Зоран Ѓинѓиќ (српски: Зоран Ђинђић) (Шамац, 1 август 1952Белград, 12 март 2003) — српски политичар, Премиер на Србија од 2001 година до неговиот атентат во 2003 година, Градоначалник на Белград во 1997 година и долгогодишен опозициски политичар и доктор по филозофија.

Зоран Ѓинѓиќ
PhD
Зоран Ѓинѓиќ
6-ти Премиер на Србија
На должноста
25 јануари 2001 – 12 март 2003
Претседател Милан Милутиновиќ
Наташа Миќиќ (во служба)
Претходник Миломир Миниќ
Наследник Зоран Живковиќ
67-ми Градоначалник на Белград
На должноста
21 февруари 1997 – 30 септември 1997
Претходник Небојша Човиќ
Наследник Воислав Михајловиќ
Лични податоци
Роден(а) 1 август 1952(1952-08-01)
Босански Шамац, НР Босна и Херцеговина, Југославија
Починал(а) 12 март 2003(2003-03-12) (возр. 50)
Белград, Србија и Црна Гора
Националност Србин
Партија Демократска партија на Србија
Сопружник Ружица Ѓинѓиќ (в. 1990–2003)
Деца Јована
Лука
Установа Белградски универзитет
Констанц
Потпис

Ѓинѓиќ бил еден од првите тринаесет реставратори на современата Демократска партија на Србија, станувајќи нејзин претседател во 1994 година. Во текот на 1990-тите, тој бил еден од ко-водачите на опозицијата на власта на Слободан Милошевиќ и станал Премиер на Србија во 2001 година по соборувањето на Милошевиќ. Како премиер, тој се залагал за продемократски реформи и интеграција на Србија во европските структури. Тој бил убиен во 2003 година од страна на Ѕвездан Јовановиќ, поранешен специјален оперативец со врски со српската мафија.

Рани години уреди

Ѓинѓиќ е роден во Босански Шамац, СР Босна и Херцеговина, каде што неговиот татко бил стациониран како офицер на Југословенската народна армија (ЈНА). Неговата мајка Мила Душаниќ, домаќинка, го гледала него и неговата постара сестра Гордана. Семејството се преселувало според работата на неговиот татко. Десет години од детството, Зоран ги поминал во градот Травник, во централна Босна[1]. На крајот, семејството се преселило во Белград, откако неговата мајка добила работа таму. Ѓинѓиќ учел во Деветтата белградска гимназија, потоа се запишал на Филозофскиот факултет при Белградскиот универзитет, дипломирајќи во 1974 година. За време на универзитетските денови тој развил интерес за политиката. Откако бил осуден од страна на комунистичките власти за неговата улога во обидот да се организира независно политичко движење на југословенските студенти, Ѓинѓиќ емигрирал во Западна Германија[2] благодарение на интервенцијата на поранешниот германски канцелар Вили Брант, кој ги убедил властите да дозволат Ѓинѓиќ да дојде во Германија наместо да ја издржи својата казна во Југославија. Тој продолжил со студиите во Франкфурт.

Во Германија, Ѓинѓиќ станал доктор по филозофијата на Универзитетот во Констанц во 1979 година. Подоцна, додека служел како српски премиер, тој исто така го совладал англискиот јазик, освен германскиот кој го научил додека студирал.

Политичка кариера уреди

Во 1989 година, Ѓинѓиќ се вратил во Југославија и работел како професор на Универзитетот во Нови Сад, а на 11 декември 1989 заедно со другите српски интелектуалци и продемократски активисти ја основал либералната Демократска партија на Србија (ДС) врз основа на сличната партија што постоела во Кралство Југославија. Тој станал претседател на Извршниот одбор на партијата во 1990 година и бил избран во парламентот на Србија истата година. Во јануари 1994 година го замени Драгољуб Миќуновиќ на функцијата претседател на Демократската партија[3].

По масовната низа јавни протести поради изборната измама што ја извршила централната власт на чело со Слободан Милошевиќ во текот на зимата 1996-1997, Ѓинѓиќ станал Градоначалник на Белград, првиот посткомунистички градоначалник што ја држел таа функција по Втората светска војна. Обединети само поради нивниот политички непријател, коалицијата со СПО на Вук Драшковиќ и ГСС на Весна Пешиќ, коалицијата се распаднала по само четири месеци од нивната победа.

