Артур Мело

Ова е објавената верзија, проверена на 7 септември 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Артур Енрике Рамос де Оливеира Мело (роден на 12 август 1996 година, во Гојанија), попознат само како Артур или Артур Мело (бразилски португалски: [ˈaʁtuʁ ˈmɛlu] ), е бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на бразилската репрезентација.

Артур Мело
Лични податоци
Полно име Артур Енрике Рамос де
Оливеира Мело[1]
Роден на 12 август 1996(1996-08-12)(28 г.)
Роден во Гојанија, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000000017100001,71 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 18
Младинска кариера
Гојас Гојас
Гремио Гремио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015–2018 Гремио Гремио 47 (5)
2018–2020 Барселона Барселона 48 (3)
2020– Јувентус Јувентус 42 (1)
2022–2023Ливерпул Ливерпул 0 (0)
2023–2024Фјорентина Фјорентина 33 (2)
Репрезентација
2013 Бразил Бразил 17 7 (1)
2018– Бразил Бразил 22 (1)

Роден во Гојанија, тој ја започнал својата кариера во Гремио, со која ја освоил Копа Либертадорес во 2017 година и Кампеонато Гаучо во 2018 година. Во своите три години во Гремио, Артур се утврдил како еден од најдобрите играчи во тимот, што набргу довело до тоа Барселона да плати 31 милиони евра за неговте услуги во 2018 година.[3][4] Во првата година со Блауграна тој освоил две титули: Суперкупот на Шпанија и Примера Дивисион. Во 2020 година, Артур се преселил во Јувентус, во размена во која во спротивен правец отишол Миралем Пјаниќ.

Артур го направил своето деби за сениорската репрезентација на Бразил во 2018 година, а претходно тој бил дел од репрезентацијата под 17 години. Во 2019, тој бил дел од составот на кариоките кој победил на Копа Америка на домашен терен.

Технички карактеристики

уреди

Артур е централен играч за врска со добро забрзување и голема способност за додавање; често бил споредуван со Чави и Инјеста заради одличната поединечна техника, визијата за играта, физичкиот изглед и вештината за контрола на топката.[5][6][7][8]

Артур е посебно познат по неговите извонредни додавања. Во контекст на тоа за време на еден првенствен натпревар против Валенсија тој направил 142 додавања, од кои 135 биле успешни. Најмногу во натпревар од Примера Дивисион уште од Чави, кој тоа го сторил во ноември 2012 против Леванте.[9]

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Својата фудбалска кариера Артур ја започнал во 2001 година, кога неговиот татко Аилтон го запишал својот син - тогаш четиригодишно момче - во фудбалската школа на неговиот братучед, поранешниот фудбалер Нилтињо.[10] Откако се истакнал за време на натпревар против Гојас, Артур бил поканет да тренира во Вердао, каде останал до 2009 година.[11]

Гремио

уреди

Во 2010 година, Артур отишол во Гремио каде ги минал сите младински возрасни категории и речиси во сите бил меѓу најистакнатите играчи. Во 2015 година, тој бил приклучен во главниот тим на Гремио, под водството на тренерот Луис Фелипе Сколари, откако импресионирал на Купот за јуниори во Саун Пауло.[12] На 4 февруари 2015, Артур го направил своето деби како професионалец со првиот тим на Гремио на возраст од 18 години, сосема неочекувано започнувајќи во почетната постава против Аиморе во Кампеонато Гаучо; натпреварот завршил со пораз на Гремио (2-1), а тој бил заменет на полувремето од Матијас Родригес.[13] Тоа бил единствениот негов настап во Кампеонато Гаучо за таа сезона.

Тој подоцна бил повикан од новиот тренер Ренато Гаучо, во четири натпревари од Бразилската Серија А, но во сите тие останал неискористена замена и не забележал ниту еден настап. Своето деби во ова натпреварување го имал следната сезона, влегувајќи од клупата за резерви во поразот од Ботафого (0-1) во последното коло.[14] На 7 декември 2016 година, тој ја освоил својата прва титула во кариерата, откако Гремио го освоил Купот на Бразил и бил награден со медал иако не одиграл ниту еден натпревар.[15] Првите две години со првиот тим, Артур ги завршил со 2 настапи по еден во секоја сезона.

 
Артур во дресот на Гремио во 2017

После првите две парцијални сезони, во 2017 година Артур станал стандарден првотимец во Гремио. На 21 април, Артур дебитирал во Копа Либертадорес, во натпреварот против Клуб Гуарани во Асунсион; натпреварот завршил 1-1, а тој бил асистент за голот на Гремио кој го постигнал Педро Роча и бил избран за играч на натпреварот.[16] На 18 мај, Артур го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата со 3-1 над Флуминенсе во Купот на Бразил. Околу два месеци подоцна, на 20 јули, го постигнал својот прв првенствен гол во гостинската победа со 3-1 над Виторија во Серија А. Во ноември 2017, Артур играл во двата финални натпревари од Копа Либертадорес против аргентинскиот Ланус, помагајќи му на Гремио (со вкупен резултат 3-1) да стане шампион на Јужна Америка по трет пат во клупската историја; во вториот натпревар одигран во Аргентина, кој бразилската екипа го добила со 1-2, Артур бил избран за играч на натпреварот и покрај тоа што бил заменет по 50-тина минути поради повреда.[17] Повредата подоцна го спречила да настапи на Светското клупско првенство, кое се одиграло месец дена подоцна. Сезоната ја завршил со 50 настапи (27 во првенството, 4 во Кампеонато Гаучо, 2 во Примеира лига, 5 во купот и 12 во Копа Либертадорес) и 2 постигнати гола.

Во 2018 година, Артур му помогнал на Гремио да освои уште две титули во Рекопа Судамерикана и Кампионато Гаучо. Откако со својте одлични игри го привлекол вниманието на многубројни клубови од Европа, во март 2018 било објавено дека Артур ќе го напушти Гремио и ќе потпише за шпанската Барселона. Вкупно за Гремио тој одиграл 69 натпревари и постигнал 6 гола.

Барселона

уреди

На 11 март 2018 година, Гремио и Барселона постигнале договор за доаѓање на Артур во шпанскиот клуб. Сумата на трансферот изнесувала 31 милион евра, плус 9 милиони евра во зависност од тоа дали ќе бидат исполнети некој бонуси.[18] Тој потпишал шестгодишен договор, а официјално како играч на Барса бил претставен на 9 јули 2018 година.[19]

Своето деби за Барселона го направил на 12 август во Суперкупот на Шпанија, започнувајќи го натпреварот против Севиља што завршил 2-1 за Блауграна.[20] Така, веќе во првиот натпревар за новиот клуб тој го освоил и првиот трофеј со Барселона. Артур го направил своето деби во лигата во првото коло од Примера Дивисион 2018-2019 против Алавес, забележувајќи асистенција за голот на сонародникот Филипе Коутињо, во победата со 3-0 на Камп Ноу. На 18 септември, тој го одиграл својот прв натпревар во кариерата во европските натпреварувања, во победата со 4-0 на домашен терен над ПСВ во Лигата на шампионите. На 28 април 2019, Артур со Барселона го освоил шпанското првенство, затворајќи ја својата добра прва сезона во клубот со вкупно 44 одиграни натпревари (без постигнат гол) од кој во најголемиот дел бил стартер.

 
Артур во дресот на Барселона во 2019.

На почетокот на следната сезона, на 31 август 2019, Артур го постигнал својот прв гол за Барселона, во ремито 2-2 на гостувањето кај Осасуна.[21] Околу месец дена подоцна, тој го постигнал веќе и својот втор гол погодувајќи ја мрежата на Виљареал во победата со 2-1. Во осмото првенствено коло, тој забележал две асистенции во победата со 4-0 над Севиља со што ја продолжил одличната форма од почетокот на сезоната.

На 29 јуни 2020, Артур потпишал за Јувентус, но поради продолжената сезона заради пандемијата од COVID-19, требало да остане во Барселона до крајот на истата. Сепак, во август 2020, тој не се појавил на тренинзите на каталонскиот клуб пред нивиот натпревар против Бајерн Минхен во Лигата на шампионите и не отпатувал со тимот во Лисабон каде се играла завршницата од натпреварувањето, со цел да може порано да му се приклучи на новиот клуб.[22] Како резултат на тоа претседателот на Барселона, Жузеп Марија Бартомеу, изјавил: Имавме договор со него да настапува за Барселона до крајот на сезоната, тој е важен играч за нас и можеше многу да помогне, но едноставно не се појави. Таквото однесување е неприфатливо и покажа непочитување кон соиграчите и клубот.[23] Вкупно во дресот на Блауграна тој одиграл 72 натпревари и постигнал 4 гола.

Јувентус

уреди

На 29 јуни 2020, Артур потпишал петгодишен договор со Јувентус во трансфер вреден 72 милиони евра, плус 10 милиони евра бонуси, како дел од размената во која во Барселона отишол Миралем Пјаниќ.[24][25] Своето деби за Јувентус во Серија А го направил на 27 септември, влегувајќи како замена на местото на Вестон Мекени во ремито 2–2 на гостувањето кај Рома.[26] На 20 јануари 2021, го освоил својот прв трофеј со бјанконерите, играјќи како стартер од почетокот до крајот во победата со 2-0 над Наполи во Суперкупот на Италија;[27] во споменатиот натпревар имал важна улога при постигнувањето на вториот гол, започнувајќи го контранападот на својот тим кој го завршил Алваро Мората на асистенција на Хуан Квадрадо. Четири дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за Јувентус, во победата со 2-0 над Болоња во првенството.[28]

Ливерпул

уреди

Откако се нашол на маргините во Јувентус, на 1 септември 2022 година, Артур се преселил во Ливерпул на заем до крајот на сезоната.[29]

Репрезентативна кариера

уреди

Во младите години Артур играл за репрезентацијата на Бразил под 17 години и учествувал со истата на Јужноамериканското првенство за играчи под 17 години.[30]

 
Артур го прима медалот по победата на Копа Америка 2019

Својот прв повик во сениорската репрезентацијата го добил во септември 2017, за квалиикациските натпревари против Боливија и Чиле, но не добил можност да дебитира. Тој исто така се нашол и на преелиминарниот список на селекторот Тите за Светското првенство 2018 во Русија, но не бил избран во конечниот од 23 играчи.[31]

Своето репрезентативно деби го направил во победата со 2-0 на кариоките над САД во пријателски натпревар одигран на 7 септември 2018, влегувајќи како замена. Пет дена подоцна, тој играл како стартер во победата со 5-0 над Ел Салвадор.[32] Селекторот Тите го пофалил стилот на игра на играчот од средниот ред велејќи: „Тој секогаш го наоѓа најдоброто решение за излез од ситуацијата“. Дури и ако нема асистенција, тој прави додавање со кое ќе му помогне на соиграчот“.[33]

