Чудовиште од Лох Нес
Чудовиштето од Лох Нес — животно кое наводно живее во езерото Лох Нес, планинскиот дел на Шкотска. Тоа е слично на другите наводни езерски чудовишта во Шкотска и насекаде, иако неговиот опис варира од еден до друг приказ. Популарниот интерес и вербата во животното варираше откако го сврте вниманието на светот во 1933 година. Доказ за неговото постоење е во голема мера анегдотичен, со минимален и повеќе оспоруван фотографски материјал и сонарни мислења. Научната заедница го смета чудовиштето Лох Нес како модерен мит и ги објаснуваат забележувањата како мешавина од лаги и неостварлива желба. Легендарното чудовиште е нежно наречено со деминутивот Неси (Nessie) (шкотско келтски: Niseag) од 1950-тите.
Терминот „чудовиште“ e наводно создаден на 2 мај 1933 година од Алекс Кемпбел, надзорникот на водите на Лох Нес и хонорарен новинар, во известување за Инвернес Куриер (Inverness Courier).
На 4 август 1933 година, Куриер го објави како целосна новост тврдењето на маж од Лондон, Џорџ Спајсер (George Spicer), дека неколку недели порано додека се возел со моторот околу езерото, тој и неговата жена го виделе ,,најблиското приоѓање на змеј или праисториско животно што сум го видел во мојот живот”, кое се тркалало преку патот кон езерото, носејќи ,,животно" во неговата уста. Други писма се појавуваа во Куриер, најчесто анонимни, со тврдења дека виделе нешто во водата или на копното, или на делот на писателот или на деловите на фамилијата, познавање или приказни кои им биле кажани.
Овие приказни брзо достигнаа на националниот (а подоцна и на меѓународниот) печат, во којшто се зборуваше за ,,рибата-чудовиште”, ,,морска змија” или ,,змеј”, одредени според ,, Чудовиштето од Лох Нес”. На 6 декември 1933 година, беше објавена првата наводна фотографија од чудовиштето, направена од Хју Греј (Hugh Gray), и кратко потоа животното се здоби со официјално предупредување кога државниот секретар на Шкотска и нареди на полицијата да спречи каков било напад врз него. Во 1934 година, интересот заискри од познатата фотографија од хирургот. Во истата година Р.Т. Гулд (R.T. Gould) објави книга, првата од многуте која го опишува личното истражување на авторот и собрани докази од додатни извештаи кои му претходат на летото во 1933 година. Други автори изјавија дека забележувањата на чудовиштето отишле сè до оние од 6 век (види подолу).
Историја
уредиСвети Колумба
уредиНајраниот извештај за чудовиште поврзано со околината на Лох Нес, е пронајден во Животот на Св.Колумба од Едомнан (Adomnán), напишан некаде во текот на 7 век. Според Едомнан, кој пишува после околу еден век за настаните кои ги опишал, монахот Св.Колумба, престојувал во земјата на Пиктите со неговите пријатели, кога наишле на месни жители што закопувале човек до реката Нес. Тие објасниле дека човекот додека пливал во реката бил нападнат од „воден ѕвер“ којшто го распарчил и го повлекол надолу. Пробале да го спасат со чамец, но биле способни само да го извлечат неговиот труп. Кога го чул ова, Колумба ги стаписал Пиктите со испраќање на неговиот ученик Луињ Моку Мин (Luigne moccu Min) да ја преплива реката. Ѕверот дошол по него, но Колумба го направил знакот на крстот и наредил:,,Не оди понатаму. Не го допирај човекот. Врати се веднаш”. Ѕверот веднаш застанал како да бил ,,завлечен со јажиња” и преплашено избегал, а луѓето на Колумба и паганските Пикти му заблагодариле на Господ за чудото.
Верниците во чудовиштето на Лох Нес, често упатуваат на оваа приказна, којашто видливо зазема место на реката Нес, а не на самото езеро, која била доказ за постоењето на животното веќе во 6 век. Сепак, скептиците ја испитале веродостојноста на раскажувачот, забележувајќи дека приказните за водниот ѕвер биле премногу слични со Животи на средновековните светци и како таква приказната на Едомнан е најверојатно преработка на општ мотив поврзан со локална знаменитост. Според скептиците, приказната на Едомнан може да биде целосно независна од модерната легенда за чудовиштето од Лох Нес, само ако биде поврзана со тоа во ретроспектива од верниците кои бараат потпомагање на нивните тврдења. Покрај тоа, во статија за Криптозоологија, А.К.Томас (A.C. Thomas) забележува дека дури и ако има некоја вистина во приказната, може да биде рационално објаснета со средба со морж или слично животно кое го има во реката.
Спајсерс (1933 година)
уредиМодерниот интерес за чудовиштето заискри со забележувањето од 22 јули 1933 година, кога Џорџ Спајсер (George Spicer) и неговата жена ја виделе најневообичаената форма на животно која поминувала преку патот и излегло пред нивната кола. Тие рекле дека животното има големо тело (околу 4 стапки ( 1 метар) високо и 25 стапки (8 метри) долго), и долг, тесен врат, малку подебел од сурлата на слон и долг како пречникот на патот, од три до 12 стапки (3,0-3,7 метри); вратот имал многу брчки. Тие не виделе екстремитети, можеби заради вдлабнатините на патот кои го замрачиле долниот дел на животното. Нагло се свртело од патот накај езерото на растојание од 20 јарди (20метри), оставајќи само бразда од скршени грмушки од својата трага. Во август, 1933 година, еден мотоциклист по име Артур Грент (Arthur Grant), тврдел дека за малку ќе удрел во животното додека се приближувал до Абриахан (Abriachan) на североисточниот брег, околу 1 часот по полноќ на месечева светлина. Грент тврдел дека видел мала глава припоена на долг врат и дека животното го видел, се отргнало од патот и се вратило назад во езерото. Грент рекол дека станал од моторот и го следел до езерото, но видел само бранови. Сепак, некои веруваат дека оваа приказна била планирана како хумористично објаснување на несреќа со мотор.
