Бангладеш (бенгалски: বাংলাদেশ); офиц. Народна Република Бангладеш গণপ্রজাতন্ত্রী বাংলাদেশ) — држава во Јужна Азија која излегува на Бенгалскиот Залив и го зазема осмото место по населеност во светот. Главен и најголем град е Дака, а најголемо пристаниште и второ место по големина е Читагонг.

People's Republic of Bangladesh
  • গণপ্রজাতন্ত্রী বাংলাদেশ (јазик?)
Знаме Грб
ХимнаАмар сонар Бангла (јазик?)
„Мојот златен Бенгал“


Марш: „Нотунер гаан“
„Песна на младоста“[1]

  • Амблем на Владата на Бангладеш

  • Амблем на Владата на Бангладеш
Главен град
(и најголем)
Дака
Службен јазик
и национален јазик
бенгалски[2]
Народности 
Демоним Бангладешани
Уредување унитарна парламентарна република
 •  Претседател Абдул Хамид
 •  Премиер Шеик Хасина
 •  Прет. на собранието Ширин Шармин Чаудури
 •  Врховен судија Сурендра Кумар Синха
Законодавство Национално собрание
 •  Поделба на Бенгал и крај на Британскиот раџ 14–15 август 1947 
 •  Независност од Пакистан 26 март 1971 
 •  Признаен 16 декември 1971 
 •  Устав 4 ноември 1972 
 •  Последна територијална придодавка 31 јули 2015 
Површина
 •  Вкупна 147.610[3] км2 (92.)
 •  Вода (%) 6.4
Население
 •  проценка за 2017 г. 163,187,000[4] (8.)
 •  Попис 2011 149,772,364[5] (8.)
 •  Густина 1,106 жит/км2 (10.)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $686.598 billion[6] (33.)
 •  По жител $4,207[6] (139.)
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $248.853 billion[6] (45.)
 •  По жител $1,524[6] (148.)
Џиниев коеф. (2010) 32.1[7]
среден
ИЧР (2016)  0.579[8]
среден · 139.
Валута така () (BDT)
Часовен појас BST (UTC+6)
Датумски формат
  • дд-мм-гггг
  • б.с. দদ-মম-বববব (н.е.−594)
Се вози на лево
НДД .bd
.বাংলা
Страница
bangladesh.gov.bd
Повик. бр. +880

Содржина

Потекло на иметоУреди

ИсторијаУреди

Постара историјаУреди

На подрачјето на денешниот Бангладеш (Бенгал) се одржале будистички кралства до 13 век.

Во 1201 год. Бенгал преминува под власта на делхиските султани, а потоа во земјата преовладувал исламот. Домашните исламски владетели владееле се до 1576 год., кога могулскиот владател Акбар ја приклучил Бенгалија кон Могулското царство. Во почетокот на 18 век државата почнала да пропаѓа, се зголемила моќта на локалните силници, а во средината на 18 век се засилило влијанието на британската Источноиндиска компанија, која по задушувањето на Бенгалското востание во 1757 год. добила монопол над трговијата и собирањето данок.

Колонијален периодУреди

Меѓу 1757 и 1854 год. Бенгал бил цел на британските освојувачи во Индија; подоцна стопанската и политичката цел се префрила во з. Индија. Големото востание против Британците (1857 год.) почнало во Бенгал и било поврзано со се поголемата противречност меѓу муслиманското население и хиндуистичките велепоседници. По задушувањето на востанието во 1858 год., сите територии на Источноиндиската компанија ги презела британската влада и ги здружила во колонијата Британска Индија.

Дел од ПакистанУреди

Во 1906 год. е основана Муслиманската лига, политичка организација на муслиманите во Британска Индија која барала поделба на Индија и основање самостојна муслиманска држава. На 14.8.1947 год. е прогласена Исламска Република Пакистан, составена од два потполна различни делови меѓу кои постоеле многу остри политички спротивности. На парламентарните избори во 1970 год., во И Пакистан победила Лигата Авами под водство на шеикот Муџибур Рахман, која барала поголема автономија за и. дел на Пакистан.