Ѓинѓиќ и неговата партија ги бојкотирале Српските претседателски и Парламентарни избори во 1997 година, заедно со т.н. „демократски блок“ на чело со Демократската партија на Србија на Воислав Коштуница. Ова предизвикало социјалистите и радикалите да освојат поголемиот дел од пратеничките места, оставајќи го третиот најголем дел од СПО на Вук Драшковиќ. Бојкот помогнал вториот круг на избори да нема минимум бидејќи српскиот закон во тоа време имал максимум од 50% одѕивност за успешни избори.

Во тој случај, Воислав Шешељ победил во вториот круг против Зоран Лилиќ од социјалистите. Кога биле повторени изборите, Шешељ загубил од Милан Милутиновиќ од социјалистите. Поради тоа, Шешељ изјавил дека се случила изборна измама и започнал протести против владата. Сепак, тој се предомислил кога започнала кризата во Косово на почетокот од 1998 година, а неговите радикали се приклучиле на владата како коалициски партнер. Кога Вук Драшковиќ се приклучил на Југословенската влада на почетокот на 1999 година, го оставил Ѓинѓиќ како главен српски опозициски водач откако започнала војната на НАТО против Југославија.

Откако поранешниот таен полицаец, издавач и новинар Славко Чурувија бил убиен на Велигден при бомбардирањето на НАТО на Југославија, Ѓинѓиќ побегнал во привремен егзил во Црна Гора, наводно, бидејќи бил следен на списокот за атентати на тогашниот претседател Слободан Милошевиќ.

Во септември 1999 година Ѓинѓиќ бил именуван од списанието „Тајмс“ како еден од најважните политичари на почетокот на 21 век. По неговото враќање во земјата во јули 1999 година, Ѓинѓиќ бил обвинет за загрозување на државната безбедност во судскиот процес што бил затворен за јавноста, а потоа се открило дека истиот процес бил лажиран.

Во следниот период започнале серија мистериозни атентати, вклучувајќи го и убиството на југословенскиот министер за одбрана, Павле Булатовиќ на 7 февруари 2000 година во ресторан. Во април, претседателот на ЈАТ Жика Петровиќ бил застрелан. Кон крајот на август исчезнал претседателот на поранешна Југославија Иван Стамболиќ, кој бил убиен на планината Фрушка Гора од страна на припадници на Српската единица за специјални операции. Ѓинѓиќ и неговите сојузници отворено го обвиниле Милошевиќ за овие настани, тврдејќи дека тој или ги наредил или не бил во можност да ја задржи контролата и затоа треба да се повлече.

Ѓинѓиќ имал голема улога на претседателските избори во Сојузна Република Југославија во септември 2000 година и во соборувањето на Милошевиќ на 5 октомври. Ѓинѓиќ ја предводел коалицијата од 19 партии за неговата победа на српските избори во декември 2000 година. Тој станал премиер на Србија на 25 јануари 2001 година. Во 2001 година Ѓинѓиќ имал клучна улога во испраќањето на Милошевиќ во Хашкиот трибунал во Хаг.[4] Подоцна, Ѓинѓиќ рекол дека останал разочаран од долготрајното судење на Милошевиќ, квалификувајќи го како „циркус“. Ѓинѓиќ изјавил дека судот во Хаг „му дозволил на Милошевиќ да се однесува како демагог и да го контролира судењето“.

Во август 2001 година, по состанокот со кабинетот на Коштуница, поранешниот српски државен службеник за безбедност Момир Гавриловиќ бил убиен. Коштуница тврдел дека Гавриловиќ го информирал неговиот кабинет за поврзаноста на некои членови на српската влада со организираниот криминал. Ова го предизвикало Коштуница и неговите 45 пратеници на ДСС да се повлечат од ДОС и владата. Ѓинѓиќ се обидел да ги истера членовите на ДСС од парламентот, мислејќи на постоењето на императивниот мандат кој ги става сите пратеници под контрола на партијата избрана во парламентот. Во меѓувреме, Коштуница и неговата партија отворено го обвиниле Ѓинѓиќ за вмешаност во организиран криминал[5].

 
Ѓинѓиќ и шведската министерка за надворешни работи, Ана Линд. Линд била убиена во Стокхолм шест месеци по атентатот на Ѓинѓиќ.

Ѓинѓиќ бил добро прифатен од западните земји. Неговите состаноци со западните водачи Џорџ В. Буш, Тони Блер, Жак Ширак и други силно укажувале дека Западот ја поддржува неговата политика. Ѓинѓиќ имал постојани несогласувања со неговиот поранешен коалициски партнер и тогашниот југословенски сојузен претседател Воислав Коштуница, кој бил негов најголем политички соперник во самата Србија. Неговите претходни блиски односи со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, исто така, се заладиле поради сепаратистичките аспирации на Ѓукановиќ за независна Црна Гора.