Во друго забележување од 1933 година, млада слугинка по име Маргарет Мунро (Margaret Munro), наводно го набљудувала животното околу 20 минути. Таа тврдела дека тоа било во 6:30 изутрината на 5 јуни, кога го набљудувала на оддалеченост од 200 јарди (180 метри) од брегот. Според нејзниот опис, тоа имало кожа како на слон, долг врат, мала глава и две кратки предни нозе или перки. Набљудувањето наводно завршило кога животното се вратило назад во водата.
Повремените забележувања продолжиле сè до 1963 година, кога била направена снимка со слаб квалитет на животното на далечина од неколку милји.
Фарел (1943 година)
уредиВо мај 1943 година, на К.Б. Фарел од Британските набљудувачки служби, му било одвлечено вниманието од должностите поради забележувањето на Неси. Тој тврдел дека бил оддалечен околу 250 јарди (230 метри) од големото животно ,,со перки”, со тело долго од дваесет до триесет стапки (6-9 метри) и врат којшто штрчел од водата со околу 4-5 стапки (1,2-1,5 метри) должина.
Хидролокаторен контакт (1954 година)
уредиВо декември 1954 година, бил забележан необичен хидролокаторен контакт во риболовниот брод Соперник III. Екипажот на бродот набљудуваше хидролокаторни знаци од голем објект кој одел во чекор со бродот на длабочина од 480 стапки (146 метри). На овој начин се манифестирало движењето на половина милја (800 метри), пред контактот да биде изгубен, за да подоцна пак биде воспоставен. Претходно биле направени многу хидролокаторни обиди, но повеќето од нив биле неодредени или негативни.
Фотографии и снимки
уреди,,Фотографијата од хирургот” (1934 година)
уредиЕдна од највпечатливите слики на Неси е позната како ,, фотографијата од хирургот”, за која порано се сметало дека е добар доказ за чудовиштето. Нејзината важност лежи во фактот дека била единствена фотографија како доказ за ,,глава и врат” – сите останати се нецелосни и безредија. Сликата е прогласена за измама во 1994 година.[1] Наводно, била сликана од страна на Роберт Кенет Вилсон (Robert Kenneth Wilson), гинаеколог од Лондон, и била објавена во Дејли Меил на 21 април 1934 година. Одбивањето на Вилсон да биде поврзано неговото име со фотографијата, придонесе да таа биде нарекувана како ,,фотографијата од хирургот”. Фотографијата често беше отсекувана за да се направи чудовиштето да изгледа поголемо, додека пак оригиналната снимка која не е отсечена, го покажува другиот крај на езерото и чудовиштето во средината. Перките на сликата се усогласени со големината и има кружен модел на мали перки во контраст со големи бранови кога е од блиску фотографирана. Анализите на оригиналната неотсечена слика, доведоа пак до сомнеж. Една година пред измамата да биде откриена, творците на документарецот од Дискавери Комуникејшнс (Discovery Communications) Лох Нес откриен, направија анализа на неотсечената слика и пронајдоа јасен,бел објект во секоја верзија на сликата, што подразбира дека тоа било на негативот. ,,Изгледа дека тоа е изворот на појавувањето на перките во водата, како објектот да бил речиси влечен од нешто”, рече раскажувачот. ,,Но, науката не може да открие дали тоа било само оштетување на негативот”, продолжува тој. Покрај тоа, анализата на целата фотографија откри дека објектот е многу мал, само околу 60 до 90 сантиметри (две или три стапки) долг.
Во 1979 година, се твдрело дека тоа е слика од слон (види подолу). Други скептици во 1980-тите се расправале дека фотографијата е видра или од оние птици кои нуркаат во водата по храна, но по признанието на Кристијан Спарлинг многумина се согласија со неговото тврдење дека е- играчка-подморница со припоена глава.[2] Детаљите за тоа како била направена, биле дадени во книга. Всушност, тоа било играчка-подморница со со глава и врат направени од пластично дрво, дизајнирана од Кристијан Спарлинг, зетот на Мермадјук Ведерел (Marmaduke Wetherell), голем ловец којшто бил јавно исмеан во Дејли Меил, весникот кој всушност го вработил. Спарлинг го изјавил тоа за да се одмазди, Мермадјуке Ведерел ја извршил измамата со помош на Крис Спарлинг (стручњак за скулптури), неговиот син Јан Мермадјук (Ian Marmaduke) кој го купил материјалот за лажниот Неси и Mаурис Чемберс (Maurice Chambers), кој требал да го замоли на хирургот Роберт Кенет Вилсон (Robert Kenneth Wilson) да ги понуди сликите на Дејли Меил. Лажната приказна е оспорувана од Хенри Бауер (Henry Bauer), кој тврди дека ова откривање е доказ на предрасуда и прашува зошто извршителите не ја откриле порано нивната завера за да го засрамат на весникот. Тој исто потврди дека тоа пластично дрво не постоело во 1934 година, иако било популарнен DIY (Do It Yourself) и обликувачки материјал во раните 1930-ти години. Еластер Бојд (Alastair Boyd), еден од истражувачите кој ја отрки измата, тврди дека чудовиштето од Лох Нес е вистинско, и лажната фотографија од хирургот не е доволна причина за да се занемарат исказите од очевидците и другите докази.
