Едвард Харисон Нортон[1] (роден 18 август 1969) е американски филмски глумец, сценарист и режисер.

Едвард Нортон
Роден(а)Едвард Харисон Нортон
Занимањеглумец, продуцент, сценарист, режисер
Активен1994–

Животопис

уреди

Филмска кариера

уреди

Во 1996 година, неговата споредна улога во судската драма Исконски страв му донела номинација за „Оскар“ за најдобар глумец во споредна улога. Една година подоцна, неговата главна улога како реформиран скинхед во Американска историја икс му ја донела номинацијата за „Оскар“ за најдобар глумец. Други негови филмови се: Небесно кралство (2005), Илузионистот (2006) и Обоениот вел (2006); и други значајни филмови како Боречки клуб (1999), 25-от час (2002), Црвен змеј (2002) и Неверојатниот Хулк (2008).

Нортон го направил своето режисерско деби со филмот Задржување на вербата (2000) и е задолжен да ја режисира филмската адаптација на романот Бруклин без мајка кој ќе биде издаден во 2009. Тој е член на одборот на довереници на Enterprise Community Partners, непрофитна организација за развивање на домови по достапни цени, а е и социјален активист.

Наводи

уреди
  1. „Edward Norton - Frequently Asked Questions“. Edward Norton.org. Архивирано од изворникот на 2010-04-18. Посетено на 2006-12-19.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: