Филмски фестивал — организирано и широко прикажување на филмови во еден или повеќе кинотеатри или киносали сместени на една одредена местоположба. Филмовите можат да бидат нови и во зависност од строежот на самиот фестивал, тој може да вклучува филмови од меѓународни продукции како и филмови од домашната киноиндустрија. Понекогаш фестивалите се насочуваат кон одредени режисери или жанрови (на пример film noir) или кон содржинатаa на филмот (на пример филмски фестивали на кои се прикажуваат филмови со хомосексуални содржини). Голем број од филмски фестивали прикажуваат само кратки филмови, секој со однапред одредена максимална должина. Вообичаено филмските фестивали се настани што се случуваат еднаш годишно.

Венецијанскиот филмски фестивал е најстариот филмски фестивал во светот и еден од најпрестижните

Историја

уреди

Првиот поголем филмски фестивал е одржан во Венеција во 1932 година. Меѓу поголемите и најстарите филмски фестивали во светот се вбројуваат: Филмски фестивалот во Локарно (1946) , Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари (1946) , Меѓународниот филмски фестивал во Единбург (1947), Канскиот филмски фестивал (1947) и Берлинскиот филмски фестивал (1951).

Меѓународниот филмски фестивал во Единбург, Велика Британија е основан во 1947 година и воедно е филмски фестивал во светот непрекинато работи од самото свое создавање. Филмскиот фестивал „Реинденс” е најголемиот, британски филмски фестивал на независната кинематографија кој се одржува во Лондон , месец октомври. Првиот познат Филмски фестивал во Северна Америка одржан во 1953 година е Меѓународниот фестивал на филм и видео — „Колубос” познат и под името „Крисавордс” . Според Фондацијата за киноуметности во Сан Франциско овој фестивал е едно од најстарите и најпрестижните документарно, образовно, бизнис и информативно натпреварување од ваков тип во САД , кое постои веќе 54 години . Четири години подоцна во март 1957 година одржан е Меѓународниот Филмски фестивал во Сан Франциско чијшто акцент беше ставен на долгометражните драматични филмови. Овој фестивал одигра главна улога во прикажувањето на странските филмови на американската публика. Помеѓу филмовите кои беа прикажани во годината кога е основан фестивалот се најдоа „Престолот на крвта” на Акира Куросава и „Татко Панчали” на Реј Сатјажит . Денес постојат илјадници Филмски фестивали ширум светот , од фестивали со висок профил како што е филмски фестивалот „Санденс” (Сити Парк , Јута) па сè до филмски фестивали на хоророт како што е Филмски фестивал на ужасот” кој се одржува во Филаделфија . Дистрибуирањето на дигиталните играни филмови започна во 2005 година, заедно со основањето на првиот електронски Филмски фестивал во светот „Гринсин” спонзориран од ДИ- АЈ- ВИ-ИКС .

 
Traverse City Film Festival и нивниот гигант филмски екран на надувување.

Плаќање на влезница

уреди

Повеќето од филмските фестивали бараат од киностудијата да платат влезница за да можат да ги прикажуваат своите филмови. Ова е вообичаено за поголемите филмски фестивали како што се: Канскиот Филмски фестивал, Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, филмски фестивал „Санденс” , „Саут бај саутвест” но и за помалите ,,бутик`` фестивали како што се Меѓународниот Филмски фестивал во Мајами и Британскиот урбан Филмски фестивал во Лондон. Сепак , не мора да се плаќаат влезници на сите Филмски фестивали . Н а пример Филмски фестивалот во Ротардам не наплаќа влезница за доставените филмови. Исто така постојат и помали Филмски фестивали во САД, како што се Филмски фестивалот „Стони Брук” во Лонг Ајленд, Њујорк или „Сицилијанскиот Филмски фестивал” во Мајами , Флорида кои не наплаќаат влезници , меѓутоа на овие фестивали прифаќањето на филмови е поограничено и тие не мораат да привлекуваат големи имиња во својата публика како што тоа го прават филските фестивали „Санденс” и „Телуррајд”. Некои Филмски фестивали како на пример Филмски фестивалот во Портланд бара плаќање на влезници но тоа не важи за режисерите од еден одреден регион , како што се режисерите од северозападните соединети држави .

