Македонска академија на науките и уметностите
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Живко Попов.[2]
Зградата на академијата во Скопје | |
Кратенка | МАНУ |
---|---|
Основана | 23 февруари 1967 |
Цел | Да го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите[1] |
Седиште | Скопје, Македонија |
Координати | 41°59′47″N 21°26′30″E / 41.99639° СГШ; 21.44167° ИГД |
Членство | 37 академици, придружни, почесни и дописни членови |
Службени јазици | македонски |
Претседател | Живко Попов |
Секретар | Блажо Боев |
Потпретседател | Алајдин Абази |
Припадност | ALLEA, UAI, IAP, ICSU |
Мреж. место | manu.edu.mk |
Членство
уредиЧленовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 35 се со статус на членови од работниот состав, а 60 се со статус на членови надвор од работниот состав.
Научни одделенија
уредиВо рамките на МАНУ функционираат шест одделенија:
Истражувачки центри
уредиМакедонската Академија има и осум истражувачки центри:
- Центар за енергетика и одржлив развој
- Центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“
- Лексикографски центар
- Центар за стратегиски истражувања
- Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“
- Истражувачки центар за културно наследство
- Истражувачки центар за компјутерски науки и информатички технологии
- Истражувачки центар за животна средина и материјали
Претседатели на МАНУ
уреди- Блаже Конески (1967 - 1975)
- Михајло Апостолски (1976 - 1983)
- Јордан Поп Јорданов (1984 - 1991)
- Ксенте Богоев (1992 - 1999)
- Ѓорѓи Евремов (2000 - јуни 2001)
- Матеја Матевски (јули 2001 - 2004)
- Цветан Грозданов (јануари 2004 - 2008)
- Георги Старделов (2008 - ноември 2011)
- Владо Камбовски (1 декември 2011 - 2015)
- Таки Фити (1 јануари 2016 - 31 декември 2019)
- Љупчо Коцарев (1 јануари 2020 - 27 ноември 2023)
- Живко Попов (27 ноември 2023 - )
Меѓународна соработка
уредиМакедонската академија на науките и уметностите има воспоставено соработка со поголем број академии во светот: Австриската академија на науките, Академијата за општествени науки на Австралија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Академијата на науките и уметностите на Република Српска, Албанската академија на науките, Британската академија, Бугарската академија на науките, Друштвото на науките од Берлин „Лајбниц”, Естонската академија на науките, Европската академија на науките и уметностите, Италијанскиот национален научноистражувачки совет, Кинеската академија за општествени науки, Косовската академија на науките и уметностите, Кралската шведска академија за литература, историја и старини, Кралската фламанска академија на науките и уметностите, Кралското научно друштво од Лондон, Националната академијата на науките на Белорусија, Националната академија на науките на Украина, Унгарската академија на науките, Полската академија на науките, Полската академија на науките и уметностите, Романската академија, Руската академија на науките, Словачката академија на науките, Словенечката академија на науките и уметностите, Српската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките, Унгарската академија на науките, Хрватската академија на науките и уметностите, Црногорската академија на науките и уметностите и Чешката академијата на науките.
Склучените договори за меѓуакадемиска научна соработка содржат соработка на заеднички истражувачки проекти, учество на научни собири и уметнички приредби, студиски престои, размена на научни искуства, публикации и други информации.
Македонската академија на науките и уметностите е редовен член на Асоцијацијата на европските академии (ALLEA), Меѓународната унија на академии (UAI), Средоземната академија, Меѓуакадемиско партнерство (IAP), Меѓуакадемискиот совет за наука (ICSU), Меѓуакадемискиот совет за Југоисточна Европа и Конференцијата на академии од дунавскиот регион.
