Јамајка
Јамајка (англиски: Jamaica) — островска држава на Средна Америка и е дел од островската група Големи Антили. Островот Јамајка е долг 34 и широк околу 80 км. Зафаќа површина од 10.990 км2. Јамајка се наоѓа во Карипското Море, на околу 145 километри јужно од Куба, и 191 км западно од Хиспаниола, островот на кој се наоѓаат државите Хаити и Доминиканска Република. Службен јазик на е англискиот, а главен град на државата е Кингстон.
Јамајка првично станала шпански посед познат како Сантјаго, потоа во 1655 година Јамајка била под англиска управа, а подоцна британска колонија позната како „Јамајка“. Островот се здобил со целосна независност во 1962 година. Со 2,8 милиони жители, таа е третата најнаселена англофонска држава во Америка, после САД и Канада. Кралот Чарлс III останал како монарх на Јамајка.[6]
Потекло на поимот
уредиСтароседелски народ на Јамајка е народот Таинци кој зборува на арауакански јазик и тие го дале името Шаjмака или Xaymaca, што во превод значи „земја на дрво и вода“ или „земја на извори“.[7]
Историја
уредиПраисторија
уредиМесното население Араваци и Таинци, кое е со потекло од Јужна Америка, се населиле на островот помеѓу 4000-та и 1000 година п.н.е.[8] Кога пристигнал Кристофер Колумбо во 1494 година, имало преку 200 села каде што владееле caciques (шефови на селата). Јужниот брег на Јамајка бил најнаселениот, посебно околу пределот денес познат како „Олд Харбор“.[8] Кога Англија преземала контрола врз островот, народот Таинци сè уште ја населувале Јамајка. The Jamaican National Heritage Trust, се обидуваат да лоцираат и документираат никаков доказ за староседелските народи.[9]
Шпанска власт (1509–1655)
уредиКристофер Колумбо ја прогласил Јамајка како шпанска колнија, по пристигнувањето во 1494 година, и најверојатно тој пристигнал во регионот „Олд Харбор“, денес наречен „Дискавери Беј“.[10] Денес има дебата за тоа дали се приземјил во „Заливот Св. Ен“ или на „Дискавери Беј“. Заливот Св. Ен е местото каде што бродот „Света Глорија“ на Колумбо, најпрвин ја здогледал Јамајка. Една милја западно од заливот Сент Ен е местото на првата шпанска населба на островот, Севиља ла Нуева, која била напуштена околу 1524 година поради тоа што била прогласена за нездрава.[11] Главниот град бил преместен во Спениш Таун, тогаш наречен „Вила де ла Вега“, околу 1534 година и се наоѓа во денешна Сент Кетрин.[12]
Британска власт (1655–1962)
уредиОд сите британски колонии на Карибите, Спениш Таун ја има најстарата катедрала.[12] Шпанците биле насилно протерани од страна на Англичаните на Очо Риосво Сент Ен. Во 1655 Англичаните, под водство на Вилијам Пен и генералот Роберт Венаблс, ја зазеле и последната шпанска тврдина во Јамајка.[13] Името на Монтего Беј, главниот град на парохијата на Сент Џејмс, е изведено од шпанското име manteca bahíааили „заливот на салото“ поради големата употреба на диви свињи во индустријата за произведување на маст (сало).[14]
Во 1660 година, населението на Јамајка е околу 4.500 белци и околу 1,500 црнци а во почетокот на 1670-тите години,[15] црнците го формираат мнозинство од населението.[16]
Кога Англичаните ја окупирале Јамајка во 1655 година, шпанските колонисти избегале после ослободувањето на нивните робови. Робовите избегале во планините, приклучувајќи се кон оние што претходно избегале од Шпанците, за да живеат со народот Таинци. Овие робови во бегство, кои станале познати како „јамајски бегалци“, се бореле против Британците во текот на XVIII век. Тоа име денес сè уште се користи за нивните современи наследници. За време на долгогодишното ропство, бегалците формирале слободни заедници во планинската внатрешноста на Јамајка, и таму ја одржувале нивната слобода и независност со генерации.
Во текот на првите 200 години под британско владеење, Јамајка станала една од светските водечки извозници на шеќер, произведувајќи повеќе од 77.000 тони шеќер годишно меѓу 1820 и 1824 година. По укинувањето на трговијата со робови (но не и ропството само по себе) во 1807 година [17] , Британците увеле индиски и кинески работници како вработени чираци, за да се дополни работната сила. Потомците на вработените чираци од индиско и кинеско потекло продолжиле да живеат во Јамајка и денес.
