Славчо Стојменски

Славчо Стојменски (16 октомври 192117 август 1943) — учесник во НОВ, народен херој на Југославија. Загинал во борба против бугарската фашистичка полиција на 17 август 1943 година, кога во Штип се одржувал состанок на Обласниот комитет на КПМ.

Славчо Стојменски (1921-1943) народен херој

Животопис

уреди

Славчо Стојменски е роден 1921 година во Штип, во сиромашно семејство. Основно училиште и гимназија завршува во Штип. Поради тоа што бил одличен ученик, неговото семејство успеало со големи напори да му обезбеди школување.

Неговото политичко формирање поврзано е со неговото дружење со Ванчо Прке. Двајцата се вклучиле во напредно младинско движење. Таму читале марксистичка литература и се собирале на состаноци. Уште како ученик, Славчо и бил познат на полицијата. Повеќепати бил прозиван во полиција и советуван да се откаже од револуционерните работи. Меѓутоа, тој и понатаму учествувал во работничкото движење и се формирал како комунист.

Учество во НОБ

уреди

Во првите денови на окупацијата, Славчо успеал во Штип да формира повеќе групи на СКОЈ. Нивните членови ги спремал да се повикаат на Комунистичката партија на Југославија во партизанските редови.

Славчо се истакнал на еден конкурс за математика, па поради тоа добил стипендија од бугарското министерство за просвета и станал студент на Софискиот универзитет. Меѓутоа, тој и понатака се ангажирал во Народноослободителната борба. Есента 1941 година се вратил во Штип и станал член на Месниот комитет на СКОЈ.

Бугарската полиција му влегла во трагата, па 1942 година бил уапсен. Спроведувајќи го во затвор, успеал да побегне и од тогаш живеел и работел како илегалец. Полицијата постојано го гонела и настојувала да го фати. Тој како илегалец, ја обиколувал цела Источна Македонија и работел на организирање на Народноослободителното движење. Повремено се враќал навечер во Штип за да поднесе извештај за извршените задачи и да добие нови.

Во почетокот на 1943 година станал член на Околниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. За да ја проучат ситуацијата и за да ги координираат акциите во смисла на распламтување на Народноослободителните борби, членовите на Околниот комитет во август 1943 година се собрале на состанок во Штип. Полицијата дознала за тоа, и на 17 август ја опколиле куќата во која се одржувал состанокот. Во борбата која настанала, некои членови на Околниот комитет успеале да се пробијат и да избегаат, но Славчо бил смртно погоден.[1]

Во средината на мај 1943 година, неколку дена Славчо престојувал во Кочани, во куќата на Стојан Христов, кому задачата му ја доверил Љупчо Сантов. Славчо бил доведен од Геро Максимов, во чија придружба и заминал. Пред заминувањето дошол и Васо Златев (по ослободувањето одговорен работник во Управата за државна безбедност на СРМ) на средба со Славчо и Љупчо. Стојан Христов подоцна во сведоштвата вели:

„Во разговорите што ги имав со покојниот Славчо, при престојувањето во нашата куќа, во собата во која беше сместен, ми остави впечаток на марксистички образована, активна и пожртвувана личност, идејно предан и способен комунист за организирана револуционерна работа”.

Со одлука на претседателот на Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито, на 11 октомври 1953 година бил прогласен за народен херој.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 347
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.