Баварија
Слободната покраина Баварија (Германски: Freistaat Bayern), со површина од 70.553 км2 и 12,4 милиони жители, е една од двете најјужни сојузни покраини во Германија. Нејзин главен град е Минхен.
Знамиња | |
---|---|
ромбоидна варијанта | пругава варијанта |
Грб | |
Статистика | |
Главен град: | Минхен (München) |
Површина: | 70.553 км2 |
Жители: | 12.444 милиони (2004-12-31) |
Густина на насел.: | 176 жит/км2 |
Мрежно место: | bayern.de Архивирано на 5 март 2005 г. |
ISO 3166-2: | DE-BY |
Политика | |
Премиер: | Хорст Зихофер (ХСУ) |
Владеачка партија: | ХСУ |
Мапа | |
Географија
уредиБаварија има меѓународни граници со Австрија и Чешка. Соседни германски покраини се Баден-Виртемберг, Хесен, Тирингија и Саксонија. Две поголеми реки течат низ покраината: Дунав и Мајна. Баварските Алпи ја дефинираат границата со Австрија, а на нив се наоѓа и највисокиот врв во Германија - Цугшпице.
Поголеми градови во Баварија се Минхен, Нирнберг , Аугсбург, Регенсбург, Вурцбург, Инголштат, Фирт и Ерланген.
Политика
уредиБаварија има уникамерален Landtag, односно покраински парламент, кој се бира со универзално гласачко тело. Сѐ до декември 1999 постоеше Senat (сенат) чиишто членови се бираа од општетсвени и економски групи во Баварија, но по референдумот во 1998 година, оваа институција се укина. Претседател на парламентот е премиерот.
Баварија долго време беше бастион на конзервативната политика во Германија, а Христијанската Социјална Унија беше на власт до 1946 година. Секој премиер до 1957 беше член на оваа политичка партија.
Во 1995 година, Баварците одлучија да воспостават директна демократија на локално ниво преку референдум. Ова беше иницирано од асоцијацијата наречена Mehr Demokratie (Повеќе Демократија). Во 1997 година, Баварскиот Врховен Суд ги отежнуваше овие промени. Како и да е, Баварија има најнапреднати регулации на локална директна демократија во Германија.
Во изборите од 2003, ХСУ доби повеќе од две третини учество во баварскиот парламент. Ниедна партија од повоена Германија не го постигнала ова.
Од историска гледна точка, Баварија беше една од најлибералните покраини, сѐ додека руралните области Швабија и Франконија беа анектирани во 1814/15 на конгресот во Виена.
Кралството Баварија и Војводството Баден беа првите германски покраини кои имаа устав во раниот 19 век.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Баварија
- Преглед на Баварија Архивирано на 23 април 2006 г., нејзината историја и култура
- Bayern Viewer, воздушни снимки и карти на Баварија
- Детална карта на Баварија
- Кралската Куќа на Баварија, на германски
- Информации за Баварија Архивирано на 5 април 2006 г.
- Баварски Танчери - Баварско - Американска Култура Архивирано на 16 јануари 2008 г.
- Извештај: Директна Демократија во Баварија Архивирано на 31 декември 2005 г., англиска и германска верзија
- Одмор во Баварија Архивирано на 11 мај 2011 г.