22 август
датум
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2023 |
22 август — 234-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (235-и во престапна година). Остануваат 131 денови до крајот на годината.

Познатото дело на Леонардо да Винчи - Мона Лиза, украдено 1911 година од музејот Лувр.
Настани:
476 | Варварскиот водач Одоакар го опустошил Рим и се прогласил за крал на Италија. Со тоа завршило постоењето на Западното Римско Царство. |
565 | Света Колумба прва го здогледала чудовиштето од Лох Нес. |
1642 | Чарлс I го нарекол Парламентот „предавници“. Започнала Англиската граѓанска војна. |
1846 | САД го анектираа Ново Мексико. |
1849 | Изведен е првиот воздушен напад во историјата: Австрија од беспилотни воздушни балони исфрлила бомби врз Венеција. |
1864 | Дванаесет земји ја потпишале Првата женевска конвенција. Основан е Црвениот крст. |
1911 | Откриена е кражбата на „Мона Лиза“, прочуеното дело на Леонардо да Винчи, од парискиот музеј во Лувр. |
Родени:
1647 | Дени Папен — француски физичар. |
1760 | Лав XII — римски папа. |
1862 | Клод Дебиси — француски композитор. |
1878 | Ладислав Клима — чешки писател и филозоф. |
1902 | Денг Сјаопинг — премиер на НР Кина. |
1917 | Џон Ли Хукер — американски блуз-музичар. |
1920 | Реј Бредбери — американски писател. |
1924 | Кузман Смилевски — македонски партизан. |
1928 | Карл Хајнц Штокхаузен — германски композитор. |
1946 | Васил Тоциновски — македонски писател. |
1958 | Вернон Рид — американски рок-музичар. |
1963 | Тори Амос — американска поп-пејачка. |
1964 | Матс Виландер — шведски тенисер. |
1966 | ГЗА — американски рапер. |
1967 | Лејн Стејли — американски пејач. |
1968 | Александр Мостовој — руски фудбалер. |
1987 | Џанлука Брамбила — италијански велосипедист. |
1988 | Артем Ѕјуба — руски фудбалер. |
1995 | Дуа Липа — британска поп-пејачка. |
1996 | Жуниор Фирпо — доминиканско-шпански фудбалер. |
1997 | Лаутаро Мартинес — аргентински фудбалер. |
Починале:
1241 | Грегориј IX — римски папа. |
1280 | Никола III — римски папа. |
1350 | Филип VI Валоа — француски крал. |
1452 | Ричард III — англиски крал. |
1545 | Чарлс Брендон — Прв војвода од Сафолк. |
1553 | Џон Дадли — англиски политичар. |
1831 | Ференц Казинци — унгарски поет. |
1883 | Иван Сергеевич Тургенев — руски писател. |
1891 | Јан Неруда — чешки поет и новинар. |
1920 | Андерс Цорн — шведски сликар и бакрорезец. |
1925 | Војтех Хинаис — чешки сликар и графичар. |
1958 | Роже Мартен ди Гар — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1937 година. |
1978 | Џомо Кенијата — африкански борец против колонијализмот. |
1986 | Џелал Бајар — третиот претседател на Турција. |
2004 | Ота Шик — чешки економист и политичар. |
2010 | Стјепан Бобек — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
2018 | Ед Кинг — американски рок-музичар. |