Независен БангладешУреди

На 1.3.1971 год. пакистанскиот претседател Јахја Хан го одложил првото заседание на новиот парламент и во И.Пакистан пратил војска за да ги запре безредијата. Тие за малку можеле да прераснат во граѓанска војна. На 26.3.1971 год. И.Пакистан прогласил независност и се преименувал во Бангладеш. Уште од самиот почеток Индија ги поддржувала бунтовниците и им се придружила во војната против пакистанската војска која се предала на 16.12.1971 год. Со уставните промени во 1975 год. многу се засилила положбата на претседателот на републиката. Претседателот на владата М.Рахман (1972-1975 год.) станал претседател на републиката (1975 год.), ги забранил опозициските партии и вовел еднопартиски систем, но за малку ќе настрадал како жртва на воен преврат. Бласта ја презел генералот Зиа ур Рахман, подоцна претсетадел на републиката (1977-1981 год.) кој паднал како жртва на новиот државен удар, исто како и неговиот наследник Абдус Сатар (1982 год.).По него власта ја презел генералот Хосаин Мохамед Ершад (1983-1990 год.), но морал да отстапи под притисокот на засилената опозиција.

По 1991 год. најважни политички партии се Бангладешката народна партија (БНП) и Лигата Авами, меѓу кои постојат големи спротивности, државата често ја потресуваат демонстрации и штрајкови.

На 1.1.1997 год. во сила стапил договорот со Индија за заедничко користење на водите на Ганг, а на 2.12.1997 год. Владата потпишала мировен договор со верското движење Шанти бахини, кое 24 години се борело за правата на припадниците на будистичката вера.

Административна поделбаУреди

 
Карта на областите во Бангладеш

Бангладеш е поделен на 8 административни области (বিভাগ, „бибаг“). Секоја од нив е наречена по нејзиниот административен центар. Областите понатаму се делат на окрузи (জেলা, „зила“) кои пак се делат на подокрузи (উপজেলা, „упазила“).

Област Седиште Составни единици Површина (км2)[9] Население (2011)[9] Густина (жит./км2) (2011)[9]
Окрузи Подокрузи Обед. совети
Барисал Барисал 6 39 333 13.225,20 8.325.666 613
Дака Дака 13 123 1.248 20.593,74 46.729.000 1.751
Кулна Кулна 10 59 270 22.284,22 15.687.759 699
Мајмансинг Мајмансинг 4 34 350 10.584,06 11.370.000 1.074
Рангпур Рангпур 8 58 536 16.184,99 15.787.758 960
Раџшахи Раџшахи 8 70 558 18.153,08 18.484.858 1.007
Силхет Силхет 4 38 334 12.635,22 9.910.219 779
Читагонг Читагонг 11 101 949 33.908,55 29.145.000 831
Вкупно (8) 64 488 4.550 147.570,00 149.772.364 1.015

Предложени областиУреди

Поради порастот на населението, предложени се уште три области со цел да се олесни обемот административната работа:

  • Комила (কুমিল্লা বিভাগ)
  • Фаридпур (ফরিদপুর বিভাগ)

Географија и климаУреди

 
Топографска карта на Бангладеш

КлимаУреди

Климата е монсунска со високи температури преку целата година и обилни врнежи кои го носи јз.монсун (дождлив период јуни-октомври), во периодот на си. монсуни (ноември-март) има многу малку врнежи. Најмногу врнежи се крајбрежните делови, планините на ЈИ и подножјето на планината Каси-Џаинтија на С(3000-5000 мм), а во другите делови има 1300-2000 мм врнежи. Во почетокот и на крајот на дождливиот монсунски период чести се тропските циклони.