Значајни и истакнати фестивали

уреди

За три најугледни Филмски фестивали се сметаат Канскиот филмски фестивал (кој се смета за најугледен Филмски фестивал во светот ), Берлинскиот Филмски фестивал и Филмски фестивал во Венеција .Овие филмски фестивали напати се нарекуваат ,,Големата тројка”. „Трилогијата на три бои” на полскиот режисер Криштоф Киесловски е направена за секој од овие фестивали: сината за Венеција , Белата за Берлин и Црвената за Филмски фестивал во Кан . Најпопуларниот Филмски фестивал во Северна Америка е Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. „Тајмс” пишува дека овој фестивал од највлијателен есенски фестивал прерасува во највлијателен филмски фестивал на епохата . Филмски фестивалот Санденс , Филмски фестивалот во Трибека и Светскиот филмски фестивал во Монтреал спаѓаат во поголемите филмски фестивали во Северна Америка.

  • Филмски фестивали од А-класа

Канскиот филмски фестивал, највлијателниот и најугледниот фестивал во светот како и Филмски фестивали во Венеција, Торонто, Берлин, Шангај, Москва, Сан Себастијан, Монтреал, Локарно (од 2002 година), Карлови Вари, Мар дел Плата, Каиро, Токио и Филмски фестивал во Варшава се наречени фестивали од А класа или фестивали од прва категорија од страна на Меѓународната федерација на здружени кинопродуценти .

  • Експериментални филмови

Филмски фестивалот „Ен Арбор” е основан 1963 година.Тој е најстариот Филмски фестивал за експериментални филмови во Северна Америка, кој континуирано работи од самото свое создавање. Овој фестивал е еден од премиерните Филмски фестивали за независни, но пред сè, за режисери на експериментални филмови каде тие можат да ја покажат својата работа .

  • Независни филмови

Американските филмски фестивали „Санденс” , „Саут бај Саутвест” во Остин и „Трибека” во Њујорк се најзначајните филмски фестивали на независни филмови. Најголемиот филмски фестивал на независни филмови во Велика Британија е филмскиот фестивал „Реинденс” .

  • Значењето на Северна Америка

Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско основан во 1957 година е најстариот Филмски фестивал во Америка кој непрекинато работи од самото свое создавање. Тој ги истакнува актуелните трендови во меѓународната кино и видеопродукција кои Американската дистрибуција сè уште ги нема обезбедено. Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (1971) е најголемиот, најпрестижниот филмски фестивал во Северна Америка , но и најпосетениот филмски фестивал ширум светот . „Торонтос хот докс” е водечкиот филмски фестивал на документарни филмови во Северна Америка. Исто така Торонто е седиште на најголем број на филмски фестивали на културни, независни и историски филмови во светот. Најголемиот филмски фестивал во однос на прикажаните играни филмови е Меѓународниот филмски фестивал во Сијател, со прикажани 270 филма и приближно 170 кратки филмови. Во исто време на филмски фестивалот во Њујорк се прикажуваат само неколку филмови секоја година, сепак овој фестивал има големо влијание во САД. Филмски фестивалот „Санденс” е најголемиот филмски фестивал на независни филмови.

  • Значењето на латинска америка

Филмскиот фестивал „Картагена” основан во 1960 година од страна на Виктор Њето е најстариот Филмски фестивал во Латинска Америка. Нјважните филмски фестивали во Латинска Америка се „Фестивал де грамадо” во Грамадо , Бразил и „Филмски фестивал Гвадалахара” во Гвадалахара , Мексико кои за првпат беа одржани во 1973 година за доделување на награди на латиноамериканските филмови. Започнувајќи од 1975 година во шпански град Уелва се одржува Ибероамериканскиот филмски фестивал „Уелва”. Најголемиот конкурентен филмски фестивал во Мексико од областа на млади таленти е филмски фестивалот „Ехпресион де корто” што се одржува секоја година во текот на последната недела од јули во двата колонијални града, Сан Мигел де Аљенде и Гванахуато. Помеѓу земјите во кој шпанскиот јазик е службен јазик се вбројуваат и филмски фестивалите како што се Доминиканскиот меѓународниот филмски фестивал, кој се одржува еднаш годишно во Пуерто Плата, Доминиканската Република и Валдивскиот филмски фестивал, кој се одржува еднаш годишно во градот Валдивија , Чиле.

  • Анимација

Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анси” основан е во 1960 година и посветен е исклучиво на анимираните филмови. Други попознати филмски фестивали од ваков вид се филмски фестивал на анимирани филмови во Загреб (1972), филмски фестивал во Отава(1976) , филмски фестивал во Хирошима(1975) , КРОК (1989) и Анима Мунди (1992). Исто така постојат различни регионални фестивали во различни држави.