Александар (крал на Грција)

Александар (грчки: Ἀλέξανδρος, Aléxandros,; роден на 1 август 1893 во Атина – починал на 25 октомври 1920 во Атина) бил крал на Грција во периодот од 30 мај 1917 до 12 октомври 1920 година.

Александар
Ἀλέξανδρος
Крал на Елините
На престол11 јуни 191725 октомври 1920
ПретходникКонстантин I
НаследникКонстантин I
Почивалиште
Кралски гробишта, Атина
СопружникАспасија Манос
ДецаАлександра
ДинастијаДинастија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
ТаткоКонстантин I
МајкаСофија
ВероисповедГрчка Православна црква

Тој бил вториот син на кралот Константин I. Студирал воено училиште и на кралскиот престол застанал по детронацијата на својот татко во текот на Првата светска војна. Починал во 1920 година од стрептококова инфекција.

Единствен наследник кој оставил била принцезата Александра, која подоцна се омажила за југословенскиот крал Петар II Караѓорѓевиќ.

Градот Александруполи (претходно Дедеагач), во близина на реката Марица кај грчко-турската граница е наречен по него во 1920 година, при неговата посета на градот.