Во мај 2019, Артур бил избран во составот на Бразил за Копа Америка 2019 на домашно тло.[34] Во финалето на Маракана против Перу на 7 јули, Артур му асистирал на Габриел Жезус во судиското продолжение од првото полувреме за водство на Селесао од 2-1; натпреварот завршил со победа на Бразил од 3–1, со што тие станале шампиони на Копа Америка по деветти пат.[35]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-9-2018 Ист Ратерфорд САД   0 – 2   Бразил Пријателска -   60'
12-9-2018 Ландовер Бразил   5 – 0   Ел Салвадор Пријателска -   70'
12-10-2018 Ријад Саудиска Арабија   0 – 2   Бразил Пријателска -   72'
16-10-2018 Џеда Бразил   1 – 0   Аргентина Пријателска -
16-11-2018 Лондон Бразил   1 – 0   Уругвај Пријателска -
20-11-2018 Милтон Кинс Бразил   1 – 0   Камерун Пријателска -
23-3-2019 Порто Бразил   1 – 1   Панама Пријателска -   72'
26-3-2019 Прага Чешка   1 – 3   Бразил Пријателска -   71'
6-6-2019 Бразилија Бразил   2 – 0   Катар Пријателска -   66'
9-6-2019 Порто Алегре Бразил   7 – 0   Хондурас Пријателска -   32'
18-6-2019 Салвадор Бразил   0 – 0   Венецуела Копа Америка 2019 - Прва фаза -
22-6-2019 Саун Пауло Перу   0 – 5   Бразил Копа Америка 2019 - Прва фаза -
27-6-2019 Порто Алегре Бразил   0 – 0
(4 – 3 пен.)
  Парагвај Копа Америка 2019 - Четвртфинале -   84'
2-7-2019 Бело Хоризонте Бразил   2 – 0   Аргентина Копа Америка 2019 - Полуфинале -
7-7-2019 Рио де Жанеиро Бразил   3 – 1   Перу Копа Америка 2019 - Финале -
7-9-2019 Мајами Гарденс Бразил   2 – 2   Колумбија Пријателска -
10-10-2019 Сингапур Бразил   1 – 1   Сенегал Пријателска -   68'
13-10-2019 Сингапур Бразил   1 – 1   Нигерија Пријателска -   80'
15-11-2019 Ријад Бразил   0 – 1   Аргентина Пријателска -   55'
19-11-2019 Абу Даби Бразил   3 – 0   Јужна Кореја Пријателска -   80'
Вкупно Настапи 20 Голови 0

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 11 септември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015   Гремио А+А1/Г 0+1 0 КБ 0 0 - - - - - - 1 0
2016 А+А1/Г 1+0 0 КБ 0 0 КЛ - - ПЛ 0 0 1 0
2017 A+A1/Г 27+4 1+0 КБ 5 1 КЛ 12 0 ПЛ+Скп 2+0 0 50 2
2018 A+А1/Г 7+7 1+3 КБ 0 0 КЛ 3 0 - - - 17 4
Вкупно Гремио 35+12 2+3 5 1 15 0 2 0 69 6
2018-2019   Барселона ПД 27 0 КШ 7 0 ЛШ 9 0 СШ 1 0 44 0
2019-2020 ПД 21 3 КШ 3 1 ЛШ 4 0 СШ - - 28 4
Вкупно Барселона 48 3 10 1 13 0 1 0 72 4
2020-2021   Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно во кариерата 95 8 15 2 28 0 3 0 141 10