До почетокот на XIX век, големото ослонување на ропството во Јамајка, резултирало со надминување на бројот на белците од страна на црнците во сооднос од речиси 20 спрема 1. Иако Англија го забрани увозот на робови, некои сè уште се шверцувале во колониите. Британската влада изготвила закони држејќи го под строга контрола укинувањето на ропството, но тие исто така вклучиле и инструкции за подобрување на начинот на животот на робовите. Во овие инструкции се вклучени забрана на употребата на жита од областа, забрана за камшикување на жените, известување дека на робовите им е дозволено верско образование, услов да им се даде на робовите дополнителен слободен ден во текот на неделата, кога тие би можеле да го продаваат своето производство, како и забрана на неделните пазари.
Во Јамајка овие мерки биле попречувани од страна на Домот на народното собрание. Собранието тврдело дека робовите биле задоволни и се противело на мешањето на парламентот во островските работи, иако многу сопственици на робови стравувале за можни револти. По серија буни и менување на ставовите во Велика Британија, нацијата формално го укинала ропството во 1834 година, со целосно ослободување од робовладетелство, прогласено во 1838 година. Во 1834 година населението изнесува 371.070 од кои 15.000 белци, 5.000 слободни црнци, 40.000 „обоени“ или со мешани раси и 311.070 робови.
Британците основале определен број на ботанички градини. Тука спаѓале и градината Кеслтон, формирана во 1862 година, да ја замени градината Бат (создадена во 1779) која била предмет на навали. Градината Бат била местото за садење овошје донесено во Јамајка од Тихиот Океан од страна на Капетанот Вилијам Блај. Други градини биле плантажата Чинчона основана во 1868 година и градината Хоуп основана во 1874 година. Во 1872 година, Кингстон станал главен град на островот.
Во 1945 година, Сер Хорас Хектор Херн станал главен судија и чувар на протоколот во Јамајка. Тој застанал на чело на Врховниот суд во Кингстон, во периодот меѓу 1945 и 1950/1951. Потоа се пресели во Кенија, каде што бил назначен за главен судија.
Независност (1962)
уредиЈамајка полека добила зголемување на независноста од Велика Британија и во 1958 година Јамајка станува провинција во Западноиндиската Федерација. Јамајка стекнала целосна независност со напуштање на федерацијата во 1962 година.
Силен економски раст, во просек околу 6% на годишно ниво, ги одбележала првите десет години од независноста за време на конзервативните влади кои биле предводени од премиерите Александар Бустаманте, Доналд Сангстер и Хју Ширер. Растот бил поттикнат од силните инвестиции во боксит и алуминиум, туризам, индустриско производство и во помала мера земјоделскиот сектор.
Оптимизмот на првата декада бил придружен со растечко чувство на нееднаквост, и чувство дека придобивките од растот не биле искусени од страна на сиромашните во урбаните краеви. Ова, во комбинација со ефектите од забавувањето на глобалната економија во 1970 година, го поттикнал електоратот да ја промени власта, избирајќи ја ННП (Народна национална партија) во 1972 година. И покрај напорите за создавање на социјално-правична политика во образованието и здравството, Јамајка продолжила да заостанува економски, со својот бруто-национален производ паднат во 1980 година до некои 25% под нивото од 1972 година. Зголемувањето на странските и локалните долгови, придружувани со големи фискални дефицити, резултирало со покана од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансирање од страна на САД и другите, и наметнување на ММФ мерки за штедење (со поголема од 25% каматна стапка на годишно ниво ).
Економското влошување продолжило и во средината на 1980-тите, влошено од голем број фактори; првиот и третиот по големина производител на алуминиум, Алпарт и Алкоа, се затвориле, и тука имло значително намалување на производството од страна на вториот по големина производител, Алкан. Понатаму и туризмот се намалил и јамајските рудници Рејнолдс се откажале од индустријата на Јамајка.
Политика
уредиЈамајка е парламентарна демократска и уставна монархија, каде монархот е застапен од генералниот гувернер.[18] Шефот на државата е кралот Чарлс III, кој официјално ја користи титулата „Монарх на Јамајка“, кога ја посетува земјата или врши должности во корист на Јамајка.[19] Генералниот гувернер е номиниран од страна на премиерот и целиот кабинет и истиот е назначен од монархот. Сите членови на Кабинетот се назначуваат од страна на генералниот гувернер по совет на премиерот. Монархот и генералниот гувернер имаат главно церемонијални улоги, настрана од нивната силна резервна моќ, да го разрешат премиерот или парламентот.