Снимката на Тејлор (1938 година)
уредиВо 1938 година, Џ.И.Тејлор (G.E. Taylor), турист од Јужна Африка, снимал нешто во езерото во траење од три минути од 16 милиметарски филм во боја, којшто сега е во сопственост на д-р Маурис Бартон. Сепак, Бартон одби да ја покаже снимката на истражувачите на Лох Нес (како што се Питер Костело (Peter Costello) или на Бирото за истражување на Лох Нес). Само една структура била објавена во неговата книга Таинственото чудовиште, пред да се пензионира. Д-р Рој П. Макал (Roy P. Mackal), биолог и криптозоолог, тврдел дека структурата е ,,позитивен доказ”. Подоцна, исто така била прикажана во Националниот институт на океанографија, денес познат како Саутемптон океанографски центар. Експертите се согласија дека снимката јасно покажува посебен нежив објект кој плови во езерото.
Снимката на Динсдејл (Dinsdale) (1960 година)
уредиВо 1960 година, воздухопловниот инженер Тим Динсдејл, сними грб кој поминувал низ водата со моќна бразда, различна од таа на чамец. JARIC тврдеше дека објектот бил ,,најверојатно жив”.[3] Други беа скептични, зборувајќи дека ,,грбот" не може да се исклучи од тоа дека е чамец, и тврдеа дека кога контрастот е зголемен, јасно може да се види човек во чамец.
Во 1993 година Дискавери Комјуникејшнс (Discovery Communications) направија документарец наречен Лох Нес откриен во кој се оцртува дигитално зголемување на снимката на Динсдејл. Комјутерски експерт кој ја зголемил снимката забележил сенка во негативот која не била многу очигледна во позитивот. Со зголемување и прекривање на рамките, тој открил нешто што наликувало на задно тело, задни перки, и 1-2 додатни грпки на тело како плесиосаур. Тој рече дека: ,,Пред да ја видам снимката, мислев дека чудовиштето од Лох Нес е чиста глупост. Откако го направив зголемувањето, не сум баш сигурен". Некои задале противудар на ова откритие со тврдењето дека аголот на снимката од хоризонтот вдолж со аголот на сонцето во тој ден, ги направиле сенките да изгледаат чудно под вода.[4] Верниците (и некои кои не веруваат) тврдат дека обликот може да биде немирна вода која само случајно има облик на крајот на задниот дел на плесиосаур. Но, истиот извор пак исто така кажува дека можеби има помал објект (грб или глава) пред грбот кој го предизвикува ова. Сепак, зголемувањето покажа помала втора грпка и можна трета грпка.
Видеото на Холмс (Holmes) (2007 година)
уредиНа 26 мај 2007 година, Гордон Холмс, 55 годишен лабораторки техничар, снимил видео за којшто вели дека било ,,нешто црно како јаглен, долго околу 45 стапки (14 метри), движејќи се доста брзо во водата". Едријан Шајн (Adrian Shine), морски биолог во Центарот Лох Нес 200 во Друмнадрохит, го гледал видеото и планирал да го анализира. Шајн исто така ја опиша снимката како меѓу ,,најдобрата снимка [што тој] ја имал видено". BBC од Шкотска го прикажа видеото на 29 мај 2007 година. Вестите од STV North Tonight ја пуштија во етер снимката на 28 мај 2007 година и го интервјуираа Холмс. Во оваа прилика, Едријан Шајн од Центарот Лох Нес беше исто така интервјуиран и рече дека снимката всушност покажува видра, фока или водна птица.[5]
Веродостојноста на Холмс беше ставена под сомнеж со членот на мрежното место на Криптомундо, кој тврди дека тој има минато со пријавување на забележувања на криптозоологични животни, и продава книга кој сам ја објавил и DVD кое објавува доказ за измислици. Исто така неговото видео нема други објекти по кои се распознава големина. Тимот Потрага по чудовиштето исто така го испита ова видео, во нивната телевизиска епизода ,,Смртта на Лох Нес” каде што тие го проучуваат доказот дека Неси умрел како и некои други фотографии.
Потраги по чудовиштето
уредиЕкспедицијата на господин Едвард Маунтин (Edward Mountain) во 1934 година
уредиОткако ја прочитал книгата од Гулд, Едвард Маунтин се одлучил да финансира сопствено надгледување со кое 20 мажи биле позиционирани околу езерото со двогледи и камери од 9 изутрина па до 18 часот, почнувајќи од 13 јули 1934 година и траело пет недели. Биле направени 21 фотографија, иако ниедна не се сметала за завршна. Капетанот Џејмс Фрејзер (James Fraser) бил ангажиран како надгледувач, и останал и потоа на езерото, снимајќи филм (кој сега го нема) на 15 септември 1934 година.[6] Кога тој бил виден од зоолозите и професорите по природонаука, било заклучено дека тој покажува фока, најверојатно сива фока.
Биро за истрага на фенономенот Лох Нес (1962 — 1972 година)
уредиБирото за истрага на феноменот Лох Нес (БИФЛН) било друштво формирано во Велика Британија во 1962 година ,,за проучување на Лох Нес за идентификување на животното познато како чудовиштето на Лох Нес или пак за да ги утврдат причинителите на исказите за него.” Подоцна го скратиле името на Биро за истрага на Лох Нес (БИЛН). Било затворено во 1972 година. Друштвото имало годишна претплата покриена од администрација. Нивната главна активност била надгледување на езерото од различни гледни точки од групи со самоорганизирани волонтери, обучени со филмски камери и телескопски леќи. Негови оснавачи биле пратеникот Дејвид Џејмс (David James) и природонаучникот Питер Скот (Peter Scott). Од 1965 до 1972 година, имало каравански камп и главна надгледувачка платформа во Ахнаханет (Achnahannet), и биле испратени набљудувачи на други локации по должината на езерото.
Според Годишниот извештај на Бирото од 1969 година, друштвото имало 1,030 членови, од кои 588 биле од Велика Британија. Како директори на друштвото биле наведени Норман Колинс (Norman Collins) (Претседател), Лорд Крејгмјул (Lord Craigmyle), проф. Рој П. Мекел, Ричард Фитер, Дејвид Џејмс, пратеник, и Питер Скот.
