Лудвиг Мис ван дер Рое
Лудвиг Мис ван дер Рое (гер. Ludwig Mies van der Rohe; 27 март 1886 - 17 август 1969) — истакнат германски, а подоцна американски архитект. Заедно со Валтер Гропиус и Ле Корбизје се смета за еден од основоположниците на современата архитектура. Бил во потрага по архитектура која ќе биде огледало на животот во XX век. Неговите градби се одликуваат со чисти форми и со интензивна употреба на стакло, челик и бетон. Неговата работа придонела за појавата на згради со стаклени фасади. За градбите кои ги конструирал, велел дека се „коска и кожа“.
Лудвиг Мис ван дер Рое Ludwig Mies van der Rohe | |
---|---|
Роден(а) | 27 март 1886 Ахен, Германија |
Починал(а) | 19 август 1969 Чикаго, САД | (возр. 83)
Националност | германска (1886–1944), американска (1944–1969) |
Награди | Орден за заслуги (1959) Кралски златен медал (1959) Златен медал на АИА (1960) Претседателски медал на слободата (1963) |
Зданија | Германски павилјон во Барселона Вила Тугендхат Краун Хол ВИла Фансворт 860–880 Lake Shore Drive Кула Сиграм Нова народна галерија Центар Тонронто-Доминион Вестмонт Сквер |
Живот и работа
уредиПочетната основа за својата понатамошна работа ја стекнал во камонерозераската работилница на својот татко. Од 1897 до 1900, посетувал црковно училиште. Во 1905 се преселил во Берлин, каде се вработил како архитект и дизајнер на мебел, како помошник на Бруно Паул. Првата своја градба ја проектирал во 1907 година. Тоа била дрвена зграда, во стилот од XVIII век, на која влијаела англиската архитектура. Од 1908 соработувал со Петер Беренс. Студирал архитектура, посветувајќи се на Карл Фирдрих Шинкел и Френк лојд Рајт. Во периодот 1911-1912, работел на проект на германската амбасада во Санкт Петербург и ја проектирал семејната куќа на Корнелови во Хаг.
Во 1912, отворил сопствено ателје. Во првите свои дела, се об идувал да направи радикален спој на архитектурата и техниката. Соработувал со Ханс Рихтер и Ел Лисицки и ја издавал ревијата „Gestaltung“ („Облик“). Се залагал за индустријализација на сите области на архитектурата. По завршувањето на Првата светска војна, во 1918 се приклучил во групата „Ноември“, каде бил директор на изложби во архитектурата, а во 1926 бил избран за претседател на здружението на уметници и архитекти во германскиот „Werksbundu“. Во 1921, имало конкурс за берлински облакодер. За проектот, Мис не бил заинтересиран, па така овој проект останал во фаза на естетска студија без никакви употребни вредности. Зградата била едноставна, со стаклена фасада и влијаела на изгледот на облакодерите од 1940-тите и 1950-тите.
Во 1921 г. се развел, а на своето име и презиме го додал холандското „ван дер“ и мајчиното презиме „Рое“. Во 1927, станал директор на изложбата „Werkbund Expozition“. На изложбата, шеснаесет архитекти презентирале 320 проекти за изградба на градби, при што архитектите употребувале, пред сè психолошко и социолошко знаење, а градбите биле градени со употреба на современите материјали бетон и стакло. Тоа биле првите згради во кубичка форма и кои имале рамни кровови.
Во 1928, Мис бил директор на делот од изложбата во Барселона, при што му бил доверен Германскиот павилјон. Зградата служела како информативен центар и преноќиште. Во 1930, зградата била срушена, а во периодот 1983-1989 обновена, со што претставувала симбол на современата архитектура. Најзначајни биле употребените материјали, кои го спојјувале ентериерот со екстериерот на зградата. Спојот настанал, со потребата од движење на посетителите на изложбите. Истовремено, Мис работел и на проектот за изградба на вилата Тугендхат во Брно. Во тоа време ја проектирал и куќата за Емил Нолд и Херберт Герик, кои не биле толку познати. Од 1930 до 1933, рабоптел како директор на уметничкото училиште Баухаус, со кое раководел неколку проекти.
