

Фимчо Муратовски (Скопје, 11 август 1931) — македонски диригент.

ЖивотописУреди

Муратовски Фимчо е роден во Скопје на 11 август 1931 година. Во 1958 година дипломирал диригирање на Музичката академија во Загреб кај професорот Милан Хорват. Специјализирал во Санкт Петербург. Од 1959 бил ангажиран како диригент во Операта и Балетот на МНТ и на таа должност останал до 1971 година. На двапати (1963/64 и 1967/68) по една година бил вршител на должноста директор на оваа институција. Од 1971 до 1983 година бил диригент во Македонската филхармонија, во која првите 7 години бил и нејзин директор. Од 1983 година до своето пензионирање во 1996 бил наставник, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде во 2 мандата бил и декан на оваа институција. Како диригент поставил и диригирал повеќе од 40 оперски и балетски дела од класичниот, современииот и домашниот репертоар. На концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела, со посебен афинитет кон домашното творештво. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Гостувал во повеќе земји во Европа и Латинска Америка. Заедно со Драгослав Ортаков е соавтор на публикацијата „Волшебниот Орфеј, 55 години македонска опера“, а со Петар Петренко на публикацијата „Оперски приказни- водич низ содржините на оперските дела“. Настапувал на повеќе фестивали во земјата и во странство - на Охридско лето, Струшка Музичка Есен, Дубровнички Летни Игри, Мајски оперски вечери, Тетовски хорски одзиви. За својата уметничка дејност добитник е на повеќе награди и признанија: Наградата „13 Ноември“ на град Скопје во 1969 година, Републичката награда „11 Октомври“ за едногодишно остварување за 1977 година како и истата награда за животно дело во 1995 година.

НаводиУреди