Доминик Нерц

германски друмски велосипедист

Доминик Нерц (германски: Dominik Nerz; р. 25 август 1989) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2008-2016.

Доминик Нерц
Нерц во текот на Енеко Тур 2010
Лични податоци
Цело имеДоминик Нерц
Роден25 август 1989 (1989-08-25) (30 г.)
Ванген во Алгој, Германија
Висина1,78 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубПензиониран
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Професионални клубови
2008
2009
2010
2011–2012
2013–2014
2015-2016
Иста
Континентална екипа Милрам
Тим Милрам
Ликвигас-Канондејл
БМЦ Рејсинг Тим
Бора-Аргон 18

Иако бил јуниорски национален првак во велодромски велосипедизам, Нерц главно вози како друмски велосипедист. По бројни победи како младинец, тој се придружил на развојната екипа Тим Милрам и го освоил германското друмско првенство под 23 години. По една сезона за континенталната екипа Милрам, тој му се придружил на сениорскиот состав и станал професионалец.[1]

По распаѓањето на Милрам, му се придружил на Ликвигас-Канондејл за 2011,[2] и возел на неговиот прв Гранд Тур подоцна истата година - Вуелта а Еспања 2011. Возејќи како поддршка на Винченцо Нибали, тој завршил 38. во генералниот пласман и бил највисоко пласиран Германец во крајниот пласман. Тој исто така завршил трет на етапата 18 и тоа било негов најдобар резултат таа сезона.[3]

Нерц го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на БМЦ Рејсинг Тим за сезоната 2013.[4] Во септември 2014 година, Бора-Хансгрое објавил дека со Нерц потпишале двегодишен договор од 2015 година, како предводник на екипата за големите трки и слични етапни трки.[5]

Во октомври 2016 година, Нерц потврдил дека се повлекува од трки поради здравствени причини.[6]

ДостигнувањаУреди

2006
  Национален јуниорски првак, индивидуална потера
2007
1. Краен пласман Џиро дела Тоскана (јуниорска)
1. Етапа 1
1. Етапа 3a Трофео Карлсберг
2008
3. ГП Хидраулика Миколасек
2009
7. Краен пласман Џиро дел Фурланија-Јулиска Краина
  Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 6 Џиро дела Вале д’Аоста
2010
8. ГП Кантон Аргау
2012
2. Трка околу Франкфурт
5. ГП Мигел Индураин
2014
9. Краен пласман Трка околу Полска
2015
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро
  Тур 47 СО
  Вуелта 38 14 18

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. Ричард Тајлер (28 септември 2009). „Милрам потпиша со Нерц двегодишен договор“. Cycling News. Future Publishing Limited. конс. 30 септември 2011. 
  2. Бери Рајан (13 октомври 2010). „Кинг, Дуган и Вург потврдија за Ликвигас-Канондале“. Cycling News. Future Publishing Limited. конс. 30 септември 2011. 
  3. Steiler Aufstieg (22 септември 2011). „Dominik Nerz aus Wangen blüht bei seiner ersten Spanien-Rundfahrt so richtig auf“ [Dominik Nerz of Wangen blooms in his first Tour of Spain] (германски). конс. 30 септември 2011. 
  4. Аткинс, Бен. „Доминик Нерц и Даниел Ос во БМЦ Рејсинг Тим за 2013“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 август 2012 (посет. 6 август 2012 г).
  5. „Нерц во Тим Бора во 2015 година“. Сyclingnews.com. 15 септември 2014. конс. 5 октомври 2014. 
  6. „Bora-Hansgrohe finalise 2017 roster with McCarthy, Pelucchi and Saramotins signings“. cyclingnews.com. 14 октомври 2016. конс. 14 октомври 2016. 

Надворешни врскиУреди