Хидролокаторно проучување на БИФЛН (1967 — 1968 година)
уредиПрофесорот ДГ Такер (DG Tucker), претседател на Одделот за електронско и електрично инженерство на Универзитетот од Бирмингем, Англија, волунтирал како хидролокаторен развивач и експерт во Лох Нес во 1968 година. Гестот бил дел од поголем напор од БИФЛН од 1967-1968 година и вклучувал соработка помеѓу волонтери и професионалци на различни полиња. Такер го одбрал Лох Нес како тест-место за прототипски хидролокаторен претворач со максимален опсег од 800 метри (2600 стапки). Направата била поставена под вода во Темпл Пјер во заливот Уркјухарт (Urquhart) и насочена кон спротивниот брег, со делотворно составена акустична ,,мрежа” по ширината на Нес преку која ниту еден објект кој се движи не може да помине незабележан. За време на двонеделното тестирање, биле идентификувани повеќекратни живи мети од шест метри во должина (20 стапки) со искачување и нуркање кон дното на езерото. Анализата на нуркачките профили открила воздушни дишачи затоа што метите никогаш не испловувале ниту пак се движеле поплитко од средната вода. Краток печат реализиран од БИФЛН и соработниците поттикнати од хидролокаторните податоци и со поголемо доближување кон напорот од 1968 година:
„ | Одговорот на прашањето на тоа дали или не постои необичниот фенономен во Лох Нес, Шкотска, и ако е така, каква може да биде неговата природа, напредна со чекор напред во текот на 1968 година, како резултат на хидролокаторните експерименти спроведени од тим на научници под раководство на Д. Гордон Такер... Професорот Такер изјавил дека неговиот зацврстен хидролокаторен зрак дошол во контакт со големи движечки објекти кои понекогаш достигнувале брзини од најмалку 19 километри на час. Тој заклучил дека објектите се само животни и ја открил можноста дека тие можат да бидат посебни риби. ,,Високата стапка на порасти и падови, прави да изгледа многу необично за тоа дека тие можеби се риби, и рибните биолози коишто ги консултиравме не можат да речат за каква риба се работи. Да се претпостави дека тие можеби се волшебните чудовишта од Лох Нес е предизвик, сега за првпат набљудувани во нивните подводни активност. | “ |
Хидролокаторното проучување на Ендру Керол (Andrew Carrol) (1969 година)
уреди1969 година, Ендру Керол, теренски истражувач за Аквариумот Њујорк во градот Њујорк, предложил операција на мобилно хидралокаторно скенирање во Лох Нес. Проектот бил финансиран од фондацијата на Грифис (Griffis) (именувана по Никсон грифис, потоа директор на аквариумот). Ова било крајот на трагата (и најуспешниот дел) од напорот на БИФЛН од 1969 година со инволвирани нуркачи со biopsy harpoons. Мрежното скенирање, во истражувањето на Керол со отпочнувањето на Ренгитеа, зазело место во октомври. Еден замав од езерото направил контакт со силно, живо ехо за околу три минути, северно од Фојерс (Foyers). Идентитетот на контактот останува мистерија. Подоцните анализии одредиле дека интензитетот на ехото кое се враќало било двапати појако отколку што се очекувало од кит од 10 стапки (3 метри). Пресметувањата ја поставиле должината на контакот од 20 стапки (6 метри).
Нуркачки истражувања
уредиПочетните работи со нуркање дале жални резултати. Под спонзорство на Светската книга енциклопедија, водачот Ден Тејлор (Den Taylor) го развил Viperfish при Лох Нес на 1 јуни, 1969 година. Неговите нуркања биле придружени со технички проблеми и не дале нови податоци. Deep Star III направен од Општите Динамики и неименувана нуркачка опрема за двајца направена од Вестингхаус (Westinghouse), биле одредени да испловат, но тоа никогаш не се случило. Само кога пристигнале Pisces во Нес, БИФЛН се здобил со нови податоци. Во сопственост на Vickers, Ltd., нуркачката опрема била изнајмена за правењето на филмот Шерлок Холмс (Sherlock Holmes) во придружба на макета на чудовиште од Лох Нес. Кога макетата-чудовиште се откинала од Pisces за време на филмот и потонала на дното од езерото, извршителите на Викерс се концентрирале на загубата и на ,, чудовишната треска" со што му дозволиле на SUB да истражува малку. За време на една од овие екскурзии, Pisces регистрирале голем движечки објект на хидролокаторот на оддалеченост од 200 стапки (60 метри) и 50 стапки (15 метри) над дното на езерото. Полека, водичот се приближил на половина од тоа растојание, но ехото брзо избегало од хидролокаторниот опсег и исчезнало.
