1948
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1948 (MCMXLVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1948 година од новата ера, 948. од вториот милениум, 48. од XX век и деветта од 1940-тите.
Грегоријански календар | 1948 MCMXLVIII |
Ab urbe condita | 2701 |
Ерменски календар | 1397 ԹՎ ՌՅՂԷ |
Асирски календар | 6698 |
Бахајски календар | 104–105 |
Балиски календар | 1869–1870 |
Бенгалски календар | 1355 |
Берберски календар | 2898 |
Будистички календар | 2492 |
Бурмански календар | 1310 |
Византиски календар | 7456–7457 |
Кинески календар | 丁亥年 (огн. свиња) 4644 или 4584 — до — 戊子年 (зем. стаорец) 4645 или 4585 |
Коптски календар | 1664–1665 |
Етиопски календар | 1940–1941 |
Еврејски календар | 5708–5709 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2004–2005 |
- Сачка ера | 1869–1870 |
- Кали-југа | 5048–5049 |
Холоценски календар | 11948 |
Игбоански календар | 948–949 |
Ирански календар | 1326–1327 |
Исламски календар | 1367–1368 |
Јапонски календар | Шова 23 (昭和23年) |
Јавански календар | 1879–1880 |
Џуче-календар | 37 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4281 |
Мингуо-календар | Р. Кина 37 民國37年 |
Нанакшахи | 480 |
Тајландски сончев календар | 2491 |
Тибетски календар | 阴火猪年 (женски оган-свиња) 2074 или 1693 или 921 — до — 阳土鼠年 (машка земја-стаорец) 2075 или 1694 или 922 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7456 и 7457 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6698 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5708 и 5709 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2701.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1948 година се протега во 4584 и 4585, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4644 и 4645 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2491. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1367 и 1368 исламска година.
Настани
уредијануари
уреди- 1 јануари – Основана е Македонската опера. За прв директор е назначен Тодор Скаловски.
- 4 јануари – Бурма добива независност од Британија.
- 17 јануари - Основано e претпријатие за јавен превоз ЈСП СКОПЈЕ во Скопје.
- 30 јануари – Отворени се Зимските олимписки игри во Санкт Мориц, Швајцарија.
- 30 јануари – Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2.10.1869 година.
февруари
уреди- 4 февруари – Цејлон станува независен во рамките на Британскиот Комонвелт.
- 25 февруари – Комунистичката партија ја презема власта во Чехословачка.
март
уредиаприл
уреди- 7 април – Основана е Светската Здравствена Организација.
мај
уреди- 14 мај - Прогласена е државата Израел.
- 15 мај – Започнува Арапско-израелската војна од 1948 година: Египет, Транјордан, Либан, Сирија, Ирак и Саудиска Арабија го напаѓаат Израел.
- 23-24 мај – Одржан е Вториот конгрес на Народниот фронт на Македонија.
јуни
уреди- 24 јуни – Започнува блокадата на Берлин.
- 28 јуни – Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија.
јули
уреди- 1 јули – Основан е Македонскиот балет. За прв директор е поставен Ѓорѓи Македонски.
- 15 јули – Извршен е обид за атентат врз Палмиро Тољати, генерален секретар на Комунистичката партија на Италија.
- 21 - 28 јули - Во Белград се одржува Петтиот конгрес на КПЈ, на кој се отфрла Резолуцијата на Информбирото.
- 22 јули - Основан е Институтот за национална историја. За прв директор е именуван Митко Зафировски.
- 29 јули – Отворени се Летните олимписки игри во Лондон.
август
уреди- 23 август – Основан е Светскиот Конгрес на Црквите.
септември
уредиоктомври
урединоември
уреди- 2 ноември – На претседателските избори во САД победува Хари Труман.
- 24 ноември – Во Венецуела претседателот Ромуло Батанкур е соборен преку воен удар.
декември
уреди- 10 декември – Генералното собрание на Обединетите нации ја усвојува Општата декларација за човекови права.
- 19-22 декември – Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија.
Родени
уреди- 4 февруари – Алис Купер, американски пејач
- 31 март – Ал Гор, американски потпретседател
- 1 април – Џими Клиф, јамајски пејач
- 30 јули – Жан Рено, француски глумец
- 3 август – Жан Пјер Рафаран, француски премиер
- 30 август – Виктор Скумин, руски научник, писател, филозоф.
- 5 септември – Бенита Фереро-Валднер, австриска политичарка
- 6 октомври – Џери Адамс, северно-ирски политичар
- 3 декември – Ози Озборн, британски пејач
- 10 декември – Абу Абас, палестински борец за независност
- 27 декември – Жерард Депардје, француски глумец
- Русомир Богдановски, македонски писател
Починале
уреди- 30 јануари – Махатма Ганди, индиски водач на борбата за независност
- 30 јануари – Орвил Рајт, американски пронаоѓач на авионот
- 11 февруари – Сергеј Ејзенштајн, советски режисер
- 10 март – Јан Масарик, чехословачки министер за надворешни работи
- 24 март – Николај Берѓаев, руски филозоф
- 10 септември – Фердинанд I, бугарски цар
- 17 септември – Фолке Бернадоте, шведски дипломат