< XX век XXI век XXII век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100

2022 (MMXXII) е година според грегоријанскиот календар. Тоа е 2022 година од новата ера, а воедно и 22. година од 3. милениум и XXI век, како и трета од 2020-тите.

2022 во разни календари
Грегоријански календар2022
MMXXII
Ab urbe condita2775
Ерменски календар1471
ԹՎ ՌՆՀԱ
Асирски календар6772
Бахајски календар178–179
Балиски календар1943–1944
Бенгалски календар1429
Берберски календар2972
Будистички календар2566
Бурмански календар1384
Византиски календар7530–7531
Кинески календар辛丑(мет. вол)
4718 или 4658
    — до —
壬寅年 (вод. тигар)
4719 или 4659
Коптски календар1738–1739
Етиопски календар2014–2015
Еврејски календар5782–5783
Хиндуистички календари
 - Викрамска ера2078–2079
 - Сачка ера1943–1944
 - Кали-југа5122–5123
Холоценски календар12022
Игбоански календар1022–1023
Ирански календар1400–1401
Исламски календар1443–1444
Јапонски календарРејва 4
(令和4年)
Јавански календар1955–1956
Џуче-календар111
Јулијански календаргрегоријанската без 13 дена
Корејски календар4355
Мингуо-календарТајван 111
民國111年
Нанакшахи554
Тајландски сончев календар2565
Тибетски календар阴金牛年
(женско железо-вол)
2148 или 1767 или 995
    — до —
阳水虎年
(машка вода-тигар)
2149 или 1768 или 996
Униксно време1640995200 – 1672531199

Други календари

уреди

Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7530 и 7531 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6772 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5782 и 5783 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2775.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2022 година се протега во 4658 и 4659, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4718 и 4719 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2565. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1443 и 1444 исламска година.

Настани

уреди
  • 8 септември — со смртта на неговата мајка, Елизабета II, Чарлс III станува крал на Обединетото Кралство.

Личности

уреди
  • ...

Откритија

уреди
  • ...

Надворешни врски

уреди