Ненад Стојановски
Ненад Стојановски (Скопје, 19 август 1952 — Скопје, 14 јули 1998) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Бил оженет со глумицата Силвија Стојановска и имале две ќерки Ана и Јана[1], кои денес се познати глумици во Македонија.
Ненад Стојановски | ||
Роден | 19 август 1952 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Починал | 14 јули 1998 Скопје, Македонија | (возр. 45)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Време, живот Среќна Нова ’49 Диво месо Болва в' уво Трговецот од Солун Илинден Трст виа Скопје До-ре-ми Од зад грб | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Силвија Стојановска | |
Деца | Ана Стојановска Јана Стојановска |
Животопис
уредиПо членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар - Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.
Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.
Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1975 | Илинка ТВ-филм | Дејан |
1976 | Цимерите од соба 306 ТВ-филм | |
1977 | Пресуда ТВ-филм | |
1977 | Сослушувањето на железничарот ТВ-филм | |
1981 | Лет во место ТВ-филм | Михајло |
1982 | Илинден ТВ-серија | Орце |
1983 | Записник ТВ-филм | |
1983 | Премиера ТВ-филм | Војдан Чернодрински |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | Учителот |
1984 | Лет во место ТВ-филм | |
1984 | Диво месо ТВ-филм | Андреја |
1984 | Дупло дно ТВ-филм | Јаков 3 |
1984 | Камчевци ТВ-серија | |
1985 | На наш начин ТВ-филм | Записничарот |
1985 | Од зад грб ТВ-филм | Санде |
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | Војдан |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Гоце Делчев |
1985 | Бушава азбука ТВ-серија | |
1986 | Состојба пред инфаркт ТВ-филм | Огнен Георгиевски |
1987 | Трето доба ТВ-филм | |
1987 | Смртта на Дантон ТВ-филм | Дантон |
1987 | Народни трибуни ТВ-серија | |
1987 | Хај-фај ТВ-филм | Матеј |
1988 | Скопски сновиденија ТВ-филм | Ликовен уметник |
1988 | Мојсие од моето масло ТВ-филм | Градоначалник |
1988 | Црна дупка ТВ-филм | Силјан |
1989 | Тврдокорни ТВ-серија | Ѓурчин Наумов Пијакот |
1989 | Еурека ТВ-серија | Леонардо Да Винчи |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Кирил |
1990 | ДО РЕ МИ ТВ-серија | Уметникот |
1990 | Кула вавилонска ТВ-филм | Манјан |
1990-1991 | Опстанок ТВ-серија | Учител |
1991 | Болва в' уво ТВ-филм | |
1991 | Царуга ТВ-филм | Лајтнант |
1992 | Заминување од Пасквелија ТВ-филм | Растаков |
1992 | Време, живот ТВ-филм | |
1992 | Сили во воздухот ТВ-филм | Миле |
1992 | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | |
1993 | Грев или сприцер ТВ-филм | Крсте Сприцер |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Марко Цепенков |
1997 | Ojdipus Tiranos Sofocleus ТВ-филм | Тајресија |
1997 | Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм | |
1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-филм | Човекот со железната рака |
1998 | Бегство ТВ-филм | Роман Валеријановиќ Хлудов |
1999 | Време, живот ТВ-филм |
Награди
уреди- Награда на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Андреја во претставата „Диво месо“ (Нови Сад, 1980);
- Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата „Бркотница“, (Прилеп, 1981);
- Награда за најдобра епизодна улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата „Бркотница“ (Прилеп, 1981);
- Награда за глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Пиги во претставата „Среќна Нова '49“ (Прилеп, 1985);
- Награда 11 Октомври за улогата на Јаков III во претставата „Дупло дно“ (1985);
- Награда за најдобро глумечко остварување на ревијата Екран за улогата на Пиги во претставата „Среќна Нова '49“ (1986);
- Награда од списанието Дневник од Нови Сад за најдобро глумечко остварување на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Миле во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989);
- Златен медал на Театарските свечености „Љубиша Јовановиќ“, за улогата на Дамјан во претставата „Кула вавилонска“ (Шабац, 1990).[2]
Наводи
уреди- ↑ Risto Stefanovski (1998). Letopis na makedonskata drama i na teatarot vo Makedonija. Direkcija za kultura i umetnost.
- ↑ „Личности, Македонски автори: Сеќавања“. Институт за театрологија. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2010-12-03.
Надворешни врски
уреди- Ненад Стојановски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)