Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963) — македонски раскажувач, романописец, историограф, публицист и сценарист.

Ѓорѓи Абаџиев
Ѓорѓи Абаџиев во 1940 година
Роден/а7 октомври 1910
Дојран, Отоманско Царство
Починат/а2 август 1963(1963-08-02) (возр. 52)
Скопје, СФР Југославија
ЗанимањеПисател

Животопис

уреди

Со своето семејство најпрво емигрирал во Грција (1918 година), а оттаму во 1921 година, во Плевен, Бугарија. Уште како дете со неговите родители се преселил во Горна Џумаја (Благоевград) и таму живее во периодот од 1924 до 1931 година. Таму завршил основно образование и гимназија. Токму во тој период ја печати својата прва стихозбирка „Печални песни на душата“ (1929-1930). Во септември 1932 се сели во Софија каде студирал на Правниот факултет, каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Дипломирал на Правниот факултет во 1937 година.[1]

Ѓорѓи, заедно со Пелин Велков и Ангел Јорданов, во 1936 година, ја објавиле книгата раскази и уметнички репортажи „Труд и луѓе“. Тој бил уредник и соработник на повеќе весници и списанија: „Македонски вести“, „Доброволец“, „Глобус“, „Ведрино“, „Кормило“ и „Литературен Критик“.[1]

Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и член на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор и еден од основачите. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.[2][3]

За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.

Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.[4]

Творештво

уреди
 
Споменик на Ѓорѓи Абаџиев

Ѓорѓи Абаџиев е познат како историски белетрист бидејќи историјата има истакнато место во неговите дела. Автор е на книгите:[5]

Во 1972 година е објавен избор од неговото творештво во четири тома. (македонски)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 9. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 17.
  3. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 11.
  4. Мис Стон на МИФЦ.
  5. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 5.

Надворешни врски

уреди