1990
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1990 (MCMXC) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1990 година од новата ера, 990. од вториот милениум, 90. од XX век и прва од 1990-тите.
Грегоријански календар | 1990 MCMXC |
Ab urbe condita | 2743 |
Ерменски календар | 1439 ԹՎ ՌՆԼԹ |
Асирски календар | 6740 |
Бахајски календар | 146–147 |
Балиски календар | 1911–1912 |
Бенгалски календар | 1397 |
Берберски календар | 2940 |
Будистички календар | 2534 |
Бурмански календар | 1352 |
Византиски календар | 7498–7499 |
Кинески календар | 己巳年 (зем. змија) 4686 или 4626 — до — 庚午年 (мет. коњ) 4687 или 4627 |
Коптски календар | 1706–1707 |
Етиопски календар | 1982–1983 |
Еврејски календар | 5750–5751 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2046–2047 |
- Сачка ера | 1911–1912 |
- Кали-југа | 5090–5091 |
Холоценски календар | 11990 |
Игбоански календар | 990–991 |
Ирански календар | 1368–1369 |
Исламски календар | 1410–1411 |
Јапонски календар | Хејсеј 2 (平成2年) |
Јавански календар | 1922–1923 |
Џуче-календар | 79 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4323 |
Мингуо-календар | Тајван 79 民國79年 |
Нанакшахи | 522 |
Тајландски сончев календар | 2533 |
Тибетски календар | 阴土蛇年 (женска земја-змија) 2116 или 1735 или 963 — до — 阳金马年 (машко железо-коњ) 2117 или 1736 или 964 |
Униксно време | 631152000 – 662687999 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7498 и 7499 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6740 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5750 и 5751 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2743.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1990 година се протега во 4626 и 4627, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4686 и 4687 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2533. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1410 и 1411 исламска година.
Настани
уреди- 1 јануари - формирана е политичката партија НДП.
- 22 јануари – Во текот на 14-от вонреден конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, словенечката делегација ја напушти заседанието. Подоцна се покажа дека тоа беше и крај на СКЈ.
- 4 февруари – Формирано е Движењето за семакедонска акција МААК, прва формирана политичка партија во СР Македонија по воведувањето на плурализмот.
- 11 февруари – Формирана е Лигата за демократија.
- 11 февруари – Нелсон Мандела по 26 години е ослободен од затвор во Јужноафриканската Република.
- 11 март – Литванија прогласува независност од СССР.
- 21 март – Намибија станува независна држава по 75 години власт на Јужноафриканската Република.
- 15 април – Формирана е Партијата за демократски просперитет.
- 4 мај – Латвија прогласува независност од СССР.
- 13 мај - Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски „Динамо“ и белградска „Црвена Звезда“ на стадионот Максимир во Загреб.
- 22 мај – водачите на Арапска Република Јемен и на Народна Демократска Република Јемен го објавуваат обединувањето на двете земји во Република Јемен
- 17 јуни – Формирана е ВМРО-ДПМНЕ.
- 2 август – Ирак го напаѓа Кувајт, што беше повод за Заливската војна.
- 17 август – Србите во Хрватска одржуваат референдум на кој 99,7% се изјаснуваат за српска автономија во рамките на Хрватска.
- 3 октомври – Западна и Источна Германија се обединуваат во една германска држава.
- 11 ноември – Одржан е првиот круг на првите повеќепартиски избори во Македонија.
- 28 ноември - Маргарет Тачер поднесува оставка на функцијата премиер на Британија.
- 9 декември - Слободан Милошевиќ е избран за претседател на Србија.
- 23 декември – Во Словенија се одржува референдум за независност на кој 86% од гласачите се изјаснуваат за независност.
- 26 декември – Словенија прогласува независност од СФРЈ.
Родени
уредиПочинале
уреди- 25 јануари – Ава Гарднер, американска артистка
- 15 април – Грета Гарбо, шведска артистка
- 26 септември – Алберто Моравија, италијански писател
- 30 ноември – Владимир Дедијер, југословенски историчар