Сегашниот устав на Јамајка е направен во 1962 година од страна на двопартиски заеднички комитет од законодавната власт на Јамајка. Уставот стапува во сила заедно со јамајскиот договор за независност во 1962 од законодавното тело на Обединетото Кралство, кога и била дадена политичка независност на Јамајка.
Законодавното тело на Јамајка е дводомно и се состои од Собрание (долен дом) и Сенат (горен дом). Членовите на собранието (познати и како членови на парламентот или пратеници), се избираат директно, и членот на Претставничкиот дом, кој, по проценка на генералниот гувернер, најдобро може да командува со довербата на мнозинството од членовите на таа куќа, е назначен да биде премиер, од страна на генералниот гувернер.Сенаторите се номинирани заеднички од страна на премиерот и парламентарниот водач на опозицијата и потоа се назначени од страна на генералниот гувернер.
Во февруари 2006 година, Портија Симпсон-Милер била избрана од страна на делегатите на владејачката Народна национална партија (ННП) за замена на П.Ј. Петерсон, како претседател на партијата. На крајот на март 2006 година, кога Петерсон ја напуштил канцеларијата, Симпсон-Милер станала прва жена премиер на Јамајка. Поранешниот премиер Петерсон бил на таа функција од оставката на Мајкл Менли во 1992 година. Петерсон бил реизбран трипати, последен пат во 2002 година.
На 3 септември 2007 година, Брус Голдинг од Работничката партија на Јамајка, бил избран за премиер со стекнување 33 места во негова корист и -27 места во корист на Портиа Симпсон-Милер и ННП на општите избори на Јамајка во 2007 година. Портиа Симпсон- Милер признала пораз на 5 септември 2007 година. На 11 септември 2007 година, откако бил инаугуриран од Генералниот гувернер Кенет Хал, Х. Брус Голдинг ја презел функцијата како премиер на Јамајка.
Јамајка има традиционално двопартиски систем, со моќ често да балансира помеѓу Народната Национална Партија и Работничката Партија на Јамајка (РПЈ). Во текот на изминатата деценија, се појавила нова политичка партија наречена Народно Демократско Движење (НДД), во обид да се спротивстави на двопартискиот систем, иако тоа станало во голема мера нерелевантно во овој систем, со добивање на само 540 гласови од над 800.000 гласови на изборите во септември .
Административна поделба
уредиЈамајка е поделена на 14 парохии, кои се групирани во три историски окрузи, кои немаат административни цели.
Корнвол | Главен град | км2 | Мидлсекс | Главен град | км2 | Сури | Главен град | км2 | |||
1 | Хановер | Лусиа | 450 | 6 | Кларендон | Меј Пен | 1,196 | 11 | Кингстон | Кингстон | 25 |
2 | Сент Елизабет | Блек Ривер | 1,212 | 7 | Манчестер | Мандевил | 830 | 12 | Портланд | Порт Антонио | 814 |
3 | Сент Џејмс | Монтего Беј | 595 | 8 | Сент Ен | Сент Енс Беј | 1,213 | 13 | Сент Ендру | Халф Веј Три | 453 |
4 | Трелавни | Фалмаут | 875 | 9 | Сент Кетрин | Спениш Таун | 1,192 | 14 | Сент Томас | Морант Беј | 743 |
5 | Вестморленд | Савана-ла-мар | 807 | 10 | Сент Мери | Порт Марија | 611 |
Војска
уредиОдбранбените сили на Јамајка (ОСЈ) се мали, но тие се професионална воена формација. ОСЈ се засноваат на британскиот воен пример на организација, тренинг, оружје и традиции. Откако се избрани, кандидатите за офицери се праќаат на еден од неколкуте британски или канадски офицерски основни курсеви, зависно од тоа за каква функција се избрани. Обичните војници добиваат основна обука во депото за обука на ОСЈ, Њукасл или кампот во Сент Ендру. Како што е и кај британскиот пример, и подофицерите добиваат неколку нивоа на стручна обука, како што им се подига ранкот. Дополнителни воени училишта се достапни за специјализирани обуки во Канада, САД и Велика Британија.