,,Големата експедиција" од 1970 година
уредиЗа време на таканаречената ,,Голема експедиција” од 1970 година, биолог кој учел 20 години на Универзитетот од Чикаго, смислил систем од хидрослушалки (подводни микрофони) и ги поставил на интервали низ езерото. На почетокот на август, поради склопување на хидрослушалка, таа се спуштила на заливот Уркјухарт и се прицврстила на 700 стапки (215 метри) под вода. Две хидрослушалки биле поставени на длабочина од 300 и 600 стапки (180 метри). По две ноќи на снимање, лентата (запечатена во 44 империјални галони (55 САД галони/200 литри) челичен цилиндар заедно со другите чувствителни компоненти на системот) била повратена и пуштена пред вознемирен БИФЛН. Било снимено ,,цврчење како од птица”, и интензитетот на цврчењата на оние хидрослушалки од длабочината, сугерирале на тоа дека биле произведени на поголема длабочина. Во октомври биле снимани ,,чукања” и ,,крцкања” од друга хидрослушалка на заливот Уркјухарт, со навестување на звучна локација. Овие звуци биле проследени со ,,турбулентно шумолење” кое сугерирало на движење на опашка на големо водно животно. Чукањата, крцкањата и последното шумолење се верувало дека биле звуци на животно кое по звукот го лоцира пленот пред да тргне да го убие. Звуците престанувале штом поминувал брод на површината на езерото близу хидрослушалката—и продолжувале откако бродот се оддалечувал. Во претходниот експеримент, било запазено дека интензитетите на звукот биле најголеми на длабочини помали од 100 стапки (30 метри). Членовите на БИФЛН решија се обиделе на комуникација со животните со пуштање на звуци кои биле претходно снимени во водата и со слушање на резултатите преку хидрослушалка, што варирало многу. Понекогаш начините или интензитетите на звукот се менувале, но некогаш немало никаква промена. Макел забележал дека нема сличност помеѓу снимките од стотиците познати звуци произведени од водни животни. ,,Поточно", тој реkол, ,,компетентните власти изјавија дека ниедна од познатите форми на живот во езерото немаат анатомски способности за произведување на такви звуци.”
Проучувањата на Роберт Ринис (Robert Rines) (1972, 1975 и 2001 година)
уредиВо раните 70-ти, група од луѓе преводени од Роберт Х. Ринис, направиле неколку слики под вода. Две од нив биле неодредени слики, можеби слики од ромбоидни перки (иако други ја отфрлиле сликата бидејќи биле воздушни меурчиња или рибна перка). Наведената перка била фотографирана од различни позиции, покажувајќи движење. На основа на овие фотографии, британскиот природонаучник Питер Скот објавил во 1975 година дека научното име на чудовиштето оттогаш ќе било Nessiteras rhombopteryx (на грчки за „Чудовиштето од Нес со перка во облик на баклава")[7] Скот сметал дека ова ќе овозможи Неси да биде додаден на британскиот регистар за официјално заштитен растителен и животински свет. Шкотскиот политичар Николас Феирбеирн (Nicholas Fairbairn) навел дека името било анаграм за ,,Измама за чудовиште од Г-дин Питер С”.
Подводните слики биле наводно направени со болно проучување на езерните длабочини со хидролокатор за необични подводни активности. Нуркачката камера со фиксирано, јако светло (потребно за пробивање на злогласната темнина на Лох Нес) било развиено за да слика фотографии под површината. Неколку од фотографиите, покрај нивниот очигледен темен квалитет, всушност покажуваат животно кое наликува на плесиосаур во различни позиции и светлини. Една фотографија ја покажува главата, вратот и горното торзо на животно кое наликува на плесиосаур. Фотографија која е ретко објавувана,опишува две тела на налик на плесиосаур.
Друга слика пак опишува рогата ,,одводна глава”, која е доследна на неколку видувања на чудовиштето. Некои веруваат дека оваа последната е дрвено колче пронајдено за време на Операцијата Deepscan. Неколку приближувања на тоа што се мисли дека е перка во облик на баклава од животното, биле сликани во различни позоции, иако животното се движело. Но ,,фотографијата на перката" била високо ретуширана од оригиналната слика. Музејот на измами ја покажува оригиналната незголемена фотографија. Чарли Викоф (Charlie Wyckoff) тврдел дека некој ја ретуширал сликата за да ја стави перката една врз друга, додека пак оригиналното зголемување покажува многу помала перка. Никој не е сосема сигурен како оригиналот станал зголемен на овој начин.[8]
Во 2001 година, Академијата на Роберт Ринис за применета наука, снимила моќна трага во облик на V која ја пресекла тивката вода во мирен ден. ААS исто така снимила објект на дното на езерото кое наликува на труп од заклано животно, пронајдоци од морски школки и печурки кои обично ги нема во свежите води на езерата, што сугерираат на тоа дека дава врска со морето и можниот влез на Неси. Во 2008 година, Ринис го изразил својот страв дека чудовиштето може да исчезне како резултат на глобалното затоплување, со наведување на недостатокот од значајните хидролокаторни знаци и одбивањето на очевидните извештаи. Ринис планира уште една последна експедиција во потрага по остатоците од чудовиштето пред тој да стане премногу стар.
Операцијата Deep Scan (Длабоко скенирање) (1987 година)
уредиВо 1987 година, зазела место Операцијата Deep Scan- најголемото хидролокаторно истражување на Лох Нес. Бродови обучени со хидролокатор биле поставени низ целото езеро и тие истовремено испраќале акустични бранови. Вестите на BBC, изјавиле дека научниците направиле хидролокаторен контакт со голем неидентификуван објект со необична големина и сила. Истражувачите решиле да се вратат на истото место и пак да ја скенираат областа. По анализирањето на хидролокаторните слики, тие покажале остатоци на дното од езерото, иако три слики покажувале движечки остатоци. Сјајот прави претпоставки дека тоа можеби се фоки кои навлегле во езерото, затоа што биле скоро иста големина како откриените објекти.
Откривање на Лох Нес (1993 година)
уредиВо 1993 година Discovery Communications започнале со истражување на екологијата на езерото. Проучувањето не се концентрирало на чудовиштето, туку на езерските нематоди (при што биле откриени нови видови) и рибата. Очекувајќи дека ќе најдат мала рибна популација, истражувачите фатиле дваесет риби во еден обид, со што се зголемиле претходните проценувања за рибната популација во езерото за девет пати.
Со употреба на хидролокатор, тимот наиде на еден вид на подводен немир (наречен сеише) заради резервната енергија (како од ветер) што предизвикал неурамнотеженост помеѓу потоплите и поладните слоеви на езерото (познато како термоклин). Додека ги прегледувале исписите од настанот следниот ден, тие откриле што се трите хидролокаторни контакти, секој проследен со моќна трага. Овие настани подоцна биле прикажани на програма наречена Лох Нес откриен, во согласност со анализите и зголемувањата од снимката на Динсдејл од 1960 година, сликата на хирургот и сликата на Ринис од перка.
