Партизански батаљон „Мирче Ацев“

Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ (Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ) — прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ.[1] Бил формиран на Славеј Планина на 18 август 1943 година од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот НОПО „Дамјан Груев“, делови од Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, делови од Прилепскиот НОПО „Ѓорче Петров“ и новопристигнати борци од Дебрца.[1][2]

Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“
Формирањето на народноослободителниот баталјон „Мирче Ацев“ на Славеј Планина (1943)
Активна18 август 1943 - 11 ноември 1943
БиткиНОБ

Борбени дејности уреди

 
Борци на партизанскиот баталјон „Мирче Ацев“ во слободното Кичево на 12.9.1943
 
Решение за формирање на првиот баталјон во Втората оперативна зона - “Мирче Ацев”

На почетокот на месец септември 1943 година извршил значаен борбен поход во кој била создадена првата слободна територија во Македонија во Дебрца и ослободен првиот град - Кичево. Почнувајќи со акции од 7 септември 1943 баталјонот извршил напади на италијански карабинерски станици во Охридско, урнал три моста на патот Кичево - Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, на 11 ноември ја запалил жандармериската станица во селото Сливово, а на 12 септември влегол во првиот ослободен град - Кичево, каде учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон.[1]

Во почетокот на октомври 1943, заедно со Првиот косовско-метохиски НО баталјон „Рамиз Садику“ и Вториот кичевски НО баталјон, влегол во состав на Групата баталјони и во периодот од 5 до 9 октомври водел борби кај селата Извор, Кленоец, железничката станица во Подвис, извршил диверзии на патот Ресен - Охрид и се судрил со бугарските гранични сили на планината Баба Сач.[1] Кога главнината на Групата баталјони била вратена во одбрана на слободната територија на Дебрца, околу 70 борци на баталјонот дејствувале на комуникацијата Битола - Ресен.[1] Подоцна заедно со други единици на НОВ и ПОМ, баталјонот водел борби против германско-балистичките сили во Кичевско (5 октомври), со бугарските гранични единици (6 октомври) и на планината Бигла со бугарските единици од ресенскиот гарнизон (24 октомври).[1] Со групата македонски и групата косовски баталјони водел борба со германско-балистичките сили кај Кичево, селото Раштани (1 и 2 ноември) и на планината Буковиќ (6 ноември), по што влегол во составот на каде влегол во составот на Првата македонско-косовска НОУ бригада.[1] Баталјонот бил расформиран на 11 ноември 1943 година, во селото Сливово во Охридско каде влегол во составот на Првата македонска НОУ бригада.[1] По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот - 18 август е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ)[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Младеновски, Симо (2009). „Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур"“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1016–1017. ISBN 978-608-203-024-1.CS1-одржување: користи параметар editors (link)
  2. д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 63–64. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)