ОСЈ потекнуваат директно од Британскиот Западно-индиски Пешадиски Полк, формиран за време на колонијалната ера.[20] Западно-индискиот Пешадиски Полк е употребуван од страна на Британската Империја за регулирање на империјата од 1795 до 1926 година. Други единици во наследство на ОСЈ ги вклучува и раната колонијална полиција на Јамајка, Пешадиските волонтери на Првата светска војна на Кингстон и преорганизираните јамајските пешадиски доброволци во Втората светска војна. Пешадискиот полк на Западните Инди е реформиран во 1958 година, како дел од Западноиндиската Федерација, а по распадот на федерацијата е основана ОСЈ.
Одбранбените сили на Јамајка (ОСЈ) се состојат од пешадиски полк и резервен корпус, воздушно крило, крајбрежната стражарска флота и поддршка на инженерска единица.[21] Пешадискиот полк се состои од прв, втор и трет баталјон. Воздушното крило на ОСЈ е поделено на три воздушни единици, единица за тренинг, единица за поддршка и воздушно крило. Крајбрежната стража е поделена на поморски екипи и екипи за поддршка, кои се занимаваат со поморска безбедност и поморско спроведување на законот, како и операции поврзани со одбрана.[22] Улогата на баталјонот за поддршка е да обезбеди поддршка за зајакнување на бројноста во борба и прашањето за компетентност на обуката со цел да се овозможи подготвеност на силата.[23] Првиот инженерски полк е формиран како резултат на зголемената побарувачка за воени инженери и нивната улога е да се обезбедат инженерски услуги кога и каде и да се потребни.[24] Седиштето на ОСЈ се состои од командант на ОСЈ, команда на персоналот, како и Агенција за разузнавање, Судско-адвокатска канцеларија, администрација и оддел за набавки.[25]
Во последните години ОСЈ се повикани на помош на полицијата во земјата, Полицискките сили на Јамајка (ПСЈ), во борбата против шверц со дрога и зголемувањето на стапката на криминалот, која е една од највисоките стапки на убиства во светот. ОСЈ активно ги раководат вооружените патроли заедно со ПСЈ во високо криминалните области и познатите небезбедни населби.
Географија и клима
уредиЈамајка е трет по големина остров на Карибите.[26] Островот е дом на Сините Планини во внатрешноста и е опкружен со тесна крајбрежна рамнина.[27] Поважни градови во Јамајка се главниот град Кингстон, Портмор, Спениш Таун, Мандевил, Очо Риос, Порт Антонио, Негрил, и Монтего Беј.[28] Јамајка е исто така дом на седмото по големина природно пристаниште во светот, Пристаништето Кингстон. Постојат неколку туристички атракции расфрлени низ целата земја, вклучувајќи го водопадот Dunn’s River во Сент Ен, водопадот YS во Сент Елизабет, Блу Лагун во Портланд, и Порт Ројал, кој воедно е и место на земјотресот кој помогнал да се формира Palisadoes (насип на песок) на островот.[29][30][31][32]
Климата во Јамајка е тропска, со топли и влажни временски услови, додека повисоките внатрешни региони се поумерени.[33] Некои региони на јужниот брег, како на пример Низината Лигуанеа и Рамнината Педро, се релативно суви области.[34] Јамајка лежи во ураганскиот појас на Атлантскиот Океан, и поради тоа островот понекогаш искусува значајни штети од бури.[35] Ураганите Чарли и Гилберт директно ја погодиле Јамајка во 1951 и 1988 година, соодветно, предизвикувајќи голема штета и многу смртни случаи. Во 2000-те, ураганите Иван, Дин, и Густав, исто така, донеле тешки временски услови на островот.
