Мај
Мај или косар — петтиот месец во годината според грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според црковното сметање на циклусите, мај е осми месец.
Во Јапонија се зборува за т.н. “мајско боледување“, односно боледување кое е типично за учениците и работниците кои почнуваат да чувствуваат замор од учењето и работата. Причината за таквата истоштеност е јапонскиот обичај учебната и работната година да започнува на 1 април.
Потекло на поимотУреди
Месецот мај името го добил или според старогрчката божица на природата Маја, или според древноримската божица на плодноста Бона Деа, чиј празник бил во мај.
Старословенското име на овој месец било тревен, буквално „тревен месец“; месец во кој никнува тревата.
Празници во мајУреди
Мај како тема во уметноста и во популарната култураУреди
Мај се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Мај“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[2]
- „Мајска песна“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[3]
- „Мајска песна“ (Svibanjska pjesma) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[4]
- „Мајски барјаци“ - песна на францускиот поет Артур Рембо.[5]
- „16 мај 1973 година“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[6]
НаводиУреди
- ↑ Светиот великомаченик Георгиј
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 9-10.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 13-16.
- ↑ Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 73.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 284-285.