23 август
датум
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
23 август — 235-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (236-и во престапна година).
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак девица.
Остануваат 130 денови до крајот на годината.
Настани:
1839 | Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг кој од 1942 година стана независна колонија. |
1866 | Завршува Австриско-пруската војна |
1914 | Јапонија ѝ објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата. |
1927 | Во Бостон се погубени анархистите Сако и Ванцети, по судскиот процес кој предизвикал доста контроверзии |
1939 | Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за „запирање“ на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година. |
1948 | Основан е Светскиот совет на црквите. |
1952 | Основана е Арапската Лига. |
1962 | Американскиот телекомуникациски сателит „Телстар“ за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа. |
1975 | Комунистите ја освојуваат власта во Лаос по долга граѓанска војна. |
1990 | Ерменија прогласува независност од СССР. |
Родени:
Починале:
1806 | Шарл Кулон — француски физичар. |
1832 | Јохан Георг Ваглер — германски зоолог. |
1926 | Рудолф Валентино — американски глумец. |
1987 | Дидје Пирони — француски автомобилист во трките на „Формула 1“. |
2006 | Магдолна Хас — унгарска македонистка. |
2018 | Екрем Хусеин — македонски балетан. |