Хауард Зин (24 август 192227 јануари 2010) бил американски историчар, драматург и активист. Автор на над дваесет книги, од кои најпозната е „Народна историја на САД“. Себеси некогаш се опишувал како демократски социјалист, а некогаш како анархист.

Хауард Зин

Хауард Зин е роден во сиромашно семејство на еврејски имигранти во Бруклин. Израснал во дом без списанија и книги, а горел од желба за читање. Собирајќи купони од „Њујорк пост“, го добива комплетот книги од Чарлс Дикенс.

На 16 години се вработува во бродоградилиште. Таму станува синдикален организатор и чита левичарска литература.

Во текот на Втората светска војна, се пријавува како доброволец во американската авијација. Учествува во бомбардирањата на цели во Берлин, Чехословачка и Унгарија. Неговиот подоцнежен пацифизам делумно се темели врз неговите искуства во текот на војната. Неговата ескадрила е првата која употребила напалм во април 1945 г. „Го бомбардиравме малото француско село Роајан, покрај кое имаше 2.000 германски војници кои чекаа да се предадат. Едноставно ги испрживме. Меѓутоа, од таа височина не можеш да го видиш и да го слушнеш тоа“.

По враќањето од војната продолжува да се школува. Дипломира историја на Њујоршкиот универзитет и го продолжува образованието на Колумбија, каде докторира историја и политички науки.

Во 1956 г. добива работа како предавач на Спелман колеџот, женски колеџ за црни студентки во Атланта, Џорџија, каде е единствениот бел професор. Бил еден од ретките професори кои им се придружиле на студентките во движењето за граѓански права.

Во 1963 го бркаат од Спелман колеџот, по што во 1964 година се вработува во Бостонскиот универзитет, каде останува како професор до 1988 година, кога се пензионира.

Покрај во движењето за граѓански права, Зин зема активно учество и во антивоеното движење против Виетнамската војна. Северновиетнамските власти го одредуваат како еден од тројцата посредници кои ќе ги вратат тројцата заробени американски пилоти. Тогаш во Ханој 1968 г. за првпат бил, како што самиот вели, од другата страна на бомбата. Тоа искуство само го зацврстува неговиот антивоен активизам.

Надворешни врски уреди