Лекар
Лекар[3] или доктор[4] — специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице што практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравјето преку проучување, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања. Лекарите може да ја фокусираат нивната пракса врз одредени категории на болести, видови на пациенти и методи на третман, познати како специјалности, или да ја насочат нивната одговорност на обезбедување континуирана и сеопфатна медицинска грижа за поединци, семејства и заедници - позната како општа пракса. Медицинската пракса бара детално познавање на академските дисциплини (како што се анатомијата и физиологијата), основните болести и нивниот третман, но исто така бара и компетенции во примена на овие знаења во практиката – знаење и умеење на медицината.
Докторот од Лук Филдс (детаљ)[1][2] | |
Занимање | |
---|---|
Називи | Лекар или доктор |
Вид | професионалец |
Надлежности | медицина, здравствена заштита |
Опис | |
Способности | етичност, знаење и умеење на медицината, аналитичност, критичко размислување |
Потребно образование | медицински факултет |
Дејности | клиники, болници, амбуланти |
Сродни занимања | доктор по општа пракса |
Улогата на лекарот и значењето на самиот збор варираат во целиот свет. Потребните квалификации варираат во голема мера, но постојат некои општи елементи, како што е медицинската етика која бара лекарите да покажат внимание, сочувство и добронамерност за своите пациенти.
Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 години[5] по чие завршување се стекнува со звање „доктор по медицина“. Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.[6]
После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.[7]
Опис на работата
уредиДокторите се занимаваат со унапредување на здравјето, спречување на болести, откривање на болести, лечење на болните и медицинска рехабилитација. Во текот на студиите и пробната работа се оспособуваат за работа во поглед на примарна здравствена заштита, односно за подрачјето на општа медицина. Нивната работа вклучува дијагностицирање на болести и лечење на болни кои бараат помош во ординација, дома или на местото на несреќа. Докторите ги прегледуваат своите пациенти, земаат анамнеза при што водат сметка за телесните, психичките и социјалните аспекти на болестите, упатуваат на контролни анализи (лабораторија, рендген, ултразвук,итн.), ги толкуваат добиените наоди и на таа основа ја дијагностицираат болестите или повредите. Ја проценуваат итноста и тежината на состојбата на болните, потребата од упатување на специјалистички преглед или болничко лечење, како и опасностите за околината. Пропишуваат лекови и други начини на лечење и го следат текот на болеста и успешноста на лечењето. Заради осигурување на целокупна здравствена заштита соработуваат со други лекари, особено со специјалисти на клинички и други струки, патронажни сестри и медицински сестри во установите за нега и рехабилитација, физиотерапевти, социјални работници и други стручњаци.
Видови
уредиВо рамките на медицината, постојат лекари по општа пракса и специјалисти. Ова се некои од специјалистите:
Лекарите како тема во уметноста и во популарната култура
уредиЛекарите како тема во книжевноста
уреди- „Филозофот и еќимот“ - македонска народна приказна.[8]
- „Познат“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[9]
- „Без душа“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[10]
- „Необичните доживувања на еден лекар“ - расказ на рускиот писател Михаил Булгаков.[11]
- „Записи на младиот лекар“ - циклус раскази на Михаил Булгаков.[11]
- „Лекарот препорачува“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[12]
- „Перо како доктор“ (српски: Пера као доктор) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[13]
- „Лекар на својата чест“ (шпански: El alcalde de medico de su honra) - драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1635 година.[14]
- „Докторски маки“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[15]
- „Срескиот лекар“ — расказ на рускиот писател Иван Тургенев.[16]
Лекарите како тема во филмот
уредиЛекарите како тема во музиката
уреди- „Д-р Роберт“ (англиски: Dr. Robert) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[18]
- „Дама-доктор“ (англиски: Lady Doctor) — песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[19]
- „Мил докторе“ (англиски: Dear Doctor) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.[20]
- „Доктор Џип“ (англиски: Doctor Jeep) — песна на британската рок-група Sisters of Mercy.[21]
- „Наредбите на докторот“ (англиски: Doctor's Orders) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1994 година.[22]
- „Повикајте го докторот“ (англиски: Call The Doctor) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).[23]
- „Доктор Ву“ (англиски: Doctor Wu) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1975 година.[24]
- „Докторе, докторе“ (англиски: Doctor, Doctor) — песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1968 година.[25]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Во 1949 година Филдсовата слика Докторот била искористена од Американската медицинска асоцијалција во кампањата против предлогот за национализирана медицинска грижа дадена од претседателот Хари Труман. Сликата била била искористена на постери и брошури со слоганот, „Политиката надвор од сликава" што имплицира дека вклучувањето на владата во медицинската грижа ќе има негативно влијание на квалитетот на медицинската грижа. Биле испечатени 65 000 постери од Докторот што помогнало да се зголеми јавниот скептицизам за кампањата за национализиран медицинска грижа.
- ↑ [1] [мртва врска]
- ↑ „Лекар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Доктор“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Студиска програма по општа медицина на семрежното место на Медицинскиот факултет во Скопје
- ↑ Полагање на стручен испит Архивирано на 21 август 2018 г. на семрежното место на Лекарска комора на Македонија
- ↑ Времетраење на специјализации на семрежното место на Медицинскиот факултет во Скопје
- ↑ Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 89-90.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 116-117.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 118.
- ↑ 11,0 11,1 „Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008, стр. 123.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 12.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 29.
- ↑ Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 121.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 67-69.
- ↑ И. С. Тургењев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 54-67.
- ↑ „HRT(пристапено на 5.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-16. Посетено на 2017-11-16.
- ↑ Discogs, The Beatles – Revolver (пристапено на 14.7.2020)
- ↑ DISCOGS Graham Parker And The Rumour – Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017)
- ↑ DISCOGS, Rolling Stones* – Beggars Banquet (пристапено на 13.3.2021)
- ↑ DISCOGS, The Sisters Of Mercy – Greatest Hits Volume One (A Slight Case Of Overbombing) (пристапено на 2.12.2019)
- ↑ DISCOGS, Sonic Youth – Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ Spacemen 3 – The Perfect Prescription (пристапено на 22.4.2024)
- ↑ DISCOGS, Steely Dan – Katy Lied (пристапено на 10.3.2018)
- ↑ DISCOGS, The Who – Magic Bus (пристапено на 25.3.2018)