Чикаго (англиски: Chicago) — голем град во сојузната држава Илиноис, САД и метрополитенска област која го вклучува градот и околните области. Градот Чикаго е најголемиот град на средниот исток на САД и третиот најнаселен град во САД, со околу 2,75 милиони жители.[1][2] Метрополитенската област на Чикаго, понекогаш неформално именувана како Чикаголенд, има население од 9,4 милиони жители во Илиноис, Висконсин и Индијана, правејќи го третиот најголем во Соединетите Држави. Чикаго се наоѓа на југозападниот брег на езерото Мичиген и е транспортен, индустриски, политички, финансиски, медицински и високообразовен центар. Чикаго е неформално наречен и „Вториот Град“, „Ветровитиот Град“, „Градот на Големите Рамења“, „Чи-Сити“ и „Чи-Таун“. Се наоѓа во Среден Запад во САД.

Воздушната линија на Чикаго

Чикаго бил основан во 1833 како град[3] кој ги поврзува Големите езера со системот на реката Мисисипи. Наскоро тој станал транспортниот центар на стариот северозапад со главни водни врски, канали и од 1855 со железница. Од 1890 тој бил еден од десетте највлијателни светски градови[4]

По малку збунува ова со бројот на жителите бидејќи околу 3 милиони жители има само областа Cook County која се смета за централна област на градот, меѓутоа има уште неколку други области кои се надоврзани и кои исто така припаѓаат кон градот давајќи една бројка над 10 милиони жители од кои негде околу 35% припаѓа на луѓе од бела раса исклучувајќи ги тие од Шпанско или Латинско потекло на кои припаѓа околу 25%(најмногу од нив се од соседно Мексико). Од преостанатите околу 35% отпаѓаат на црната раса и останатите се жители од сите краеви на светот меѓу кои има голем број на Италијанци, Полјаци, Бугари, Срби и Грци, Македонци, како и припадници на жолтата раса.

Интересно е и да се напомене дека има специфична клима која изобилува со ветар во текот на целата година и е еден од најветровитите градови во светот. А прекарот "ветровитиот град" не доаѓа поради климата туку поради честото менување на страната на чикашките политичари.

Чикаго како тема во уметноста и во популарната култура Уреди

  • „Чикаго (англиски: Chicago) — песна на американската хард-кор група Articles of Faith.[5]
  • „Чикаго, сега!“ (англиски: Chicago, Now!) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1990 година.[6]
  • Чикаго“ (англиски: Chicago) — американски филм од 2002 година.[7]

Надворешни врски Уреди

History Emeritus

Наводи Уреди

  1. „QuickFacts: Chicago city, Illinois“. United States Census Bureau. Посетено на August 19, 2021.
  2. „Chicago Population (2021/2022)“. www.populationu.com. Посетено на 2022-01-31.
  3. „Timeline: Early Chicago History | American Experience | PBS“. www.pbs.org (англиски). Посетено на 2022-01-31.
  4. The World According to GaWC (2006). Globalization and World Cities Study Group and Network.
  5. DISCOGS, Articles Of Faith ‎– Complete Vol. 1 1981-1983 (пристапено на 24.6.2021)
  6. YouTube, The Fall - Extricate (1990)(full album) (пристапено на 29.6.2017)
  7. Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 26.