1976
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1976 (MCMLXXVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1976 година од новата ера, 976. од вториот милениум, 76. од XX век и седма од 1970-тите.
Грегоријански календар | 1976 MCMLXXVI |
Ab urbe condita | 2729 |
Ерменски календар | 1425 ԹՎ ՌՆԻԵ |
Асирски календар | 6726 |
Бахајски календар | 132–133 |
Балиски календар | 1897–1898 |
Бенгалски календар | 1383 |
Берберски календар | 2926 |
Будистички календар | 2520 |
Бурмански календар | 1338 |
Византиски календар | 7484–7485 |
Кинески календар | 乙卯年 (дрв. зајак) 4672 или 4612 — до — 丙辰年 (огн. змеј) 4673 или 4613 |
Коптски календар | 1692–1693 |
Етиопски календар | 1968–1969 |
Еврејски календар | 5736–5737 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2032–2033 |
- Сачка ера | 1897–1898 |
- Кали-југа | 5076–5077 |
Холоценски календар | 11976 |
Игбоански календар | 976–977 |
Ирански календар | 1354–1355 |
Исламски календар | 1395–1397 |
Јапонски календар | Шова 51 (昭和51年) |
Јавански календар | 1907–1908 |
Џуче-календар | 65 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4309 |
Мингуо-календар | Тајван 65 民國65年 |
Нанакшахи | 508 |
Тајландски сончев календар | 2519 |
Тибетски календар | 阴木兔年 (женско дрво-зајак) 2102 или 1721 или 949 — до — 阳火龙年 (машки оган-змеј) 2103 или 1722 или 950 |
Униксно време | 189302400 – 220924799 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7484 и 7485 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6726 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5736 и 5737 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2729.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1976 година се протега во 4612 и 4613, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4672 и 4673 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2519. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1395 и 1397 исламска година.
Настани
уреди- 1 јануари - Формирана е македонската џез/рок група Леб и сол.
- 4 февруари - Отворени се Зимските олимписки игри во Инсбрук, Австрија.
- 27 февруари - Западна Сахара проглесува независност.
- 24 март - Вооружените сили на Аргентина ја соборуваат претседателката Исабел Перон.
- 25 април - Усвоен е новиот Устав на Португалија.
- 29 јуни - Сејшелите стекнуваат независност.
- 2 јули - Северен и Јужен Виетнам се обединуваат во Социјалистичка Република Виетнам.
- 17 јули - Индонезија го анектира Источен Тимор.
- 17 јули - Отворени се Летните олимписки игри во Монтреал, Канада.
- 1 август - Тринидад и Тобаго стануваат република.
- 2 ноември - На претседателските избори во САД победува Џими Картер.
Родени
уреди- 21 јануари - Ема Бантон, англиска пејачка
- 12 февруари - Силвија Сеинт, чешка глумица
- 19 мај - Кевин Гарнет, американски кошаркар
- 23 јуни - Патрик Виера, француски фудбалер
- 1 јули - Патрик Клајверт, холандски фудбалер
- 1 јули - Руд ван Нистелрој, холандски фудбалер
- 25 јули - Јовица Тасевски - Етернијан, македонски поет
- 22 септември - Роналдо, бразилски фудбалер
- 26 септември - Михаел Балак, германски фудбалер
- 29 септември - Андриј Шевченко, украински фудбалер
- 4 октомври - Алисија Силверстон, американска глумица
- 27 октомври - Лазар Наумов,македонски музичар
- 7 декември - Маја Апостолоска, македонска поетеса
Починале
уреди- 8 јануари - Чу Ен Лај, кинески револуционер и политичар
- 12 јануари - Агата Кристи, англиска писателка
- 24 февруари - Димитар Митрев, македонски литературен критичар
- 11 мај - Алвар Алто, фински архитект
- 26 мај - Мартин Хајдегер, германски филозоф
- 17 јули - Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија, еден од основоположниците на македонскиот филм и еден од најистакнатите режисери на ТВ Скопје.
- 9 септември - Мао Це Тунг, кинески револуционер и политичар
- 25 октомври- Ремон Кено, француски писател