Кејси Афлек

американски глумец

Кејлеб Кејси Мегвајер Афлек (роден на 12 август 1975 г.) — американски глумец и режисер.

Кејси Афлек
Афлек во 2016 година
Роден(а)12 август 1975(1975-08-12)(48 г.)
Фалмут, Масачусетс, САД
Активен период1988–сè уште
РодниниБен Афлек (брат)

Тој ја започнал својата филмска кариера уште како дете, појавувајќи се во телевизискиот филм Небо од лимон (1988) и во минисеријата на ABC, Кенедиеви од Масачусетс (1990). Тој подоцна играл улоги во три филмови режирани од Гас Ван Сан - Да се умре за (1995), Добриот Вил Хантинг (1997) и Гери (2002), и во филмската трилогија режирана од Стивен Содерберг - Единаесетмината на Оушн (2001), Дванаесетмината на Оушн (2004) и Тринаесетмината на Оушн (2007). Негова прва главна улога била улогата на депресивен писател во независната комична драма Осамениот Џим (2006).

Афлек направил исчекор во својата кариера во 2007 година. Тој бил номиниран за Оскар за најдобар глумец во споредна улога за вестерн драмата Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт Форд и добил дополнителни пофалби за улогата на приватен детектив во мистериозната драма Исчезната без трага, режирана од неговиот брат Бен Афлек. Во 2010 година, тој го режирал мокументарецот Сѐ уште сум тука, во кој играл неговиот зет Жоакин Феникс, и играл улога на сериски убиец во Убиецот во мене. Во 2016 година, Афлек играл неподмитлив детектив во криминалниот трилер Код 999, тивок инженер во Најдобрите часови, и ожалостен маж во драмата Манчестер покрај море. За улогата во Манчестер покрај море, тој ги добил наградите Златен глобус, БАФТА и Оскар за најдобар глумец.

Филмографија уреди

Филм уреди

Година Наслов Улога Белешки
1995 Да се умре за Расел Хајнс
1996 Трка со сонцето Даниел Вебстер
1997 Луд по Ејми Мало дете
1997 Добриот Вил Хантинг Морган О'Мали
1998 Пустинско синило Пит Кеплер
1999 200 цигари Том
2000 Кој ја уби Мона Боби Калцоне
2000 Верна жена Џеј
2000 Хамлет Фортинбрас
2000 Внимание купувачи Џед
2001 Единаесетмината на Оушн Виргил Малој
2001 Американска пита 2 Том Мајерс
2001 Бесмртни души Шон
2002 Гери Гери Исто така сценарист
2004 Дванаесетмината на Оушн Виргил Малој
2005 Осамениот Џим Џим
2006 Последниот бакнеж Крис
2007 Тринаесетмината на Оушн Виргил Малој
2007 Убиството на Џеси Џејмс од кукавицата Роберт Форд Роберт Форд
2007 Исчезната без трага Патрик Кензи
2010 Убиецот во мене Лу Форд
2010 Сѐ уште сум тука Себеси Исто и режисер, продуцент, сценарист, кинематографер и монтажер
2011 Грабеж на кулата Чарли Гибс
2012 Паранорман Мич Дауни Гласовна улога
2013 Нема светци во рајот Боб Мулдун
2013 Надвор од пеколот Родни Бејз Јуниор
2014 Интерстелар Том Купер
2015 Единство[1] Раскажувач Документарен филм
2016 Манчестер покрај море Ли Чендлер
2016 Најдобрите часови Реј Сиберт
2016 Код 999 Крис Ален
2017 Приказна за еден дух Ц

Телевизија уреди

Година Наслов Улога Белешки
1988 Небо од лимон Џери ТВ филм
1990 Кенедиеви од Масачусетс Роберт Кенеди (12–15 години) Минисерија
2010 Втората светска војна во ХД: Воздушна војна Џои Арманини (глас) ТВ филм

Наводи уреди

  1. Dave McNary (April 22, 2015). „Documentary 'Unity' Set for August 12 Release with 100 Star Narrators“. Variety. Посетено на May 1, 2015.

Надворешни врски уреди