Експедиција на ГТПИ (2001 година)
уредиКонтроверзна експедиција од Глобалниот тим на подводно истражување (ГТПИ) била спроведена со унапредена хидролокаторна опрема за потрага по чудовиштето. При друга прилика, неодреден немир бил овековечен на филм. Експедицијата била прикажана на програма наречена Чудовиштето од Лох Нес: Потрага по вистината.
Објаснувања
уредиРазни објаснувања биле постулирани низ годините за образложување на забележувањата на чудовиштето од Лох Нес. Овие објаснувања можат да бидат категоризирани како: погрешно идентификување на обични животни; погрешно идентификување на неживи објекти или ефекти; погрешна интерпреатација на традиционалниот шкотски фолклор; измами; егзотични видови на големи животни.
Погрешно идентификување на обични животни
уредиТраги од птици
уредиИма забележувања од траги кои се појавуват кога езерото е многу мирно или кога нема брод во близина. Бармен, по име Дејвид Мунро (David Munro) тврди дека бил сведок на трага за која верува дека е животно кое се тетеравело, нуркало и се појавувало и пак го снемувало. (Имало и 26 други сведочења од блиско паркиралиште.) Некои забележувања се опичашни како почетоко на трага во облик на V, како да имало нешто под вода. Понатаму, многу забележувања од трага биле опижани како нешто кое не се согласува со обликот на брод. Во услови на мртва тишина, животно кое е многу мало за да биде видливо со голо око, можело да остави јасна трага во облик на V. Посебно, група од пловни птици можеле да дадат трага на појавата на објектот. Група од птици можат да ја напуштат водата и потоа пак да слетаат, со што оставаат секвенца од траги како објект кој крши површината, за што Дик Рејнор вели дека е веројатно објаснување за овој филм.
Јагула
уредиЕдна од првите претпоставки е дека е огромна јагула. Јагули има во Лох Нес, и невообичаено голема јагула вклопува многу забележувања. Ова било опишано како конзервативно опишување.[9] Јагулите не се познати по тоа нивниот врат да штрчи од водата и според тоа не се земаат предвид забележувањата на глава и врат. Динсдејл го отфрлил ова твдрење затоа што јагулите се движат во странично брановидно движење. На 2 мај 2001 година: Две морски јагули биле пронајдени на брегот од езерото, но бидејќи морските јагули се животни во солените води и Лох Нес е слатководно тело во вода, се верува дека тие биле ставено како примерок од ,,Мини-Неси".
Слон
уредиВо една статија од 1979 година, биологот од Калифорнија Денис Пауер (Dennis Power) и географичарот Доналд Џонсон (Donald Johnson) тврделе дека фотографијата од хирургот всушност била горниот дел од глава, растегната сурла и раширена носница на слон кој плива, која најверојатно е сликана каде било и за која се тврдело дека е од Лох Нес. Во 2006 година, палеонтологот и уметник Нил Кларк слично сугерирал дека патувачките циркуси можеби дозволиле на слоновите да се освежат во езерото и според тоа сурлата може да биде главата и вратот, со главата и задниот дел на слонот кои ги прават грпките. За да го поткрепи ова тој приложил слика.[10]
Локални животни
уредиКога се гледа низ телескоп или двоглед Лох Нес има локални видри и има слики од нив дадени од Бинс (Binns), коишто можат да бидат погрешно сфатени. Исто така тој дал и слики од видри како пливаат во Лох Нес, и птици коишто можат да бидат земени како забележување од ,,глава и врат".[11]
Фоки
уредиМногу фотографии биле сега сликани и многу видеа биле снимени што потврдува дека фоките се присутни во езерото, во моментов веќе со месеци. Во 1934 година експедицијата на Господинот Едвард Маунтин ја анализирал снимката која е напревена истата година и се заклучи дека чудовиштето било посебен вид на фока, што било објавено во националниот весник како ,, Loch Ness Riddle Solved - Official"-(Загатката за Лох Нес решена-официјално). Питер Костело за Неси го поддржувал тоа дека е фока со долг врат како и за други познати езерски чудовишта. Р.Т. Гулд напиша ,,Сива фока со долг и изненадувачки продолжлив врат; плива со веслачка акција; бојата е токму таква каква што се бара; и нема ништо изненадувачко во тоа да се види на брегот од езерото, или како го поминува патот. Ова објаснување ги покрива забележувањата на копно од езерските чудовишта, за време на кои животното наводно со нишање влегло во езерото откако се преплашило, на начин како што прават фоките. Фоки исто така можат да се сметаат и за сонарните траги кои се однесуваат како живи објекти. Против ова имало расправи дека сите познати видови на пинипеди се вообичаено видливи на копно за време на денските часови како се сончаат,[12] нешто по кое Неси не е познато. Сепак, фоките биле набљудувани и фотографирани во Лох Нес и забележувањата се доволно ретки за да дозволат повремено посетување на животни отколку постојна колонија.
Погрешно идентификување на неживи објекти или ефекти
уредиДрвја
уредиВо 1933 година, во Дејли Мирор (Daily Mirror) била прикажана слика со следниов наслов ,, Ова дрвено стебло со чуден облик, наносено на брегот на Фојерс, се мисли дека е причината за соопштеното појавување на ,,чудовиштето". (Фојерс е во Лох Нес.)
Во 1982 година во серија од статии за Њу Саентист (New Scientist), д-р Маурис Бартон предложил дека забележувањата од Неси и слични животни, всушност може да биде ферментирање на трупци од шкотските борови, кои излегуваат на површината од ладните води на езерото. Во почетокот, гнил трупец не може да ослободи гасови предизвикани од распаѓањето, поради високото ниво на смола запечатено во гасот. На крајот, гасниот притисок го прекинува смолното запечатување на крајот од трупецот, и го става во движење кон водата- а понекогаш и кон површината. Бартон тврдел дела обликот на трупците од дрвја со нивните пропратени гранки, многу одговараат на различните описи на чудовиштето.
Четири шкотски езера се многу длабоки, вклучувајќи ги Морар, Нес и Ломонд. Само езерата со борови на нивните брегови имаат легенди за чудовишта; Лох Ломонд - без борови - нема. Гасните испуштања и водните причинители како последица од распаѓањето на трупците можат да ги предизвикаат пенливите траги опишани во некои забележувања. Всушност, пронајдени се крајбрежни трупци од бор кои докажуваат за фермантација во длабоките води. На друга страна пак, постојат верници кои тврдат дека некои езера немаат искази за чудовишта, и покрај отсуството на борови; значаен пример се ирските езерски чудовишта.[13]
Сеишеа и траги
уредиЛох Нес, поради својот долг и прав облик, е предмет на некои невообичаени појави кои влијаат на неговата површина. Сеише е големо, периодично осцилирање на езеро, предизвикано од враќање на водата на своето природно ниво откако било таа била извеана на едниот крај од езерото. Стимулацијата од ова враќање продолжува кон тој крај на езерото на каде што дува ветерот и потоа се враќа назад. Во Лох Нес, процесот се појавува на секои 31.5 минути.[14]
Браздите од брод исто така произведуваат чудни ефекти во езерото. Како што се шири и дели браздата од брод кој поминува низ средината на езерото, ги погодува и двете страни речиси истовремено и скршнуваaт назад за да се најдат пак во средината. Движењата взаемно произведуваат вертикални бранови кои се многу поголеми од оригиналните бразди, и кои можат да имаат грбава појава. Сè додека се случува ова, бродот веќе поминува и сè што може да се види се невообичаени бранови.
Оптички ефекти
уредиУсловите за ветар можат да дадат незначителен и во налети темен изглед на водата, со повремени мирни дамки кои се појавуваат во темна јајчеста форма (која ги отсликкува планините) од брегот, кои можат да им изгледаат како грпки на посетителите кои не се запознаени со езерото. Во 1979 година, Лен покажа дека атмосферското прекршување може да ги изобличи обликот и големината на објектите и животните, и подоцна покажа фотографија од фатаморгана на карпа која може да претставува глава и врат.
Сеизмичен гас
уредиИталијанскиот геолог Лујџи Пикарди (Luigi Piccardi) предложил геолошки објаснувања за некои древни легенди и митови. Тој истакнал дека во најстарото снимено забележување на животното, Животот на Св. Колумба, појавувањето на животното било придружено со ,,cum ingenti fremitu” (со многу гласно рикање). Лох Нес е сместен по Грејт Глен Фолт (Great Glen Fault), и ова може да биде опис на земјотрес. Понатаму, во многу забележувања, описот се содржи од ништо повеќе освен од голем немир на површината на водата. Ова може да биде предизвикано од испуштање на гас преку пукнатината на карпа, иако лесно може да се помеша со големо животно кое плива под самата површина.[15]
Фолклор
уредиСпоред шведскиот природонаучник и автор Бенгт Сјорген (Bengt Sjögren) (1980 година), денешните верувања во езерски чудовишта како што е Неси се поврзани со стари легенди на келпи (воден дух најчесто во форма на дух). Тој тврди дека објаснувањата за езерските чудовишта се променувале низ годините, кои оригинално опишувале животни со појава слична на коњ; тие тврделе дека ,,келпите" излегувале од езерото и се претворале во коњ. Кога изморен патник ќе се качел на грбот на келпито, тоа галопирало во езерото и го проголтувало својот плен. Овој мит успешно ги држел настрана децата од езерото, што било и негова цел. Сјорген заклучува дека легендите за келпите се развиле во сегашни описи за езерски чудовишта, кои го одразуваат модерното знаење за плесиосаури. Со други зборови, келпите од фолклор се трансформирале во ,,пореална'‘ и ,,привремена'‘ идеја за животното. Верниците сметаат дека сведоците кои веќе одамна се мртви, можеле животното да го споредуваат со тоа што им било познато, а тие немале познавање за плесиосаури.
Специфично спомнување за келпи како воден коњ во Лох Нес, имало во шкотски весник во 1879 година, и било комеморирано во насловот на книга Проект воден коњ од Тим Динсдејл (Tim Dinsdale).[16]
Измами
уредиФеноменот за чудовиштето од Лох Нес има неколку обиди на измама на јавноста, од кои неколку биле многу успешни. Други измами биле брзо откривани од извршителите, или биле откривани по внимателно истражување. Неколку примери се спомнати подолу.
Во 1930-тите, голем ловец по име Мермадјуке Вердерел (Marmaduke Wetherell) отишол во Лох Нес да го бара чудовиштето. Тој тврдел дека пронашол некои отисци од стапало, но кога отисците биле испратени на научниците за анализа, откриле дека тие биле отисци од хипопотамус. Шегаџија употребил положба од чадор за да ги направи отисците од стапало на хипопотамус.
На 2 јули 2003 година: Џералд Мексорели (Gerald McSorely) пронашол фосил кој наводно припаѓал на Неси кога тоа се препнало и влегло во езерото. По испитувањата, станало јасно дека фосилот не е од Лох Нес и дека и дека таму били забиено.[17] Во 2004 година, тим за документарец од телевизискиот канал Фајв (Five), со употреба на специјални ефекти од филмови, се обидел да направи луѓето да веруваат дека има нешто во езерото. Тие конструирале анимиран модел на плесиосаур, и го озвучиле како ,,Луси”. И покрај препреките, како на пример кога Луси паѓала на дното на езерото, биле соопштени околу 600 забележувања на местата каде што тие ги спроведувале измамите.
