Летни олимписки игри 1972

(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1972)

Јубилејните 20-ти Летни олимписки игри се одржале во Минхен во 1972 година. Градот Минхен за град-домаќин на игрите бил избран на 26 април 1966 година на 64-тата сесија на МОК во Рим. Останати кандидати биле Детроит, Мадрид и Монтреал.

XI Зимски олимписки игри
Games of the XX Olympiad
Games of the XX Olympiad

Град домаќин Сапоро, Јапонија
Бр. на држави 121
Бр. на спортисти 7170 (6075 мажи, 1095 жени)
Натпревари 195 од 23 спортови
Отворени 3 февруари
Затворени 13 февруари
Официјално отворени од: Густав Хајнеман [1]
Спортска заклетва Хајди Шулер
Олимписка заклетва Хајнц Полеј
Олимписки оган Гунтер Цан
Стадион Отворен стадион Макомани
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1972
Град Земја Прв круг Втор круг
Минхен Западна Германија 29 31
Мадрид Шпанија 16 16
Монтреал Канада 6 13
Детроит САД 6 -

Игрите биле втори коишто се одржале во Германија по Летните олимписки игри - 1936 во Берлин. Но, овие игри имале за цел да го покажат демократското општество, оптимизмот и задоволството на германскиот народ. Игрите уште биле наречени „Среќните игри“. Амблемот на игрите бил сончев круг составен од светлосини цртички, а бил наречен „Светлото сонце“. Игрите биле први во историјата коишто имале и маскота за свое обележје. Маскота било кучето наречено „Валди“. На игрите биле промовирани и нови симболи од страна на Отл Ајхер. Но, и покрај големата посветеност и желбата за зближување и другарување на спортистите од целиот свет, на 5 септември група од 8 Палестинци влегла во Олимпиското село и убиле 11 израелски спортисти по што целата израелска олимписка делегација ги напуштила игрите. Овој немил настан во историјата е познат како Минхенскиот масакар.

Ретроспектива

уреди
  • Марк Шпиц поставил светски рекорд во пливање и освоил 7 златни медали. Со тоа станал спортистот којшто освоил најмногу златни медали на едни Олимписки игри. По него, тоа никој не успеал да го постигне. Со двете злата од Мексико Сити 4 години пред тоа, Марк Шпиц освоил вкупно 9 златни медали на Олимписките игри. Бидејќи бил Евреин, Шпиц морал да го напушти Минхен пред церемонијата на свеченото затворање на игрите поради можноста и тој да биде жртва на Минхенскиот масакар.
  • Олга Корбут станала вистинска медиумска ѕвезда освојувајќи златен медал во гимнастика во екипен повеќебој, но пропуштајќи голема шанса да победи и во поединечниот повеќебој. По нејзиниот пад, златото го освоила Људмила Туришчева. Сепак, Олга освоила уште два златни медали, на греда и партер.
  • Во финалето на Олимпискиот турнир во кошарка Советскиот Сојуз ги победил САД со што ја прекинал серијата на победи којашто траела без прекин уште од воведувањето на кошарката во Олимписката програма на Летните олимписки игри - 1936. При рзеултат од 49-48, Даг Колинс од САД на 3 секунди до крајот ги реализирал двете слободни фрлања за водство на својот тим од 50-49. Но, при изведувањето на второто слободно фрлање сирената се огласила. На семафорот стоело 0:01, но всушност имало учте 3 секунди игра за кои се бунеле и кошаркарите од СССР. Според официјални извори, сирената се огласила поради тајмаутот којшто го побарале СССР. Часовникот требал да се врати за 3 секунди, но на семафорот стоело 0:50, па кошаркарите на САД започнале да слават. Но дека времето треба да се врати, протестирал и генералниот секретар на ФИБА Ренато Вилијам Џонс од Велика Британија. Времето било вратено, а Сергеј Белов ја фрлил топката од кош на кош. Неа ја прифатил Александар Белов којшто ги постигнал победничките бодови. САД се жалеле до ФИБА, но нивната жалба била одбиена со резултат 3-2 (ја прифатиле Италија и Порторико, а ја одбиле Унгарија, Полска и Куба). Кошаркарите на САД во знак на протест не излегле да бидат одликувани со сребрените медали. СССР сосема заслужено ги победиле самобендисаните американски кошаркари со 51-50.
  • Ласе Вирен од Финска победил во трките на 5.000 и 10.000m со пад на двојно подолгата делница. Истото го повторил и на Летните олимписки игри - 1976 одржани во Монтреал.
  • Валери Борзов победил во трките на 100 и 200m победувајќи ги во трката на 100m фаворизираните американски атлетичари Реј Робинсон и Еди Харт. Борзов е единствениот атлетичар од Советскиот Сојуз којшто освоил злато на најкратката атлетска делница на Олимписките игри.
  • Двајца црномурести американски атлетичари на 400m, Винсент Метју и Вејн Колет се шегувале на свечената церемонија на доделување на медалите, а ја исмејувале и химната на САД по што биле доживотно дисквалификувани, слично како и нивните сонародници Томи Смит и Џон Карлос на игрите 4 години пред тоа.
  • Дејв Вотл го изненадил Јевгени Аржонов и победил во трката на 800m. Големиот успех му го донел прекарот „Главниот Вотл“.
  • Австралијанската пливачка Шејн Голд освоила 3 златни медали, 1 сребрен и 1 бронзен со само 15 години.
  • Спортовите ракомет и стреличарство се вратиле во Олимписката програма на овие игри.
  • Во спортот кано за првпат била воведена слалом трка.
  • Ден Гебл освоил злато во борење, а при тоа без неговите противници да освојат бодови.
  • Вим Руска станал првиот спортист којшто освоил 2 златни медали во џудо.
  • За првпат Олимписката заклетва била дадена од претставник од судиите.
  • Американецот Франк Шортер победил во маратонот во својот град (е роден во Минхен). Во последните 400m од маратонот германскиот студент Норберт Зудхаус облечен во дрес се појавил прв на стадионот и првпоминал низ целта и сите започнале да прославуваат сè додека не било утврдено од официјалните лица дека тој се шегува. И Шортер со големе чудење го здогледал студентот Зудхаус пред себе.
  • На 11 септември бил ураден авион во Штутгарт и се појавиле гласини дека се подготвува терористички чин за церемонијата на затворање на Олимписките игри и дека е можно на Олимпискиот стадион да е поставена бомба. Затоа бил информиран и германскиот канцелар Вили Брант кој веднаш му наложил на министерот за одбрана Георг Лебер да го пронајдат украдениот авион на радар и ако е можно дури и да го уништат само што е можно подалеку од Минхен. Најпрвин авионот не се појавил на радар, но потоа бил пронајден еден авион за којшто било утврдено дека е цивилен. Украдениот авион никогаш не бил пронајден.
  • Бадминтон и скијање по вода биле демонстративни спортови.

Спортови

уреди

Демонстративни спортови

уреди

Земји-учеснички

уреди
 
Со сина боја се обележани земјите коишто дебитираат на Олимписките игри

Освојувачи на медали

уреди
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР 50 27 22 99
2   САД 33 31 30 94
3   Источна Германија 20 23 23 66
4   Западна Германија (домаќин) 13 11 16 40
5   Јапонија 13 8 8 29
6   Австралија 8 7 2 17
7   Полска 7 5 9 21
8   Унгарија 6 13 16 35
9 Бугарија 6 10 5 21
10   Италија 5 3 10 18

Наводи

уреди
  1. International Olympic Committee (9 октомври 2014). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games of the Olympiad". Соопштение за печат.

Надворешни врски

уреди