Арпад Емрик Ело (унгарски:Élő Árpád Imre[1][2]) (роден на 25 август 1903 во Еѓазаскесо, Унгарија - починал на 5 ноември 1992 во Брукфилф, САД) бил унгарско-американски физичар, статистичар шаховски мајстор со еврејско потекло. Тој е создавачот на Еловиот рејтинг систем, кој бил именуван по него, а има широка примена во игрите за двајца, како што е шахот.

Арпад Ело

Животопис

уреди

Арпад Емрик Ело се родил во Еѓазаскесо, во близина на градот Папа во Унгарија. Кога имал само 10 години, неговото семејство се преселило во САД. Ело дипломирал на факултетот за природни науки при универзитетот во Чикаго. Во периодот од 1926 до 1949 година, тој работел како професор по физика на универзитетот Маркет во Милвоки. Ело бил и шаховски мајстор, кој во 1930-тите бил најсилниот шахист во Милвоки, кој во тоа време бил еден од водечките шаховски градви во САД. Тој бил првак во шах на сојузната држава Висконсин 8 пати (1935, 1938, 1940, 1942, 1945, 1950 и 1961).[3] Од 1935 до 1937 година, Арпад Ело бил претседател на американската шаховска федерација, која била претходник на шаховската федерација на САД. Од 1972 до 1980, тој бил секретар на квалификационата комисија на ФИДЕ.

Ело починал на 5 ноември 1992 во Брукфилд, САД.

Елов рејтинг систем

уреди

Ело е најпознат по негвите сестими за одредување на рејтингот на шахистите. Оригиналниот рејтинг систем во шахот бил воведен во 1950 од страна на Кенет Харкнес, кој бил бизнис менаџер на Шаховската федерација на САД. Од 1960, користејќи ги основите на рејтинг системот на Харкнес, Ело започнал да го развива својот систем на вреднување. Тој вовел формула, која се засновала на основите на статистика и која ја подобрила постоечката формула на Харкнес. Новиот рејтинг систем бил претставен и потврден на конференција на шаховската федерација на САД во Сент Луис во 1960 г.

Во 1970, челниците на ФИДЕ ја одобриле употребата на рејтинг системот на Ело. Од тогаш, па сè до средината на 1980-тите, самиот Ело ги вршел прсметките. Во тоа време, пресметките биле полесни, бидејќи според ФИДЕ, рејтинг имале помалку од 2000 шахисти.

Од средината на 1980-тите, па наваму, пресметките на рејтингот на шахистите, ФИДЕ го вршела според рејтинг системот на Ело, но таа задача повеќе не ја извршувал лично тој. ФИДЕ додала и правила, наречени „квалификации за рејтинг“ за нејзините арбитри во пресметувањето на рејтингот (границата од 2200 бода, која е најниската граница на бодови за еден мајстор) на шахистите, кои победиле во над 50% од партиите кои ги одиграли на официјаните турнири, како што на пример биле Шаховските олимпијади.[4][5] Ело и останатите приговарале на ваквите правила воспоставени од ФИДЕ и ја обвиниле светската шаховска федерација дека овие промени имаат политичка позадина.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Veszprem Megyei Eletrajzi Lexikon - ÉLŐ Árpád Imre“. Архивирано од изворникот на 2013-08-18. Посетено на 2009-06-03.
  2. „Romániai Magyar Szó, 2003. augusztus 26“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2009-06-03.
  3. Andrew Soltis, "What's Your Elo?", Chess Life, јули 1993, стр. 19.
  4. 03. African Team Championships, FIDE Handbook
  5. D.V.02. Asian Cities Championship, FIDE Handbook

Книги

уреди

Надворешни врски

уреди