Освен со академиите со кои е воспоставена договорна научна соработка, Македонската академија на науките и уметностите комуницира и разменува мислења и искуства по разни прашања од заеднички интерес и со други странски академии и меѓународни научни организации.[3]
Контроверзи
уредиПокрај големиот број публикации, манифестации и соработки со странство, од МАНУ произлегоа неколку контроверзни проекти, како што се: „МАНУ за платформата за решавање на албанското национално прашање“, „За конструкцијата ‚Размена на територии‘“ и „Македонската енциклопедија“ во два тома.[4] Исто така, за работата на МАНУ се реагираше дека „МАНУ да се ослободи од политички канџи“,[5] немањето став за повеќе прашања од општествен, културен и политички карактер,[6][7] непримањето на помлади членови[5] и менувањето на ставот на претседателот на Академијата во однос на македонското име и идентитет, со изјавата дека договорот со Грција не е добар но дека е нужно зло“.[8][9]
Публикации и изданија
уредиМАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик. Каталагот на изданијата на МАНУ ги опфаќа следниве позначајни наслови:
- Макропроект „Историја на културата во Македонија“ (1995 - 2012), 25 книги: Цивилизациите, Религиите и религиските аспекти во материјалната и духовната култура, Народното творештво, Музиката, Архитектурата, Историја на идеите, Археолошки откритија, Театарот, Фотографијата, Ликовната уметност, Јазиците, Градителството на почвата на Македонија.
- Проект „Економска стратегија на Р Македонија“: Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија: развој и модернизација (1997); Стратегија за извоз на Република Македонија: истражувачки проект (1999); Стратегија за развој на земјоделството во Република Македонија до 2005 година (2001)
- Ѓорѓија Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја (2003). Издание на оригиналниот текст во ракопис на Ѓорѓија Пулевски од 1892 година на 1061 страница, во подготовка на акад. Блаже Ристовски и Билјана Ристовска - Јосифовска
- 100 години Илинден (1903-2003). II тома. (2005)
- Димче Коцо. Археолошка карта на Република Македонија. III томови. (1994-2002)
- Ѓорѓи Филиповски, Почвите на Република Македонија. VI томови. (1995-2004)
- Кирил Мицевски, Владо Матевски. Флора на Република Македонија. II тома. (1985 - 2010)
- Монетите и монетоковниците во Македонија (2001)
- Интересите на Република Македонија за членство во НАТО (2007)
- Цветан Грозданов, Живописот на Охридската архиепископија, студии (2007)
- Цветан Грозданов, Живописот во Македонија: XVIII-XIX, студии (2011)
- Славко Јаневски, И петто годишно време (2001)
- Славко Јаневски, Измислена тврдина (2002)
- Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 1: Галерија Универзум (2005)
- Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 2: Разговори со Јаневски (2007)[10]
Галерија
уреди-
Големата конференциска сала во МАНУ
-
Вајарска градина, со подарени дела од акад. Томе Серафимоски
-
Лабораторијата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ
-
Читалната во библиотеката на МАНУ
-
Магацинскиот оддел на библиотеката на МАНУ
-
Лабораторијата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ
-
Збирка на рудите од Македонија во МАНУ
-
Магацинскиот оддел на библиотеката на МАНУ
-
Службениот дел на библиотеката на МАНУ
-
Малата конференциска сала во МАНУ
Наводи
уреди- ↑ МАНУ - „Академик“
- ↑ „претседател на МАНУ“. МАНУ. 1 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-23. Посетено на 1 јануари 2016.
- ↑ Летопис на Македонската академија на науките и уметностите 2014. Скопје: МАНУ. 2015. стр. 243–250.
- ↑ „Светлини и сенки – МАНУ“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 2019-01-08.
- ↑ 5,0 5,1 „МАНУ да се ослободи од политички канџи“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2019-01-08.
- ↑ „Сведоштво за молкот на УКИМ и МАНУ“. Либертас (англиски). 2016-05-06. Архивирано од изворникот на 2016-07-10. Посетено на 2019-01-08.
- ↑ „Господине Камбовски, како да сте од друга планета!“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 2019-01-08.
- ↑ „Бунт во МАНУ, академици бараат состанок за името, Таки Фити и Камбовски ги игнорираат“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2018-07-05. Посетено на 2019-01-08.
- ↑ „Бунт во МАНУ, академици бараат состанок за името, Таки Фити и Камбовски ги игнорираат“. Vesnik.com. Посетено на 2019-01-08.[мртва врска]
- ↑ „Библиографија на делата на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми, Скопје: Темплум, 2014, стр. 133-136.