Во 1938, поради политичкката ситуација во Германија, се преселил во САД и уште истата година станал управник на оделот за архитектура на „Armour Institut“, подоцна „Institute of Technology“ во Чикаго, за кој предложил ареал и неколку згради.
Препознатлив знак за неговата работа во САД, бил челичниот скелет со моделирана правилна основа. Во овој стил ја изградил вилата Фарнсворт, која ја сфатил како отворен павилјон. Останати градби, кои биле градени врз основа на скелетна конструкција биле зградата на факултетот „Crown Hall“, за која била искористена идејата за спуштен таван, како во станбената зграда „Lake Shore Drive“ во Чикаго. Негово последно дело била Новата народна галерија во Берлин.
Смрт
уредиВо последните дваесет години од својот живот, Мис работел и ја осмислувал својата визија за споменикот „коска и кожа“. Тој се обидувал да проектира со слободен и отворен простор, затворен со минималното присуство на структурните редови. Мис ван ден Рое починал во 1969 и бил погребан во алејата на големите архитекти на гробиштата Грејсленд во Чикаго. Неговиот гроб е обележан со мало парче гранит и голема гранка од американски багрем.[1]
Дизајн
уредиЛудвиг Мис се занимавал и со дизајн и бил последен директор на уметничкото училиште Баухаус. Познат е по неговите зборови: „малото е многу“. Неговиот стол од Брно, која ја дизајнирал за семејството Тугендхат се изработува и денес. Слична слава има и неговиот стол во Барселона.
Галерија
уреди-
Реконструкција на германскиот пљвиљон за светската изложба (1929), Барселона
-
Вилата Естер (лево) и вилата Ланге (десно) во Крефелд
-
Зградата на IBM во Чикаго
-
Павилјон за светска изложба, детаљ 1
-
Павилјон за светска изложба, детаљ 2
-
Павилјон за светска изложба, детаљ 3
-
Павилјон за светска изложба, детаљ 4
-
Станбена зграда во Штутгарт
-
Поглед на галеријата од задната страна
-
Внатрешноста на Новата народна галерија, Берлин
-
860-880 Lake Shore Drive Apartments, Чикаго
Наводи
уреди- ↑ „Mies van der Rohe Dies at 83; Leader of Modern Architecture“. The New York Times]]. 19 август 1969. Посетено на 2007-07-21.
Mies van der Rohe, one of the great figures of 20th-century architecture, died in Wesley Memorial Hospital here late last night. He was 83 years old.
Не се допушта закосување или задебелување во:|publisher=
(help)
Литертура
уреди- Puente, Moisés (2008). Conversations with Mies Van Der Rohe. New York: Princeton Architectural Press. стр. 96. ISBN 9781568987538.
- Schulze, Franz (1985). Mies Van Der Rohe, a Critical Biography. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0226740595.
- Sharp, Dennis (1991). The Illustrated Encyclopedia of Architects and Architecture. New York: Whitney Library of Design. стр. 109. ISBN 082302539X.
- Spaeth, David (1985). Mies Van Der Rohe. New York: Rizzoli International Publications, Inc. ISBN 0847805638.
- Dejiny umenia, Michael V, Altpatov, Martin, 1976
- Могульский Г. К. Мис ван дер Роэ. Москва, 1969
- Всеобщая история архитектуры, т. 11. Москва, 1973
- А. В. Иконников. «Архитектура XX века. Утопии и реальность». Т1, Т2 М.: Прогресс-традиция, 2002.
Надворешни врски
уреди„Лудвиг Мис ван дер Рое“ на Ризницата ? |
- Изложба на делата на ван ден Рое во музејот на современа уметност во Њујорк во 2001 Архивирано на 8 ноември 2006 г.
- Great Buildings Architects
- Mies in Berlin-Mies in America
- Ludwig Mies van der Rohe YouTube Архивирано на 14 јули 2011 г.
- Mies van der Rohe Photo Gallery Архивирано на 11 јуни 2008 г.
- Mies van der Rohe Foundation Архивирано на 6 јуни 2013 г.
- Elmhurst Art Museum, featuring McCormick House
- Barcelona chair
- Richard King Mellon Hall, Duquesne University, Pittsburgh, PA
- The Farnsworth House, a property of the National Trust for Historic Preservation