Орден на народен херој

(Пренасочено од Народен херој)

Орден на народен херојвоено одликување што се доделувало во СФР Југославија. Тоа се доделувало на поединци, воени единици, како и на политички и други организации за особени или херојски дела за време на војната и мирот. Најповеќе ордени се доделени на партизаните од Народноослободителната борба во текот на Втората светска војна. Доделени се вкупно 1.332 одликувања во СФР Југославија, а 17 се доделени на странски државјани.

Орден на народен херој на Југославија
Орден на народен херој на Југославија

На лица родени во денешна Република Македонија им се доделени 66 вакви одликувања. Од нив 44 загинале во текот на војната.[1] Последните живи народните херои починале во 2013 година (Атанас Забазноски и Мара Нацева). Фана Кочовска - Цветковиќ била најмладиот народен херој на Југославија. Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн.

Носителите на орденот уживале одредени привилегии како што се: бесплатно користење на јавниот сообраќај и пензии за членовите на семејството на починатите херои. Иако после распадот на СФРЈ привилегиите се значително намалени, сѐ уште државите создадени после распадот на СФРЈ на народните херои им даваат одредени бенефиции. Многу училишта и улици во повоена Југославија се именувани според имињата на народните херои, а многу од нив се задржале и во новосоздадените држави.

Статистики

уреди
За повеќе информации види Список на народни херои и Список на народни херои одликувани за нивното учество во НОБ

Со орден народен херој одликувани се:

  • 1.322 борци и раководители на НОВЈ,
  • 19 странски државјани,
  • 27 воени единици и установи на НОВЈ,
  • 8 градови во СФР Југославија и
  • 4 организации

До 1957 година доделени се 1.307 ордени во СФР Југославија, од што 1.220 на мажи и 87 на жени.

Според републиката во која се родиле (не по националност):

  • Босна и Херцеговина - 284
  • Хрватска - 282
  • Србија - 256
  • Црна Гора - 247
  • Словенија - 156
  • Македонија - 63
  • странство - 17

Според занимањето:

  • 506 работници
  • 207 селани
  • 404 интелектуалци
  • 78 поранешни членови на кралската југословенска војска
  • 73 чиновници
  • 39 други занимања
  • 5 непознато

Скоро сите добитници биле членови на Комунистичката партија на Југославија (некои од нив биле посмртно зачленувани во партијата), а 658 од одликованите биле членови на КПЈ пред Втората светска војна. Повеќето, 1.261, се придружиле на партизанското движење во текот на 1941 година; од 1942 имало 41 народен херој и пет од 1943 година.

Од народните херои кои загинале во текот на војната:

  • 624 загинале во борба
  • 104 извршиле самоубиство
  • 55 извршиле друг вид на самоубиство
  • 30 умреле од смртни рани
  • 20 убиени се во заробеништво
  • 13 се обесено
  • 12 се масакрирани
  • 4 умреле од болести
  • 3 се живи закопани
  • 3 се задавени
  • 1 е набиен на колец
  • 1 е испечен на ражен
  • 5 загинале во несреќни случаи

Градови-херои

уреди

Воени единици и установи на НОВЈ

уреди

Опшествено-политички организации

уреди

Странски државјани носители на орденот

уреди

Наводи

уреди
  1. „„Македонија има 66 народни херои", „Утрински весник". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-08-22.

Поврзано

уреди