Демографија
уреди- Потекло
Според пописот од 2001 година, населението во Јамајка се состои главно од луѓе со африканско потекло и изнесува околу 2,5 милиони. Најчестите етнички групи помеѓу сите Африканци донесени во Јамајка се Аканите и народот Игбо..[36] Исто така, има голема популација од разни раси на Јамајчани, од кои повеќето имаат некое ирско потекло, иако повеќето луѓе од мешаните раси на островот сега самите се нарекуваат едноставно како „Јамајчани“.[37][38][39][40] Јамајчаните од индиско и кинеско потекло, најголемата малцинска група, изнесуваат вкупно 160.000 жители. Либанските, сириските, англиските, шкотските, ирските и германските Јамајчани сочинуваат околу 3,000 - 4,000 луѓе. Во последниве години се зголемува имиграцијата, доаѓајќи претежно од Кина, Хаити, Куба, Колумбија, како и други земји од Латинска Америка. Во последните години во Јамајка живеат околу 20.000 Латино-американци. Исто така во Јамајка живеат и околу 7.000 Американци.[41][42][43]
- Јазик
Службен јазик во Јамајка е англискиот. Јамајчаните првенствено зборуваат англиоафрикански креолски јазик, познат како јамајски креолски јазик, кој станал познат нашироко преку ширење на реге музиката. Јамајскиот креолски е сочинет од африкански и староседелски зборови помешани со англискиот јазик, но и од други влијанија, како што е ирскиот англиски јазик.
- Дијаспора
Многу од Јамајчаните се иселиле во други земји, особено во Обединетото Кралство, САД и во Канада. Во САД, околу 20.000 Јамајчани годишно добиваат дозвола за постојан престој.[44] Големиот број на Јамајчани што живеат во странство станал познат како Јамајска дијаспора. Иселување на Јамајчани има исто така и во Куба.[45] Размерот на емиграцијата е широко распространета и истата е слична со останатите карипски држави, како што се Порторико, Гвајана или Бахамите. Се проценува дека во странство живеат до 2,5 милиони Јамајчани и јамајски потомци.[46] Исто така се проценува дека околу 60% од високо образованите луѓе од Јамајка живеат во странство.[47]
Концентрациите на јамајските иселеници се најголеми во голем број градови во САД, вклучувајќи ги Њујорк, Бафало, Мајами, Атланта, Чикаго, Орландо, Тампа, Вашингтон, Филаделфија, Хартфорд, Провиденс и Лос Анџелес. Јамајчаните во Обединетото Кралство се проценуваат на 800.000, што ги прави најголемата афро-карипска група во земјата. Големи миграции од Јамајка во Велика Британија се случуваат главно во 1950-тите и 1960-тите години (кога земјата била сè уште под британска власт), во денешно време јамајски заедници постојат во повеќето големи градови во Обединетото Кралство.[48] Во Канада, јамајското население е сконцентрирано во Торонто, а има и помали заедници во градовите како Хамилтон, Монтреал, Ванкувер и Отава.
- Криминал
Многу години, Јамајка ја има една од највисоките стапки на убиства во светот, според проценките на ООН.[49][50] Некои области на Јамајка, особено градовите како Кингстон, искусуваат високо ниво на криминал и насилство.[51] Многу Јамајчани се непријателски расположени кон ЛГБТ и интерсексуалците. Пријавени се разни групни напади против хомосексуалците[52][53][54], предизвикувајќи ги групите за човекови права да ја нарекуваат Јамајка „најхомофобично место на земјата“.[55]
- Религија
Христијанството е најраспространетата религија која се практикува во Јамајка. Според пописот од 2001 година, најголемите религиски групи во државата се Божјата Црква на Пророштво (24% од населението), Адвентистичка црква на Седмиот Ден (11%), Пентекостализам(10%), Баптизам(7%), Англиканство (4 %), Римокатолицизам (2%), Обединета Црква (2%), Методистичка црква(2%), Јеховини Сведоци (2%), Моравска црква (1%) и Плимутски браќа (1%).[56] Христијанството стекнало веродостојност откако британски христијански мисионери и баптистички мисионери приклучиле образовани поранешни робови во борбата против ропството.[57]
Според пописот од 2001 година, растафаријанското движење има 24.020 приврзаници. Други религии во Јамајка се бахајската вера, која брои можеби 8.000 припадници, 21, будизам и хиндуизам. Постои мала популација на Евреи, околу 200, кои себеси се опишуваат како либерално-конзервативни.[58] Првите Евреи во Јамајка влечат кон своите корени назад сè до раниот 15 век од Шпанија и Португалија.[59] Муслиманските групи во Јамајка имаат 5.000 приврзаници.
Култура
уредиИако е мала земја, јамајската култура има големо глобално присуство. Музичките жанрови реге, ска, менто, рокстеди, даб, и од неодамна, денсхол и рага, сите се произлезени од различните, популарни градски музички индустрии на островот. Јамајка, исто така, игра важна улога во развојот на панк музиката, преку регето и ска музиката. Реге музиката исто така влијаеше на американската рап музика, бидејќи и двата стила имаат заеднички корени како ритмички африкански стил на музика. Некои рапери, како The Notorious B.I.G. и Heavy D, се од јамајското потекло. Меѓународно познатиот реге музичар Боб Марли е исто така од Јамајка.
