Премиер на Јапонија
Премиерот на Јапонија (јап. 内閣総理大臣, трскр. најкаку-сори-дајџин) е шеф на владата на Јапонија. На функцијата го изгласува Собранието на Јапонија, избирајќи од своите пратениците, а на функцијата го назначува царот. За да остане на функцијата треба да ја ужива довербата на Претставничкиот дом. Премиерот е шеф на кабинетот и ги назначува или разрешува министрите. Буквален превод на јапонскиот назив на функцијата е Министер за сеопфатна управа со кабинетот или Министер што претседава со кабинетот.
Премиер на Јапонија | |
---|---|
Службен амблем на премиерот | |
Звање | Неговата Екселенција |
Седиште | Кантеј |
Назначувач | Царот |
Мандат | Највеќе 4 години (без ограничување на бројот на последователни мандати) |
Прв функционер | Ито Хиробуми |
Создадена | 22 декември 1885 |
Мреж. место | www.kantei.go.jp |
Функцијата е создадена во 1885, четири години пред донесувањето на уставот на Јапонското царство. Денешниот облик на функцијата се должи на уставот од 1947.
Назначување
уредиПремиерот го избираат двата дома на Собранието со гласање од два круга. Доколку домовите изберат различни лица, тогаш се формира заедничка комисија што има за задача да постигне согласност за едно лице. Доколку не се договорат во рок од десет дена, тогаш функцијата му припаѓа на лицето што го предложил Претставничкиот дом. Затоа, во теорија, Претставничкиот дом може да избере кого сака.[1] Потоа кандидатот формално стапува на функција со негово назначување од страна на царот.[2]
Лицето мора да ја отстапи функцијата доколку Претставничкиот дом му изгласа недоверба или ја надгласа довербата, под услов домот да не се растури во следните десет дена.[3]
Должности
уредиУставни улоги
уреди- Врши „контрола и надзор“ врз сета извршна власт.[4]
- Поднесува нацрт-закони во Собранието во име на кабинетот.[5]
- Потпишува закони и налози на кабинетот (заедно со други членови на кабинетот).[6]
- Ги назначува сите министри на кабинетот, со можност да ги разреши во секое време.[7]
- Може да одобри правна постапка против членови на кабинетот.[8]
- Мора да пишува отчети за и домашните и надворешните односи и да му ги доставува на Собранието.[5]
- Мора да дава отчет на барање на Собранието, одговарајќи на прашања или давајќи образложенија.[9]
Статутарни улоги
уреди- Претседава со седниците на кабинетот.[10]
- Врховен командант на Самоодбранбените сили на Јапонија (војската).[11]
- Може да отфртли судски налог против управен акт, образложувајќи ја причината.[12]
Обележја
уреди-
Знаме на премиерот
-
Амблем на премиерот
-
Челенка на премиерот
Список на премиери од 1982 до 2012
уредиИме | Мандат | Датум на раѓање и смрт |
---|---|---|
Тошики Кајфу | 1989–1991 | 2 јануари 1931 |
Киичи Мијазава | 1991–1993 | 8 октомври 1919 – 28 јуни 2007 |
Морихиро Хосокава | 1993–1994 | 14 јануари 1938 |
Цутому Хата | 1994 | 24 август 1935 |
Томиичи Мурајама | 1994–1996 | 3 март 1924 |
Рјутаро Хашимото | 1996–1998 | 29 јули 1937 – 1 јули 2006 |
Кејзо Обучи | 1998–2000 | 25 јуни 1937 – 14 мај 2000 |
Јоширо Мори | 2000–2001 | 14 јули 1937 |
Џуничиро Коизуми | 2001–2006 | 8 јануари 1942 |
Шинзо Абе | 2006–2007 | 21 септември 1954 | - 8 јули 2022 (возр. 67)
Јасуо Фукуда | 2007–2008 | 16 јули 1936 |
Таро Асо | 2008–2009 | 20 септември 1940 |
Јукио Хатојама | 2009–2010 | 11 февруари 1947 |
Наото Кан | 2010–2011 | 10 октомври 1946 |
Јошихико Нода | 2011–2012 | 20 мај 1957 |
Шинзо Абе | 2012–2020 | 21 септември 1954 | - 8 јули 2022 (возр. 67)
Јошихиде Суга | 2020–2021 | 6 декември 1948 |
Фумио Кишида | 2021- | 29 јули 1957 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Член 67 од Уставот на Јапонија
- ↑ Член 6 од Уставот на Јапонија
- ↑ Член 69 од Уставот на Јапонија
- ↑ Член 5 од Уставот на Јапонија
- ↑ 5,0 5,1 Член 72 од Уставот на Јапонија
- ↑ Член 74 од Уставот на Јапонија
- ↑ Член 68 од Уставот на Јапонија
- ↑ Член 75 од Уставот на Јапонија
- ↑ Член 63 од Уставот на Јапонија
- ↑ Cabinet Act, article 4
- ↑ Закон за Самоодбранбените сили од 1954
- ↑ Закон за судски спорови во управата, Член 27
Надворешни врски
уреди„Премиер на Јапонија“ на Ризницата ? |
- Премиерот на Јапонија и неговиот Кабинет - службен портал (англиски)
- Список на јапонски кабинети од 1885 до 1989 г. (јапонски)