Жарко Башески
Жарко Башески (11 август 1957 во Прилеп) е познат македонски вајар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје[1].
Жарко Башески | ||
Роден | 11 август 1957 Прилеп, НР Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | вајар |
Животопис
уредиБашески е роден во Прилеп на 11 август 1957 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на Петар Хаџи Бошков. Постдипломските студии ги завршил во 1998 година на матичниот факултет, во класата на Драган Поповски-Дада, каде што во тој момент работел како стручен соработник. Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби). Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности[2].
Изложби
уредиСамостојни Изложби:
уреди- 2016 Скопје, Национална галерија, Ordinary Human
- 2015 Париз, галерија Helene Nougaro, "Adam And Eve - Eternal Resumption"
- 2014 Цетиње, Уметничка галерија на Црна Гора "Miodrag Dado Đurić изложба "Behind the Look"
- 2013 Нирнберг, Уметничка галерија „Бунсен Гете“[3]
- 2011 Венеција, 54-то Интернационално биенале – Прескок
- 2010 Охрид, КИЦ “Глигор Прличев”
- 2010 Прилеп, Уметничка галерија – Културен центар “Марко Цепенков”
- 2010 Скопје, Културен информативен центар
- 2010 Њуjорк, Галерија „МС“
- 2004 Скопје , Скулптури, Музеј на Град Скопје
- 1998 Скопје Скулптура-Temple Hram, Музеј на современа уметност
- 1997 Скопје , Уметничка галерија – Даут Пашин Амам
- 1994 Скопје , Културен информативен центар
- 1993 Битола, Уметничка галерија
- 1993 Прилеп, Уметничка галерија – Културен центар “Марко Цепенков”
- 1984 Прилеп, Уметничка галерија – Културен центар “Марко Цепенков”
Групна изложба (селекција):
уреди- 2016 Монтереи Мексико Museo de arte contemporaneo "50 years of Hyper realistic Sculpture"
- 2016 Билбао Шпанија, Museo de Bellas Artes de Bilbao, "50 years of Hyper realistic Sculpture"
- 2015 Dox, Прага, "Brave New World"
- 2015 Рига,Латвиа, "My Heart Is A Tiger"
- 2014 Цетиње, Црногорска галерија на уметноста „Миодраг Дадо Ѓуриќ“[4]
- 2014 Скопје, Зимски Салон, Мултимедијален центар "Мала станица"
- 2014 Skopje, Национална Галерија на Македонија, "Paris je t'aime"
- 2012 "Malta Arts Festival 2012"
- 2011 35-та Годишнина на Факултет за Ликовни Уметности, Музеј на Современа Уметност на Македонија
- 2008 Скопје, Плоштад Македонија, Музеј на Град Скопје
- 2008 Бари (Италија), Презентација на Македонската Култура
- 2005 Њујорк Галерија, МЦ
- 2004 Скопје, Изложба од колекцијата на Град Скопје
- 2004 Скопје, ДЛУМ Годишна Изложба
- 2003 Скопје, Портрет, ДЛУМ
- 1998 Скопје, Зимски Салон Уметничка Галерија
- 1997 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
- 1997 Скопје, ХАФРА Галерија
- 1996 Скопје, Инсталација, Чифте Амам
- 1996 Скопје, Куќа на АРМ
- 1996 Г. Милановац (СЦГ), IV Интернационално Бианале на Минијатурна Уметност
- 1996 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
- 1995 Истанбул, (Турција)
- 1995 Феитфиел, Арканзас (Америка)
- 1995 Скопје, Изложба на Применетите Уметности од Колонија во Прилеп,
- 1994 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
- 1993 Скопје, Цртежи, ДЛУМ Годишна Изложба
- 1993 Скопје, Изложба на 14 професори од Факултетот за Ликовни Уметности, АНИМА Галерија
- 1993 Темпи, Аризона (Америка), Цртежи, Уметничка Галерија Ведерспон
- 1993 Скопје, Мала Пластика, Уметничка Галерија
- 1993Скопје, Цртежи – Биенале, Национална Библиотека, Климент Охридски,
- 1993Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
- 1992 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
- 1991 Скопје, Мала Пластика, Уметничка Галерија
- 1990 Скопје, 10-та Годишнина од основањето на ФЛУ, АНИМА
- 1989 Скопје, II Биенале на Млади, Музеј на Современа Уметност, Скопје
- 1989 Скопје , ДЛУМ, Годишна Изложба
- 1988 Скопје , Дипломирани Студенти на ФФА
- 1989 Скопје , ДЛУМ, Годишна Изложба
- 1984 Скопје , Случување, Младински Центар
Награди
уредиБашески е добитник на наградата „Нерешки мајстори“ за скулптура, која се доделува од страна на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, за време на 51. редовна годишна изложба на ДЛУМ.[5].
На 5 февруари 2014 година, во рамките на петнаесеттото издание на ликовната манифестација "Зимски салон", Башески освоил "Гран при" за најдобра скулптура, за делото "Венера", изработенно во полиестер-силикон. Притоа, во каталогот подготвен за изложбата, делото "Венера" е оценето како "впечатливо и многузначно остварување што ги поместува границите на разбирањето на скулптурата кај нас. Делото се поигрува со вајарската традиција и го изместува воспоставениот однос меѓу гледачот и скулптурата.[6].
Надворешни врски
уреди- www.zharkobasheski.com - Официјално мрежно место
Наводи
уреди- ↑ Жарко Башески, (Каталог), предговор Конча Пиркоска, Скопје, 1997
- ↑ Жарко Башески, Скулптура – Храм – Темпле, Скопје, 1998
- ↑ "Скулптури на Башески во Нирнберг", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 20.
- ↑ „Ботев и Башески изложуваат во Цетиње“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
- ↑ И, В (2003). „"Александар" на вајарот Жарко Башески му донесе награда“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-01-08.
- ↑ "Венера" на Жарко Башески" најдобра на "Зимскиот салон", Дневник, година XVIII, број 5385, петок, 7 февруари 2014, стр. 21.