Зоран Ѓинѓиќ, исто така, ги зголемил економските реформи. Таквите реформи вклучувале либерализација на цените и намалување на понудата на пари со цел да се постигне макроекономска стабилност. Мала приватизација, исто така, се случи во врска со банкарските средства и финансискиот сектор. И на крај, владата на Србија ги отстранила големиот број на трговски бариери со цел конечно да се интегрира земјата во Европската унија. Раните економски реформи под владата на Коштуница-Ѓинѓиќ се одржувале и по неговиот атентат што й овозможи на економијата значително да се зголеми пред светската економска криза од 2008 година. Сепак, невработеноста и натаму останала многу висока, а темпото и количината на реформите не ја вратиле Србија на истиот животен стандард пред 1990 година.

Атентат уреди

Според извештајот на Ројтерс на 18 март 2003 година, според Карла дел Понте, Ѓинѓиќ го предвидел својот атентат за 17 февруари, само неколку недели пред тој да се случи. И покрај обвинувањата на Коштуница дека Ѓинѓиќ е близок со организираниот криминал, вториот секогаш инсистирал на тоа дека тој е решен да ја исчисти Србија и го основал „Специјалниот трибунал“ за таа цел. Дел од водачите на организираниот криминал, кои биле испреплетени со елементи на српската тајна полиција, останале лојални на соборениот Милошевиќ.

Според наредбите на Милорад Улемек Легија, поранешниот командант на единицата за специјални операции на југословенската тајна полиција, Ѓинѓиќ бил убиен од војник на Улемек, Ѕвездан Јовановиќ, во Белград на 12 март 2003 година. Јовановиќ го застрелал од зградата спроти зградата на главната српска влада во 12:23, погодувајќи го еднаш во градите. Куршумот го погодило неговото срце и го убило речиси веднаш[6].

Ѓинѓиќ бил однесен во болница каде му била констатирана смрт. Улемек бил обвинет како главен организатор на злосторството. Тој бил еден од водечките лица во Земунскиот Клан, водечка организација за организиран криминал во Србија. Подоцна тој бил обвинет и осуден за вмешаност во некои мистериозни атентати и обиди за атентати кои ја обележале Југославија во месеците пред да дојде на власт Ѓинѓиќ. Наташа Мичиќ, тогашниот вршител на должноста претседател на Србија, веднаш прогласила вонредна состојба. Зоран Живковиќ бил избран од Српската демократска партија како наследник на Ѓинѓиќ.

На 23 мај 2007 година, дванаесет луѓе биле осудени за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ[7]. Меѓу осудените обвинети биле Улемек, кој во четирите години пред убиството на Ѓинѓиќ патувал за Швајцарија, Австрија, Македонија, Грција, Сингапур и Хрватска, користејќи лажен пасош. Улемек, заедно со Ѕвездан Јовановиќ, бил обвинет дека бил водач на заговорот за атентатот извршен на 12 март 2003 година, кога Ѓинѓиќ бил фатално застрелан.

Наводи уреди

  1. „time 05:37, Djindjic on ''Charlie Rose'', 23 September 2002“. Charlierose.com. 23 септември 2002. Архивирано од изворникот на 25 ноември 2011. Посетено на 17 ноември 2011.
  2. „Biography of Dr. Zoran Djindjic 1952-2003“. Zorandjindjic.org. Посетено на 17 November 2011.
  3. Democratic Party official site: Dr Zoran Đinđić (1952-2003) Архивирано на 15 јуни 2009 г. (српски)
  4. Obituary: Zoran Djindjic profile, bbc.co.uk; accessed 22 August 2016.
  5. Antiwar.com: GO FOR IT, KOSTUNICA! Архивирано на 21 октомври 2016 г.
  6. „Serb police kill Đinđić suspects“. BBC News. 28 March 2003. Посетено на 17 November 2011.
  7. Subjects of INTERPOL Red Notices convicted of Serbian Prime Minister’s murder

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Политички функции
Претходник
Миломир Миниќ
Премиер на Србија
2001–2003
Наследник
Зоран Живковиќ
Претходник
Небојша Човиќ
Градоначалник на Белград
1997
Наследник
Воислав Михајловиќ
Партиски функции
Претходник
Драгољуб Мичуновиќ
Претседател на Демократска партија на Србија
1994–2003
Наследник
Борис Тадиќ