Фазил Хисни Дагларџа
Фазил Хисни Дагларџа (Истанбул, 26 август 1914 - Истанбул, 15 октомври 2008) — еден од најафирмираните и најплодни турски поети со повеќе од 60 издадени збирки песни до 2007 година[1].
![]() | |
---|---|
Податотека:Daglarca.jpg | |
Роден/а | 26 август 1914![]() |
Починат/а | 15 октомври 2008![]() |
Занимање | поет |
Иако учел во воена школа, започнал со пишување поезија уште од средно училиште. Неговата песна Yavaslayan Omur („Бавен Живот“) го става во центарот на вниманието на турската интелегенција уште во 1933 година. Како офицер живеел во неколку градови во земјата сè до 1950 година, кога и ја напуштил армијата, по што работел во Управата за Печат и Туризам и Министерството за труд уште десет години. Некое време минал во Франција во 1952 година. Заедно со еден пријател ја основал книжарницата и издавачка куќа Kitap („Книга“), чиј управник бил сè до 1970 година. Оттогаш бил безмалку исклучиво посветен на пишување поезија.
Дагларџа бил избран за најдобар турски поет од страна на Меѓународниот Поетски Форум на состанок во Питсбург, Пенсилванија во 1967 година и бил добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1974 година.
Неговата пуристичка употреба на турскиот јазик воведува една нова димензија во современата турска литература. Во своите песни тој обработувал мотиви од праисторијата на човекот и универзумот, теми со антивоен карактер, но и такви инспирирани од Турската војна за независност[2].
Значење и влијание
уредиПесната „Запис за учителот“ на македонскиот поет Анте Поповски е инспирирана од песната на Дагларџа, „Двојник“.[3]
Наводи
уреди- ↑ Fazıl Hüsnü Dağlarca
- ↑ Türk şiirinin unutulmazları arasına giren şair Fazıl Hüsnü Dağlarca
- ↑ Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 161.