13 август — 225-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (226-и во престапна година). Остануваат 140 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2024

Настани:

1624  Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер.
1792  Француските револуционери ги апсат членовите на кралското семејство само три дена по укинувањето на монархијата и соборувањето на кралот Луј XVI.
1814  Холандија ѝ го отстапува ’Ртот на Добра Надеж на Велика Британија.
1914  Во текот на Првата светска војна, Франција и објавува војна на Австроунгарија.
1923  Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција.
1961  Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката порта и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува.
1964  Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства.
1998  Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од 1.250.000.000 долари како надомест на жртвите од холокаустот во текот на Втората светска војна.
2001  Потпишан е Охридскиот рамковен договор.

Родени:

1814  Андерс Јонас Ангстремшведски физичар.
1871  Карл Либкнехтгермански револуционер.
1888  Џон Логи Бердшкотски телевизиски пионер.
1899  Алфред Џозеф Хичкоканглиски филмски режисер.
1902  Феликс Ванкелгермански инженер, пронаоѓач на вртежниот мотор.
1916  Радослав К. Петковски — македонски писател.
1926  Фидел Кастрокубански револуционер и претседател.
1931  Блаже Павловски — македонски поет.
1936  Живко Чингомакедонски писател.
1943  Роберт Хол — американски економист.
1946  Џенет Јелен — американска економистка, претседател на Системот на федерални резерви.
1952  Горица Поповиќ — српска глумица.
1956  Милан Калина — југословенски ракометар.
1959  Томас Равели — шведски фудбалски голман.
1966  Мигел Мирандафудбалски голман од Перу.
1970  Алан Ширер — англиски фудбалер.
1934  Нико Крањчар — хрватски фудбалер.
1985  Грега Боле — словенечки велосипедист.
1986  Драгица Кресоја — македонска ракометарка.
1989  Давиде Чимолаи — италијански велосипедист.
1992  Лукас Моура— бразилски фудбалер.
1995  Преснел Кимпембе— француски фудбалер.
1996  Саша Лукиќ— српски фудбалер.

Починале:

1447  Филипо Марија Висконти — војвода на Милано.
1826  Рене Теофил Јасинт Ленекфранцуски лекар, пронаоѓач на стетоскопот.
1863  Ежен Делакроафранцуски сликар, претставник на романтизмот во француското сликарство.
1882  Вилијам Стенли Џевонс — англиски економист.
1895  Трајко Китанчев — македонски општественик, литерат, револуционер, просветен работник.
1908  Стеван Сремацсрпски писател.
1910  Флоренс Најтингеланглиска медицинска сестра, основач на првото училиште за болничарки.
1912  Жил Маснефранцуски композитор.
1917  Едуард Бухнергермански хемичар, добитник на Нобелова награда.
1936  Иван Георгов — македонски педагог.
1946  Херберт Џорџ Велсанглиски писател.
1974  Тина Брукс — американски џез-музичар.
1984  Тигран Петросјанерменски шахист и светски шаховски првак.
1995  Симеон Гугуловски — македонски оперски пејач.