ВодиУреди

Најголеми реки се Ганг(Падма, 2510 км) и Брамапутра (Џамуна, 2840 км). Низводно во Дака се спојуваат во една река Мегна (264 км; од крајот на 18 век). уште во 1770 год. главниот ракавец на реката Ганг била реката Хугли која тече низ Калкута; тогаш Брамапутра течела и од Дака. Бидејќи реките носат голема количина тиња и песок, течат меѓу природни насипи над околната низина и скоро при секоја поплава ги менуваат коритата. Поплавите погодуваат 3\4 од територијата и траат 3-6 месеци ( од јуни до ноември). По 1991 год. по селата почнале да се градат издигнати бетонски засолништа, каде за време на поплавите се засолнува селското население; со тоа прилично се намалува бројот на загинатите.

Државно уредувањеУреди

Според Уставот од 16.12.1972 год., Бангладеш е патрламентарна република. Со уставните промени од 7.8.1991 год. многу се смалени овластувањата на претседателот на републиката - пренесени се на парламентот, а исламот е прогласен за државна религија. Право на глас имаат сите бангладешки државјани на возраст над 18 години.

Парламентот го избира претседателот на републиката секои пет години, а повторно може да биде избран само уште еднаш. Го именува претседателот на републиката, како и претседателот на владата и министрите кои мораат едновремено да добијат и мнозинство гласови од парламентот.

Националното собрание (Џатија сангсад) е еднодомно и има 330 членови; 300 се избираат на општи избори секои пет години, а 30 места се резервирани за жените кои на општите избори ги избираат избраните делегати.

ЕкономијаУреди

 
Дака е комерцијален и финансиски столб на земјата, и најголемиот урбан економски центар во Југоисточна Азија

Независно од стопанскиот пораст во 90-тите години на 20 век, Бангладеш останува една од најсироманшните држави во светот, многу зависна од странска помош. Го погодува непродуктивната и голема државна управа, корупцијата и оптоварениот со мали кредити банкарски систем, но продуктивно е делувањето на невладините организации и посебните установи кои непосередно соработуваат со локалните организации и домашните дарители на помош.

ТуризамУреди

Туризмот е многу скромен (203.000 странски туристи, најмногу од Индија); главни дестинации се Дака и долгите плажи покрај Кокс Базар и Текнафу.

СообраќајУреди

Патен сообраќајУреди

Бангладеш има 207.500 км патишта од кои 10% асфалтирани. На 23.6.1998 год. е отворен 4,8 км долгиот патничко-железнички мост Бангабанду преку Брамапутра со кој за првпат се поврзани з. и и. дел на државата, а во 2004 год. и 6 км долгиот мост преку реката Падме.

Железнички сообраќајУреди

Државата има 2706 км железнички пруги (884 км со растојание меѓу шините од 1676 мм и 1882 км со растојание од 1000мм); сите се изградени уште во колонијалниот период.

Бродски сообраќајУреди

Трговската морнарица има 40 брода со вкупна носивост од 441.000 т. Најголемо морско пристаниште е Читагонг. а помали се Калма и Монгла во делтата. Бангладеш има и 8400 км внатрешни патишта по кои се изведуваат 3\4 на товарниот и патничкиот сообраќај; главни пристаништа се Дака, Чандпур, Навабганџ, Барисал и Кулна.

Воздушен сообраќајУреди

Бангладеш има 8 аеродроми со редовен патнички сообраќај; најголемиот меѓународен аеродром е покрај Дака (Zia international). Национален превозник е "Biman Bangladesh airlines", кој е во државна сопственост.

Население, јазик и религијаУреди

Бројот на населението во Бангладеш во минатото многу брзо се зголемувал (1961 год.: 50,8 мил.; 1988 год.: 101,1 мил.), а во90-тите години на 20 век, со програмите за планирање на семејството, порастот донекаде е забавен (1989 год.: наталитет: 33,2 промили, природен прираст 21,6 промили). Речиси сите жители се Бенгалци (98%), зборуваат индоевропски бенгалски јазик и го пишуваат со посебно бенгалско писмо. Бо планините Читагонг живеат 12 народи сродни на Бурманците:, најмногу се Чакмаи, Мармаи, Трипури и Мрои. Малкуте небенгалски народи живеат на крајниот север( Сантоли,Касиии,Гарои). Постојат големи културни и јазични разлики меѓу муслиманските Бенгалци и тибетско-бурмнаските будистички народи во планините на И, потиснати на маргините на општеството.