Многу други меѓународно познати артисти се родени во Јамајка вклучувајќи ги Мајли Смол, Ли Пери, Питер Тош, Бани Вејлер, Биг Јут, Џими Клиф, Денис Браун, Дезмонд Декер, Берес Хамонд, Бини Мен, Шеги, Грејс Џонс, Шаба Ренкс, Супер Кет, Бују Бантон, Шон Пол, Ај Вејн, Баунти Килер, и многу други. Бендови и музички групи, кои дојшле од Јамајка се Black Uhuru, Third World Bend, Inner Circle, Chalice Reggae Band, Culture, Fab Five и Morgan Heritage. Музичкиот жанр џангл се појавил меѓу јамајската лондонска дијаспора. Поради раѓањето на хип-хоп музиката во Њујорк, Њујорк исто така, и должи многу на јамајската заедница во градот.
Јан Флеминг, кој живеел во Јамајка, постојано го користел островот како локација за романите на Џејмс Бонд, вклучувајќи ги и Live and Let Die, Doctor No, For Your Eyes Only, The Man with the Golden Gun и Octopussy и The Living Daylights. Покрај тоа, Џејмс Бонд користи и јамајското скривалиште во филмот „Казино Ројал“. Досега, единствената филмска адаптација на Џејмс Бонд поставена во Јамајка е Doctor No.
Х. Г. де Лисер, новинар и автор (1878-1944), ја искористел својата родна земја, како локација за многу негови романи. Роден во Фалмаут, Де Лисер на млада возраст работел како новинар за весникот Jamaica Times и во 1920 година започнал со издавање на списанието Planter’s Punch. Еден од неговите подобро познати романи е „Белата вештерка од Розенхал“. Тој бил прогласен за почесен претседател на Јамајската прес служба, и во текот на неговата професионална кариера работел за да ја промовира шеќерната индустрија на Јамајка.
Американскиот филм „Коктел“, во кој играл Том Круз, е еден од попопуларните филмови што ја опишуваат Јамајка. Погледот на младите деликвенти во Јамајка е претставен во музичкиот криминален филм од 1970-тите, „Потешко тие доаѓаат“, во кој игра Џими Клиф како фрустриран (и психопатски) реге музичар, кој паѓа во убиствена криминална треска. Друг популарен филм заснован на Јамајка е комедијата од 1993 година Cool Runnings што е лабаво заснован на вистинска приказна за првиот јамајска санкачка екипа, обидувајќи се да победат на Зимските олимписки игри.
Ерол Флин живеел со неговата трета жена Патрис Вајмор во Порт Антонио во 1950-тите. Тој бил одговорен за развој на туризмот во таа област, популаризирајќи патувања со сплавови од бамбус по реките.[60]
Островот е познат по својот стил на готвење со многу лут сос, што е многу популарен стил на готвење во јамајската кујна. Јамајка е исто така дом и на Red Stripe пивото и јамајското Blue Mountain кафе.
Наводи
уреди- ↑ „World fact Book statistics“. Архивирано од изворникот на 2009-05-06. Посетено на 2008-12-11.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Jamaica“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ „Gini Index“. World Bank. Посетено на 2 March 2011.
- ↑ „Country Comparison: Distribution 0f Family Income – Gini Index“. World Factbook. CIA. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 8 February 2016.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 July 2014.
- ↑ „Jamaica country profile“. BBC News. May 26, 2010. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Taíno Dictionary“ (шпански). The United Confederation of Taíno People. Архивирано од изворникот на 2007-10-16. Посетено на 2007-10-18.
- ↑ 8,0 8,1 „The Taino of Jamaica (Jamaica)“. Jamaicans.com. 2001-04-01. Архивирано од изворникот на 2009-04-16. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ „Jamaican National Heritage Trust“. Web.archive.org. 2007-09-28. Архивирано од изворникот 2007-09-28. Посетено на 2010-06-26.
- ↑ Pickering, Keith A. „A Christopher Columbus Timeline“. Посетено на 30 September 2010.
- ↑ „History of Jamaica“. Jamaica National Heritage Trust. Архивирано од изворникот на 2010-09-26. Посетено на 30 September 2010.
