Бенџамин Геза Афлек-Болд[1] (роден 15 август 1972 г.) — американски глумец, режисер, сценарист и продуцент.

Бен Афлек
Роден(а)Бенџамин Геза Афлек-Болд
15 август 1972(1972-08-15)(52 г.)
Беркли, Калифорнија, САД
Занимање
  • Глумец
  • режисер
  • продуцент
  • сценарист
Активен период1981–сè уште
ПартијаДемократска партија
СопружникЏенифер Гарнер
 (в. 2005; разделени 2015)
Деца3
РодниниКејси Афлек (брат)

Тој ја започнал својата кариера уште како дете, глумејќи во образовната серија Патувањето на Мими (1984, 1988). Тој подоцна се појавил во комедијата Зашеметени и збунети (1993) и во разни филмови режирани од Кевин Смит, како на пример Луд по Ејми (1997) и Догма (1999). Афлек се здобил со слава кога заедно со другарот од детството Мет Дејмон добил Златен глобус и Оскар за најдобро оригинално сценарио за филмот Добриот Вил Хантинг (1997). Тој потоа играл во еминентни филмови како Армагедон (1998), Вљубениот Шекспир (1998), Перл Харбор (2001), Кобно престројување (2002) и Сите наши стравови (2002). Во 2005 година тој добил номинација за Златен глобус за најдобар глумец во споредна улога за изведбата во Холивудленд (2006).

Режисерското првенче на Афлек, Исчезната без трага (2007), кое тој исто така го напишал, било добро прифатено. Негов втор режиран филм била криминалистичката драма Град на крадци (2010), во која тој исто така глумел. За политичкиот трилер Арго (2012), кој тој го режирал, Афлек добил Златен глобус и БАФТА награда за најдобар режисер, и Златен глобус, БАФТА и Оскар за најдобар филм. Во 2014 година, тој глумел во психолошкиот трилер Исчезната. Во 2016 година, Афлек го играл Бетмен во суперхеројскиот филм Бетмен против Супермен: Зора на правдата, и играл главна улога во својот четврти режиран филм, Закон на ноќта, .

Детството и младост

Мајка му е учителка, а неговиот татко советник за проблеми со алкохол. Бен е најстариот син од тројцата браќа. Еден од неговите млади браќа исто така стана глумец (Кејси Афлек). Уште кога беше многу мал, неговите се преселиле во Бостон, каде живеел сè додека не почнал да се занимава со глума. Таму и го запознал својот долгогодиштен пријател Мет Дајмон, со кој подоцна ќе напише, а и глуми во филмот "Good Will Hunting", кој доби Оскар за најдобро сценарио.

Приватен живот

Бен одеше со глумицата Гвинет Палтроу, како и со глумицата и пејачката Џенифер Лопес (2002 - 2004) со која подоцна и настапи во два филма "Девојката од Џерси" и "Гигли", кои се прогласени за едни од најлошите филмови на годината. На снимањето на филмот "Daredevil" ја запознава Џенифер Гарнер, со која стапува во брак во 2005 година. Истата година, добива и принова во семејството, ќерката Виолет Ен Афлек.

Наводи

  1. Jr, Henry Louis Gates (January 28, 2016). „Finding Your Roots, Season 2: The Official Companion to the PBS Series“. UNC Press Books – преку Google Books.

Надворешни врски