Бангладеш е една од најгустонаселените земји во светот; поголемиот дел од населението живее на село и се занимава со земјоделство. Преовладуваат различни видови селски населби по должината на патиштата и на природните насипи покрај реките, каде што сигурноста е малку поголема од годишните поплави. Многу села не се приклучени ниту на патната, ниту на електричната мрежа. Заради големата сиромаштија во провинцијата, се е поинтезивно доселувањето во градовите, особено во Дака (1961 год.: 556.700 жит.; 1991 год.:6,1 мил.). Поголеми градови (2001 год.) се: Дака (5,64 мил., метрополитенскa област, 10,4 мил.), Читагонг (2,20 мил.), Кулна (811.000), Раџхаши (403.000).

РелигијаУреди

Според верската припадност жителите се главно сунитски муслимани (86%), потоа хиндуисти (12%), будисти и христијани.

Вероисповеди вп Бангладеш[10]
Религија Проценти
ислам
  
90.0%
хиндуизам
  
8.5%
будизам
  
0.6%
христијанство
  
0.4%
останати
  
0.5%

Култура во БангладешУреди

Музика во БангладешУреди

Спорт во БангладешУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „NATIONAL SYMBOLS→National march“. Bangladesh Tourism Board. Bangladesh: Ministry of Civil Aviation & Tourism. http://visitbangladesh.gov.bd/about-bangladesh/national-symbol/. 
  2. „Article 3. The state language“. The Constitution of the People's Republic of Bangladesh. Ministry of Law, The People's Republic of Bangladesh. http://bdlaws.minlaw.gov.bd/sections_detail.php?id=367&sections_id=24550. конс. 1 февруари 2017 г. 
  3. http://www.dghs.gov.bd/licts_file/images/Health_Bulletin/HB2012_CH/HB2012_CH1_BD-at-a-glance.pdf
  4. "Bangladesh" IMF Population estimates.
  5. Data Архивирано 4 September 2011 во Wayback Machine..Census – Bangladesh Bureau of Statistics.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Bangladesh“. World Economic Outlook Database. IMF. https://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2017/01/weodata/weorept.aspx?pr.x=52&pr.y=9&sy=2016&ey=2020&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=513&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a=. 
  7. „Gini Index“. World Bank. архивирано од оригиналот на 9 февруари 2015. https://web.archive.org/web/20150209003326/http://data.worldbank.org/indicator/SI.POV.GINI. конс. 2 март 2011 г. 
  8. „Human Development Report 2016“. United Nations Development Programme. 2016. http://hdr.undp.org/sites/default/files/2016_human_development_report.pdf. конс. 6 април 2017 г. 
  9. 9,0 9,1 9,2 „Попис на населението и домовите 2011: Прелиминарен исход“. Статистичка служба на Бангладеш. архивирано од оригиналот на 15 јануари 2013. https://web.archive.org/web/20130115170757/http://www.bbs.gov.bd/WebTestApplication/userfiles/Image/BBS/PHC2011Preliminary%20Result.pdf. конс. 12 јануари 2012 г. 
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име .E0.A6.AC.E0.A6.BE.E0.A6.82.E0.A6.B2.E0.A6.BE.E0.A6.A6.E0.A7.87.E0.A6.B6.E0.A6.95.E0.A7.87_.E0.A6.9C.E0.A6.BE.E0.A6.A8.E0.A7.81.E0.A6.A8.
  • „Државите на светот“ - Младинска књига, Скопје

Надворешни врскиУреди