- ↑ 12,0 12,1 „Spanish Town“. Jamaica National Heritage Trust. Архивирано од изворникот на 2010-09-25. Посетено на 30 September 2010.
- ↑ „Jamaica's English History“. Jamaica National Heritage Trust. Архивирано од изворникот на 2010-09-24. Посетено на 30 September 2010.
- ↑ „Town of Montego Bay info“. Mobay.com. 2007-05-07. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ Donovan, J. (1910). Jamaica. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company
- ↑ A failed settler society: marriage and demographic failure in early Jamaica, Journal of Social History, Fall, 1994, by Trevor Burnard
- ↑ The Sugar Revolutions and Slavery, U.S. Library of Congress
- ↑ „The Monarchy Today: Queen and Commonwealth“. Посетено на 2007-06-25.
- ↑ Queen of Jamaica http://www.royal.gov.uk/MonarchAndCommonwealth/Jamaica/Jamaica.aspx
- ↑ „Jamaica Defense Force History“. Jamaica Defense Force. Архивирано од изворникот на 2010-10-25. Посетено на 10 October 2010.
- ↑ „Jamaica Defense Force General Information“. Jamaica Defense Force. Архивирано од изворникот на 2010-10-25. Посетено на 10 October 2010.
- ↑ „JDF Coast Guard Roles“. Jamaica Defense Force. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 10 October 2010.
- ↑ „The Combat Support Battalion (Cbt Sp Bn)“. Jamaica Defense Force. Архивирано од изворникот на 2010-10-08. Посетено на 10 October 2010.
- ↑ „1st Engineering Regiment History“. Jamaica Defense Force. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Headquarters Jamaica Defence Force (HQ JDF)“. Jamaica Defense Force. Архивирано од изворникот на 2010-11-25. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „County Background – Jamaica“ (PDF). Pan American Health Organization. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Geography of Jamaica“. Jamaica Gleaner. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Jamaican Cities“. My Island Jamaica. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Kingston tourist destinations“. Planet Aware. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Jamaican tourist attractions“. Planet Aware. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Port Antonio tourist attractions“. Planet Aware. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Ocho Rios tourist attractions“. Planet Aware. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Jamaica Climate and Weather“. Word Travels. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Climate of Jamaica“. Jamaica Gleaner. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ „Construction and Building in Jamaica“. Projects Abroad. Посетено на 11 October 2010.
- ↑ Richardson, David; Tibbles, Anthony; Schwarz, Suzanne (2007). Liverpool and transatlantic slavery. Liverpool University Press. стр. 141. ISBN 18-463-1066-0.
- ↑ „Pieces of the Past:The Arrival Of The Irish“. Jamaica Gleaner. 2003-12-01. Архивирано од изворникот на 2011-01-01. Посетено на 2010-12-20.
- ↑ Name * (2010-06-23). „How a huge Irish community came to be in Jamaica " Repeating Islands“. Repeatingislands.com. Посетено на 2010-12-20.
- ↑ "How a huge Irish community came to be in Jamaica: How the Irish ended up in the Caribbean Sea in the 1600s", DANIEL O'CARROLL, Irish Central magazine, Wednesday, June 23, 2010
- ↑ „A Short History of the Irish in Jamaica, Part 1 of 3 – The Wild Geese Today“. Thewildgeese.com. Архивирано од изворникот на 2011-01-29. Посетено на 2010-12-20.
- ↑ Joshua Project. „Tajik, Afghani of Afghanistan Ethnic People Profile“. Joshua Project. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ „Special Reports | Brits Abroad“. BBC News. 2006-12-06. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ „The Portuguese of the West Indies“. Freepages.genealogy.rootsweb.ancestry.com. 2001-07-31. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ „United States immigration statistics“. Dhs.gov. 2009-06-23. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ Jamaicans to Cuba. Encarta.msn.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-20. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ Linking the Jamaican Diaspora. Jamaica Observer. June 20, 2004.
- ↑ Global migrants reach 191 million. BBC News. June 7, 2006.
- ↑ „Jamaica: Mapping exercise“ (PDF). London: International Organization for Migration. July 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-11. Посетено на 27 May 2010.
- ↑ „Nationmaster Crime Stats“. Nationmaster.com. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ „Crime, violence and development: trends, costs, and policy options in the Caribbean“ (PDF). United Nations Office on Drugs and Crime. стр. 37. Посетено на 2007-12-26.
- ↑ „North and Central America and Caribbean Jamaica“. Travel advice by country. United Kingdom, Foreign & Commonwealth Office. 2009-03-20. Архивирано од изворникот на 2008-04-09. Посетено на 2009-03-20.
- ↑ Lacey, Marc (2008-02-24). „Attacks Show Easygoing Jamaica Is Dire Place for Gays“. New York Times. Посетено на 2009-03-19.
- ↑ „Jamaica: Shield Gays from Mob Attacks“. Human Rights Watch. 2008-01-31. Посетено на 2009-03-19.
- ↑ Amnesty International (15 април 2007). "Document – Jamaica: Amnesty International condemns homophobic violence". Соопштение за печат. посет. 19 март 2009 г „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-01-14. Посетено на 2011-12-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ TIME: The Most Homophobic Place on Earth? Архивирано на 19 јуни 2006 г. By Tim Padgett. Wednesday, April 12, 2006
- ↑ „Jamaica“. State.gov. 2007-09-14. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ Jamaican Christian Missions:Their Influence in the Jamaican Slave Rebellion http://www.eiu.edu/~historia/archives/2005/Elam.pdf
- ↑ Haruth Communications, Harry Leichter. „Jamaican Jews“. Haruth.com. Посетено на 2009-07-04.
- ↑ Dawes, Mark (2003-06-10). „Jews hold firm Life goes on in Old Synagogue“. Gleaner Co. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2010-03-11.
- ↑ Dr. Rebecca Tortello The History of Jamaica – Captivated by Jamaica Архивирано на 17 јули 2009 г.
Дополнителни информации
уреди- Arbell, Mordehay (2000). The Portuguese Jews of Jamaica. Canoe Press. ISBN 978-976-8125-69-9. Посетено на 31 August 2011.
- Ammar, N. From Whence they came. The Jamaica Journal.
- Chapman, Valentine Jackson (1961). The marine algae of Jamaica: Myxophyceae and Chlorophyceae. Посетено на 31 August 2011.[мртва врска]
- Chapman, Valentine Jackson (1963). The marine Algae of Jamaica: Part II: Phaeophyceae and Rhodophyceae. Посетено на 31 August 2011.
- Hall, D. Bounties European Immigration with Special Reference of the German Settlement at Seaford Town, Parts 1 and 2. Jamaica Journal, 8, (4), 48–54 and 9 (1), 2–9.
- Issa, Suzanne (1994). Mr Jamaica, Abe Issa: a pictorial biography. S. Issa. ISBN 978-976-8091-69-7. Посетено на 31 August 2011.
- Jacobs, H. P. (2003). Germany in Jamaica. Indian heritage in Jamaica. The Jamaica Journal, 10, (2,3,4), 10–19,
- Mullally, R. (2003). "One Love' The Black Irish of Jamaica. The Jamaica Journal, 42, pp. 104–116.
- Parboosingh, I. S. An Indo-Jamaica beginning in The Jamaica Journal, 18, (3), 2–10, 12.
- Senior, Olive (2003). Encyclopedia of Jamaican heritage. Twin Guinep Publishers. ISBN 978-976-8007-14-8. Посетено на 31 August 2011.
- Sherlock, Philip Manderson; Bennett, Hazel (1998). The story of the Jamaican people. Ian Randle Publishers. ISBN 978-1-55876-145-2. Посетено на 31 August 2011.
- Thomson, Ian (15 June 2009). The dead yard: tales of modern Jamaica. Nation Books. ISBN 978-0-571-22761-7. Посетено на 31 August 2011.
- Williams, Joseph John (1932). Whence the "black Irish" of Jamaica?. L. MacVeagh, Dial Press, Inc. Посетено на 31 August 2011.
- The Gleaner. Seaford Town Advertising Feature. August 14, 2003, D7-8,
Надворешни врски
уредиПовеќе за Јамајка на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Влада на Јамајка Архивирано на 20 февруари 2009 г.
- Монарх на Јамајка, официјален портал
- Биро за информации на Јамајка
- Кабинетот на Јамајка Архивирано на 29 април 2011 г.
- Шеф на држава и кабинет на министри Архивирано на 10 декември 2008 г.
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Јамајка“ (англиски)
- Јамајка на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.
- Јамајка на Curlie (англиски)
- Jamaica на Викимедииниот атлас
Википатување има туристички водич за Jamaica.