Едмон Бушје Де Бел
Едмон Бушје Де Бел (фр. Edmond Bouchie De Belle) бил француски писател, учесник во Првата светска војна.
Едмон Бушје Де Бел | ||
Роден | 23 август 1878 Везиње, Франција | |
---|---|---|
Починал | 23 октомври 1918 Скопје, Македонија |
Потекло и живот
уредиРоден е во Везиње, Франција, во семејството на адвокат. Татко му бил успешен адвокат во Државниот совет и во Врховниот суд. Завршил класично образование во гимназијата Кондорсе, а потоа дипломирал на правниот факултет. По дипломирањето работи во Главната контрола, каде е примен во 1904 година како најдобар. Во 1912 година е наименуван за главен контролор. Освен зафати со економски и општествени прашана се забележани и неколку негови литературни студии. Заради звањето главен контролор во војската вршел функцијата на посебен благајник на армијата. Вршејќи административна работа, бил на фронтовите кај Сома, во Шампања, на подрачјето на Верден, и во Дуомон, каде е мобилизиран. Во војската влегува во пешадијата со чин на резервен поручик. Министерството на финансиите, што ги ценело неговите способности и компетенции, инсистирало тој да се врати на местото контролор. Тогаш самиот тој побарал својата должност да ја врши на тогаш најраздвижениот фронт во Македонија, така што на 14 декември заминал за Солун и веднаш е вклучен во Главниот штаб на Источната армија. Првите шест месеци ги поминал на кривината на Црна река, потоа во околините на Островското езеро, Лерин и Битола од септември до октомври 1918 година, преминал преку Прилеп и се нашол во Скопје, каде на 23 октомври 1918 година умира.
Македонија и Македонците
уредиКнигата „La Macedoine Et Les Macedoniens“ - Македонија и Македонците, ја пишувал за време на трите години, кои ги поминал како припадник на француските трупи. Основната преокупација на книгата е да бара и да даде предлог за можни решенија на „македонското прашање“ по Војната. Обидувајќи се да се ослободи од влијанието на минатото, за да ја набљудува реалноста, тој ќе се потпре пред сè врз личните опсервации, при тоа престојувајќи во еден дел од Македонија, без можности за пошироки и потемелни истражувања. Според него основна причина за македонскиот јазол и тешкотиите на неговото размрсување е „оспорувата раса“, што ја населува земјата. Вложувајќи напори да внесе јасност во тие дилеми, тој ќе констатира:
„Во сите рамнини на Македонија живеат селани што зборуваат словенско наречје, со грчка православна вера и која главно има етнички надворешен изглед вообичаен за словенските народи. Тие несреќни суштества имаат ни малку завидлива привилегија на нив да полагаат право дури три различни народности....
Но, добронамерниот набљудувач ќе оди подалеку од овие пристрасни тврдења. Тој лесно ќе констатира дека - ако Македонецот многу им е сличен на балканските Словени, тој нема потполно ништо хеленско. Уште повеќе, ако во извесни обичаи, вероисповеда и јазикот личи на Бугаринот, во другите е сличен на Србинот а не се идентификува сосем ниту со едниот ниту со другиот. Впрочем, тоа што некого го прави Бугарин, Србин или Грк, тоа е - повеќе од етничката или јазичната особеност - свест дека има своја националност и дека учествува во организиран национален живот. Значи дека народот за кој станува збор јасно се разликува од трите други во тоа што ниту има национална свест ниту национален живот идентичен на останатите три народи. Прашајте го селанецот од околината на Острово или на Битола, што е. Во 90% од случаите ќе ви одговори : “МАКЕДОН“. Затоа добронамерниот набљудувач ќе го определува одделно ова население на кое, изгледа, најдобро би му одговарало името „Македонски Словени“ или пак просто ’Македонци’.”
Прашањето за односот Македонија-Европа де Бел го поставува преку две глобални категории: односнот на Србија, Бугарија и Грција спрема Македонија и односнот на Европа, односно шест држави, кои наметнуваат својата политика и волја. За првите ќе изрази становиште дека за Бугарија Македонија претставува најголем, најсилен апетит, тоа е најтешко прашање и прашање на национално единство. Србија, не дека нема право на Македонија, туку поради погрешната политика има изгубено многу, иако со Балканската војна добила и непланирано повеќе територија. Грција е опседната од големата идеја, и со Балканската војна зела најголема територија од Македонија. Интересот на големите држави тој ги определува според следните квалификации: Австроунгарија и Германија со својот пангерманизам се експанзионистички расположени спрема исток; Англија настојува да ги сочува клучните патишта, меѓу кои и оние преку Балкан за истокот, Франција нема јасни интереси, Италија да загосподари со Јадран, а Русија се „самоуби“. Според него по крајот на војната најсправедливо решение е санкционирање на поделбата на Македонија, за да се избегнат кавгите меѓу соседите. Во сите варијанти е вклучен и интересот на Македонците, но само како објект на поделба, разместување итн. Бидејќи не наоѓа аргументи да покаже дека вистинскиот фактор во решавањето - Македонците, не може да се одбегне, крајниот заклучок останува, дека Македонија ќе биде предмет на задоволување на туѓите интереси.
Покрај политичките тензии, де Бел ќе направи и интересни констатации за луѓето, кои си ја оспоруваат Македонија:
„Судир на расите:Бугарите, Србите и Грците
1.Бугарите - Бугарското население од Македонија има две потекла: населување на жители од Бугарија и бугаризација на македонските Словени.
2.Србите - ... треба да се признае дека пред балканските војни, српската експанзија и влијание беа сосем слаби...
3.Грците - во Хелените наоѓаме сосема нова раса, која од гореспоменатите се разликува не само по потеклото, карактерот и говорот туку во сите поединости на поединечниот и општествениот живот и во самиот начин на живеење.“
Книгата е завршена на 22 септември 1918 година во Лерин, а ќе биде обелоденета четири години подоцна во Париз
Творештво
уреди„La Macedoine Et Les Macedoniens“ - Librarie Armand Colin 103, Boulevard Saint-Michel, Paris, 1922.
Надворешни врски
уреди- [1] La Macedoine Et Les Macedoniens)
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |