Ото Лилиентал
Ото Лилиентал (германски: Otto Lilienthal; 23 мај 1848 — 10 август 1896) — германски пионер во воздухопловството, кој станал познат како крал на едрилиците. Бил првиот човек кој успеал да направи добро документирани, успешни и повеќепати изведувани летови со едрилица. Го следел експерименталниот пристап претходно воспоставен од страна на Џорџ Кејли. Разни весници и списанија објавиле слики од летањето на Лилиентал, наведувајќи дека јавното и научното мислење околу можноста за летање станува реалност. За неговите придонеси кон воздухопловството во тоа време, често бил нарекуван и како „татко на летањето“.
Ото Лилиентал | |
---|---|
Ото Лилиентал околу 1896 | |
Роден(а) | Карл Вилхелм Ото Лилиентал 23 мај 1848 Анклам, Покраина Померанија |
Починал(а) | 10 август 1896 Берлин, Германија | (возр. 48)
Причина за смрт | несреќа со едрилица |
Почивалиште | Гробишта Ланквиц, Берлин |
Националност | Прус, Германец |
Занимање | инженер |
Познат(а) по | успешни обиди при едрилици |
Сопружник | Агнес Фишер (1878) |
Деца | 4[1] |
Потпис |
Умрел поради здобиени повреди кога неговата едрилица откажала и не можел да ја контролира. При падот од околу 15 метри го скршил вратор.
Галерија
уредиЛилиенталредовно бил придружуван од фотографи на негово барање. Најголем дел од нив се добро познати, како Отомар Аншиц. Исто така, Лилиентал и сам ги сликал своите летачки машини по 1891.[2] Постојат најмалку 145 познати слики кои ги документираат тест-летовите, некои од нив со одличен квалитет. Сите се достапни на интернет на страница на Музејот Ото Лилиентал. Единствените негативи, чувани во Германскиот музеј во Минхен, биле уништени во текот Втората светска војна.[3]
-
Обид за лет на Лилиентал со Derwitzer Glider,
Дервиц, 1891 -
Лилиенталво подготовка за лет,
16 август 1894 -
Лет на 29 мај 1895
-
Лет на 29 јуни 1895
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ото Лилиентал“ Енциклопедија на светска биографија, 2004. 7 јануари 2012.
- ↑ Лукаш, Бернд. „Лилиентали фотографијата“ Музеј Ото Лилиентал.13 јануари 2012.
- ↑ „Архиви на слики на Лилиентал“ Музеј Ото Лилиентал 13 јануари 2012.
Библиографија
уреди- Anderson, John D. A History of Aerodynamics and Its Impact on Flying Machines. Cambridge, UK: Cambridge University Press, 2001, First edition 1999. ISBN 978-0-52166-955-9.
- Crouch, Tom D. The Bishop's Boys: A Life of Wilbur and Orville Wright. New York: W. W. Norton & Company, 1989. ISBN 0-393-30695-X.
- Lilienthal, Otto. Birdflight as the Basis of Aviation. First edition, 1911 reprinted 2001: ISBN 0-938716-58-1. (Translation from German edition, Berlin 1889: Der Vogelflug als Grundlage der Fliegekunst reprinted 2003: ISBN 3-9809023-8-2.
- Nitsch, Stephan. From the jump to the flight. Berlin" Brandenburgisches Verlagshaus, 1991. ISBN 3-327-01090-0.
Надворешни врски
уреди„Ото Лилиентал“ на Ризницата ? |
- Биографија / семејно дрво на Ото Лилиентал
- Филмови и анимации Архивирано на 19 февруари 2006 г.