1922
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1922 (MCMXXII) — година според јулијанскиот календар. Тоа била 1922 година од новата ера, 922. од вториот милениум, 22. од XX век и трета од 1920-тите.
Грегоријански календар | 1922 MCMXXII |
Ab urbe condita | 2675 |
Ерменски календар | 1371 ԹՎ ՌՅՀԱ |
Асирски календар | 6672 |
Бахајски календар | 78–79 |
Балиски календар | 1843–1844 |
Бенгалски календар | 1329 |
Берберски календар | 2872 |
Будистички календар | 2466 |
Бурмански календар | 1284 |
Византиски календар | 7430–7431 |
Кинески календар | 辛酉年 (мет. петел) 4618 или 4558 — до — 壬戌年 (вод. куче) 4619 или 4559 |
Коптски календар | 1638–1639 |
Етиопски календар | 1914–1915 |
Еврејски календар | 5682–5683 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 1978–1979 |
- Шака самват | 1843–1844 |
- Кали-југа | 5022–5023 |
Холоценски календар | 11922 |
Игбоански календар | 922–923 |
Ирански календар | 1300–1301 |
Исламски календар | 1340–1341 |
Јапонски календар | Тајшо 11 (大正11年) |
Јавански календар | 1852–1853 |
Џуче-календар | 11 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4255 |
Мингуо-календар | Р. Кина 11 民國11年 |
Нанакшахи | 454 |
Тајландски сончев календар | 2464–2465 |
Тибетски календар | 阴金鸡年 (женско железо-петел) 2048 или 1667 или 895 — до — 阳水狗年 (машка вода-куче) 2049 или 1668 или 896 |
Други календариУреди
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7430 и 7431 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6672 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5682 и 5683 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2675.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1922 година се протега во 4558 и 4559, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4618 и 4619 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2465. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1340 и 1341 исламска година.
НастаниУреди
- Во Струмица била донесена првата топка, кога бил формиран фудбалскиот клуб Беласица.
- Се одржува Првата земска конференција на КПЈ во Виена, на која учествува и Панко Брашнаров.
- Групите на Тодор Александров го нападнале Неврокоп, а Тодор Паница со неколку свои истомисленици дал силен отпор.
- Владимир Илич Ленин во декември оваа и во јануари наредната година го пишува своето „Писмо до Конгресот“, познато како Ленинов тестамент, во кое апелира Партијата да го зачува единството на своите редови.
- Макс Аман, нацистички функционер со висок чин во СС, политичар и новинар, станал член на претседателството на Нацистичката партија.
- Нилс Бор добива Нобеловата награда за физика.
- Марсел Пруст во еден свој есеј издаден оваа година деклaративно изјавува дека заедно со Алфред де Вињи, Бодлер е "најголемиот поет на XIX век".
- 31 октомври - Бенито Мусолини станува 40-от премиер на Кралство Италија.
РодениУреди
- 24 јануари - Ава Гарднер, глумица, една од легендите на Холивуд.
- 10 јуни - Џуди Гарланд, американска филмска актерка и пејачка, номинирана за оскар, најпозната по својата улога како Дороти Гејл во филмот Волшебникот од Оз.
- 29 септември - Александар Зиновјев, руски филозоф, социолог, есеист и литературен сатиричар, еден од најзначајните советски дисиденти од периодот на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин, па сè до режимот на Леонид Брежнев.
- 11 ноември - Курт Вонегат, американски писател, сатиричар и уметник.
- 21 декември - Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, првото перо на македонското новинарство и публицистика, и државник.
- Зехарија Сичин, добар познавач на сумерската митологија и древните јазици, посебно сумерскиот јазик, автор на бројни книги во кои дава објаснување за потеклото на човекот. Познат е по теориите за постоењето на древни астронаути и планетата Нибиру.
- Катерина Трајкова Нурџиева- македонски борец, национален деец и внука на Гоце Делчев.
ПочиналеУреди
- 10 февруари - Христо Матов, еден од најистакнатите дејци на ТМОРО и теоретичари на македонската ослободителна борба, познат под псевдонимот „Брут“.
- 20 јули - Андреј Марков, руски математичар.
- 2 август - Александар Грејам Бел, американски научник од шкотско потекло, пронаоѓач-физичар, творец на телефонот.
- 18 ноември - Марсел Пруст, француски писател, автор на делото „Во потрага по загубеното време“.