Нехат Беќири

македонски сликар

Нехат Беќири (албански: Nehat Beqiri; р. 1 август 1967 во Тетово) — македонски сликар и универзитетски професор на Тетовскиот универзитет.[1]

Нехат Беќири
Роден Нехат Беќири
1 август 1967(1967-08-01)(56 г.)
Тетово, СФРЈ СФР Југославија
Националност Албанец
Занимање сликар

Животопис уреди

Беќири е роден во Тетово на 1 август 1967 година. Дипломирал во 1991 сликарски оддел, во класата на професорот Муслим Малиќи и магистрирал во 2001 година на Факултетот за ликовни уметности во Приштина. Самостојно излагал во Тетово, Скопје, Приштина, Париз и други македонски градови.[2] Создава експресивни фигуративни композиции и дела во духот на новата апстракција.[1] Освен со сликарство, Беќири се занимава и со вајарство, дизајн, илустрации и графики.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бигла“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 149. Text "series " ignored (help)
  2. „Изложба на Нехат Беќири во Неготино и Дебар“. Контрапункт. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на 2009-10-30.

Надворешни врски уреди