1981
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1981 (MCMLXXXI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1981. година од новата ера, 981. од вториот милениум, 81. од 20 век и втора од 1980-тите.
Грегоријански календар | 1981 MCMLXXXI |
Ab urbe condita | 2734 |
Асирски календар | 6731 |
Бахајски календар | 137–138 |
Бенгалски календар | 1388 |
Берберски календар | 2931 |
Будистички календар | 2525 |
Бурмански календар | 1343 |
Византиски календар | 7489–7490 |
Еврејски календар | 5741–5742 |
Ерменски календар | 1430 ԹՎ ՌՆԼ |
Етиопски календар | 1973–1974 |
Игбо-календар | |
- Нри-Игбо | 981–982 |
Ирански календар | 1359–1360 |
Исламски календар | 1401–1402 |
Јапонски календар | [[Период Шова|]] 56 (56年) |
Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
Кинески календар | 庚申年月日 (4617/4677) — до —
辛酉年月日(4618/4678) |
Коптски календар | 1697–1698 |
Корејски календар | 4314 |
Календар Мингуо | Република Кина 70 民國70年 |
Селевкидски календар | 2292–2293 |
Тајландски сончев календар | 2524 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2037–2038 |
- Шака самват | 1903–1904 |
- Кали југа | 5082–5083 |
Француски револуционерен календар | CLXXXIX–CXC 189–190 |
Холоценски календар | 11981 |
Џуче-календар | 70 |
Содржина
Други календариУреди
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7489 и 7490 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6731 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5741 и 5742 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2734.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1981. година се протега во 4617 и 4618, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4677 и 4678 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2524. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1401 и 1402 исламска година.
НастаниУреди
- 12 април - Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА.
- 13 мај - Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот.
РодениУреди
- 25 јануари - во Прилеп е роден Тоше Проески
- 29 јануари - во Скопје е роден Јордан Георгиевски, фудбалски голман. Член на ФК Вардар, а ја почнал својата кариера во ФК Македонија Ѓ.П.. Има брането уште и за ФК Караорман и ФК Работнички
- 31 март - е роден Никола Карчев, Македонски фудбалер, член на КС Елбасани од Елбасан, Албанија. Во Македонија има настапувано за екипите на ФК Работнички и ФК Борец, а во младинска конкуренција играл за Српските клубови ФК Партизан од Белград и ФК Борац од Чачак.
- 14 април - во Штип е роден Ристе Наумов, Македонски фудбалер, член Етникос Ахнас од Кипар. Кариерата ја има почнато во штипска Брегалница.
- 22 април - е роден Горан Мазнов, Македонски фудбалски репрезентативец. Својата кариера ја има почнато во ФК Дојранско Езеро. Моментално игра во Русија, во екипата на Том од градот Томск.
- 8 август - Роџер Федерер, швајцарски тенисер
- 19 август - во Скопје е роден, Игор Тасевски. Фудбалски голман, член на ФК Металург од Скопје. Во својата кариера има брането за ФК Македонија Ѓ.П. и ФК Работнички.
- 24 септември - во Велес е роден Игор Крајчев, првиот македонски писател на епска фантастика.