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Гремио

уреди
2016
2017
2018
2018

  Барселона

уреди
2018-2019
2018

  Јувентус

уреди
2020-2021
2020

Репрезентативни

уреди

  Бразил

уреди
2019

Наводи

уреди
  1. „FIFA Club World Cup UAE 2017: List of Players: Grêmio FBPA“ (PDF). FIFA. 29 November 2017. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 December 2017.
  2. „Arthur“. Барселона. Посетено на 9 September 2018.
  3. Sport (2018-10-19). „Xavi Hernandez "Arthur can mark an era at Barcelona". sport (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-10-23. Посетено на 2018-10-23.
  4. „Barcelona's new Xavi? Impressive Arthur a ray of light in Valencia draw | Goal.com“ (англиски). Посетено на 2018-10-23.
  5. „Messi: "Arthur me recuerda a Xavi" (шпански). Sport. 3 септември 2018. Архивирано од изворникот на 6 септември 2018. Посетено на 6 септември 2018.
  6. „Arthur Melo, sulle orme di Xavi“. L'Ultimo Uomo (италијански). 2019-05-01. Архивирано од изворникот на 2 мај 2019. Посетено на 2019-11-10.
  7. „Barcellona, nella serata di Messi brilla il brasiliano Arthur“. Fox Sports (италијански). 2019-03-14. Архивирано од изворникот на 13 ottobre 2019. Посетено на 2019-10-13. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  8. Rob Bagchi (2019-05-01). „Why Barcelona's Arthur is a Xavi in Andres Iniesta's clothing“ (англиски). The Telegraph. Архивирано од изворникот на 1 мај 2019. Посетено на 2019-10-13.
  9. „The new Xavi? Arthur sets a six year LaLiga record“. FourFourTwo. 7 October 2018. Посетено на 8 October 2018.[мртва врска]
  10. „Cheio de moral, volante é capitão e ressurge no Sub-20 Grêmio | JB Filho Repórter“. Посетено на 2017-06-28.[мртва врска]
  11. „Arthur - Volante“ (португалски). 2012-08-15. Посетено на 2017-06-28. Занемарен непознатиот параметар |último= (help)
  12. „Arthur quer ganhar Felipão nos treinos e promete: "Dedicação não faltará" (португалски). globoesporte.com.
  13. „Ao vivo: Aimoré x Grêmio - Campeonato Gaúcho | globoesporte.com | tempo news“. globoesporte.com. Занемарен непознатиот параметар |access-data= (help)
  14. Gremio-Botafogo 0-1 Архивирано на 4 декември 2017. transfermarkt.it
  15. „Rei da Copa: Grêmio segura o Galo e é pentacampeão da Copa do Brasil“. globoesporte.com.
  16. „Guaraní-PAR x Grêmio - Taça Libertadores 2017-2017 - globoesporte.com“ (португалски). globoesporte.com. Занемарен непознатиот параметар |access-data= (help)
  17. Sport (2017-11-30). „Arthur se doctora ante Robert Fernández“. sport (шпански). Посетено на 2018-09-03.
  18. „Barça and Gremio reach agreement on option for Arthur transfer“. FC Barcelona. 11 March 2018. Посетено на 11 March 2018.
  19. „Agreement for the transfer of Arthur“. FC Barcelona. 9 July 2018. Посетено на 9 July 2018.
  20. „FC Barcelona win 13th Spanish Super Cup“. FC Barcelona.
  21. Sport (2019-08-31). „Arthur Melo scores his first-ever Barcelona goal in draw with Osasuna“. sport (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-09-02. Посетено на 2019-09-02.
  22. „Arthur Melo to be released early?“ (англиски). juvefc.com. 16 август 2020. Посетено на 10 септември 2020.
  23. "Bartomeu:Nedostatok poštovanja prema saigračima i klubu" (српски). ju1897.net. 3 август 2020. Посетено на 10 септември 2020.
  24. „Agreement with Juventus for the transfer of Arthur“ (англиски). 29 јуни 2020. Посетено на 29 јуни 2020.
  25. „UFFICIALE | ARTHUR E PJANIC, GLI ACCORDI CON IL BARCELLONA“ (италијански). Посетено на 2020-06-29.
  26. „AS Roma vs. Juventus - Football Match Report“. ESPN.com. 27 September 2020. Посетено на 27 September 2020.
  27. „SUPERJUVE!“. 20 јануари 2021.
  28. Paolo Tomaselli (24 gennaio 2021). „Juventus-Bologna 2-0: Arthur e McKennie rilanciano i bianconeri. Milan a meno 7“. Посетено на 24 јануари 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  29. „Liverpool complete signing of Arthur Melo on loan“. Liverpool Football Club. 1 September 2022. Посетено на 1 September 2022.
  30. „Volante Arthur é convocado para a Seleção Brasileira Sub-17“. Portal Oficial do Grêmio. февруари 2013. Архивирано од изворникот на 14 септември 2017. Посетено на 13 септември 2017.
  31. „Lista de 35 de Tite para a Copa tem três novatos: Dedé, Maicon e Paquetá“ [Tite's 35-man list for the Cup has three new players: Dedé, Maicon and Paquetá]. Globo Esporte (португалски). 25 May 2018. Посетено на 9 July 2018.
  32. „Philippe Coutinho on target as Arthur makes first start“. Barca Blaugranes. 12 September 2018. Посетено на 13 October 2018.[мртва врска]
  33. „Barcelona: Tite: Arthur always finds the best escape, the best pass out“. Marca. 8 September 2018. Посетено на 9 September 2018.[мртва врска]
  34. „Brazil name Copa America squad“. Football Italia. 17 May 2019. Посетено на 21 May 2019.
  35. Smyth, Rob (7 July 2019). „Brazil 3-1 Peru“. The Guardian. Посетено на 8 July 2019.

Надворешни врски

уреди