Во 2005 година, двајца студенти трделе дека пронашле голем заб вметнат во тело на елен на брегот на езерото. Тие го објавиле насекаде пронајдокот, дури поставиле и мрежно место, но анализите на експертите скоро откриле дека ,,забот" бил рог од мунтјак. Забот од Лох Нес бил рекламен подвиг за промовирање на новела-хорор од Стив Елтен (Steve Alten), со наслов, Лохот.
Егзотични видови на големи животни
уредиПлесиосаур
уредиВо 1933 година, била направена сугестија дека чудовиштето ,,има вчудовидувачка сличност со наводниот изумрен плесиосаур", воден влекач со долг врат кој изумрел за време на изумрувањето Критасиус-Тетриари (Cretaceous–Tertiary). Во тоа време тоа било познатото објаснување. Следниве аргументи биле поставени против тоа:
- Плесиосаурите најверојатно биле ладнокрвни влекачи кои имале потреба од топли тропски води, додека пак средната температура на Лох Нес е само околу 5.5 °C (42 °F). Дури и да биле плесиосаурите топлокрвни, тие ќе имаат потреба од снабдување со храна и покрај тоа што Лох Нес го одржува нивото на активност потребна за топлокрвни животни.[18]
- Во октомври 2006 година, Новиот научник објавил статија ,, Зошто чудовиштето од Лох Нес не е плесиосаур" затоа што Лесли Ноу од музејот Седвик во Кембриџ изјавила:
„Остеологијата на вратот не прави апсолутно сигурни дека плесиосаурот не може да ја крене својата глава како лебед од водата.“
Сепак, ова не ги одредува исказите каде што глава и врат не се видени.
- Езерото е старо само околу 10,000 години, кое датира од крајот на последната ледена доба. Пред таа дата, езерото било цврсто замрзнато околу 20,000 години.
- Ако животните кои се слични на плесиосаури што живеат во водите на Лох Нес, тие често ќе бидат гледани затоа што ќе треба да се излезат на површината неколкупати дневно за да дишат.
Како одговор на овие критики, заштитниците како Тим Динсдејл, Питер Скот и Рој Мекел постулираат морско животно кое било уловено и евулирало или како плесиосаур или во обликот на плесиосаур во еволуцијата на спојување.
Водоземец
уредиР.Т. Гулд предложил нешто како саламандер со долг врат и Рој Мекел ја дискутирал оваа можност, давајќи му најмногу бодови (88%) на својата листа од можни кандидати.[19]
Безрбетник
уредиВо 1968 година Френк Холидеј (Frank Holiday) предложил дека Неси и другите езерки чудовишта како што е Мораг можат да бидат објаснети со огромен безрбетник, и го навел изумрениот Тилимонструм како пример на обликот. Тој вели дека ова овозможува објаснување на забележувањата на копно и за променливиот облик на грбот, и се однесува на примитивниот опис на змејови како ,,црви”. Мекел ова го зел предвид, но сметал дека е помалку убедливо од јагула, без'рбетни или плесиосаурни видови на животно.[20]
Наводи
уреди- ↑ R. P. Mackal (1976) The Monsters of Loch Ness page 208
- ↑ „The Loch Ness Monster and the Surgeon's Photo“. Museumofhoaxes.com. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „Evidence Pages - Film and Video“. Loch-ness.org. 2007-05-03. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ D Raynor. „cyberspace - a nessie faq“. Lochnessinvestigation.org. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „stv News North Tonight - Loch Ness Monster sighting report and interview with Gordon Holmes - tx 28 мај 2007“. Scotlandontv.tv. Архивирано од изворникот на 2009-02-18. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ R. Binns (1983) The Loch Ness Mystery Solved ISBN 0-7291-0139-8, pages 36-39
- ↑ „Naming the Loch Ness monster“. Nature. 258: 466. 1975. doi:10.1038/258466a0.
- ↑ Roy Mackal (1976) The Monsters of Loch Ness page 307, see also appendix E
- ↑ R. P. Mackal (1976) The Monsters of Loch Ness page 216, see also chapter 9 and appendix G
- ↑ „National Geographic News“. News.nationalgeographic.com. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ R. Binns (1983) The Loch Ness Mystery Solved plates 16-18
- ↑ Yancey, Paul H. „MARINE PAGES: EPIPELAGIC ANIMALS“. Посетено на 2007-04-07.
- ↑ „Mystery Animals of Ireland“. Посетено на 2007-04-08.
- ↑ „Movement of Water in Lakes: Long standing waves (Seiches)“. Biology.qmul.ac.uk. Архивирано од изворникот на 2010-10-07. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „Seismotectonic Origins Of The Monster Of Loch Ness“. Gsa.confex.com. Архивирано од изворникот на 2019-05-13. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ Tim Dinsdale (1975) Project Water Horse. The true story of the monster quest at Loch Ness (Routledge & Kegan Paul) ISBN 0-7100-8030-1
- ↑ „Loch Ness Monster Hoaxes“. Museumofhoaxes.com. Посетено на 2009-05-28.
- ↑ „Were Dinosaurs Endotherms or Ectotherms?“. BBC. 2001. Посетено на 2007-04-08.
- ↑ R. P. Mackal (1976) The Monsters of Loch Ness, pages 138-9, 211-213
- ↑ R. P. Mackal (1976) The Monsters of Loch Ness pages 141-142, chapter XIV
Надворешни врски
уреди„Чудовиште од Лох Нес“ на Ризницата ? |
- Nova Documentary On Nessie
- Smithsonian Institution
- Skepdic entry on Nessie
- Darnton, John (март 20, 1994). „Loch Ness: Fiction Is Stranger Than Truth“. The New York Times. Посетено на мај 29, 2009.