Милан Гутовиќ

Милан Лане Гутовиќ (11 август 1946 во Умка, Србија) — српски глумец. Има завршено Академија за театар, филм, радио и телевизија во Белград и во 1967 година доаѓа во Југословенскиот драмски театар, како млад глумец.

Милан Гутовиќ

Последната деценија игра во своето Кабаре со кое гостува низ светот. На српските телевизии е најмногу познат како ТВ-водител на хумористично-сатирични прилози.

На нашата јавност најмногу е познат по улогата на Среќко Шојиќ во телевизиските драми Тесна кожа и Бела Лаѓа.