Томи Стефановски (роден на 14 февруари 1971), Скопјемакедонски пливач во далечинско (маратонско) пливање.

Томи Стефановски
Лични информации
Целосно имеТоми Стефановски
НационалностМакедонија Македонија
Роден на14 февруари 1971
Роден воСкопје
Спорт
ЗемјаМакедонија Македонија
СпортПливање
Дисциплинидалечинско (маратонско) пливање

Светски првак во маратонско пливање за 2016 година.

Прв и единствен македонски спортист примен во Куќата на славните.

Животопис

уреди

Томи Стефановски е роден во Скопје, на 14 февруари 1971 година.[1]

Спортска кариера

уреди

На 14 август 2009 година, Стефановски го препливал каналот Ла Манш, постигнувајќи време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди, што претставува 11 време во историјата на препливувањето на Ла Манш.[2] На тој начин, тој станал третиот Македонец кој го препливал овој канал, по Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година.

Неколку сезони по ред, Стефановски се наоѓал во врвот на светското маратонско пливање, каде во гран-при серијата двапати бил четврти на конечната ранг листа во 2011[3] и во 2013 година[4]). Во сезоната 2014, на две трки до крајот, тој бил на првото место во гран-при серијата на најдолги светски маратони на ФИНА, со освоени 46 бодови,[5] но на крајот завршил на второто место во конечниот пласман.[6] Како признание на одличните резултати во сезоната, Стефановски се нашол на списокот на 11 пливачи кои Светската асоцијација за пливање на отворени води ги номинирала за изборот на најуспешниот пливач на отворени води за 2014 година. Притоа, во номинацијата било нагласено дека и покрај возраста и шесте операции на рамењата, Стефановски покажал вистински спортски дух.[7]
Стефановски ја завршил својата кариера во голем стил, како победник на 30. Охридски маратон (2016 година),[8] а со освојувањето на шестото место во Капри, тој имал ист број бодови со Стокино, со што ја поделил светската шампионска титула за 2016 година.[9]

Награди и признанија

уреди

Томи Стефановски добил заслужено место во Куќата на славните во овој спорт, и тоа како прв пливач од Македонија. Свечената церемонија на приемот на новите членови се одржала на 4 ноември 2016 година во Сан Педро, Калифорнија, (САД)[10] Исто така, како признание на остварените успеси, во 2016 година Стефановски ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Tomi Stefanovski (Macedonia)
  2. Томи Стефановски го преплива Ламанш Архивирано на 24 септември 2009 г.(англиски)
  3. „2011 Men's Overall Ranking“. Архивирано од изворникот на 2012-08-16. Посетено на 2015-09-13.
  4. 2013 Men's Overall Ranking[мртва врска]
  5. 2014 Men's Overall Ranking[мртва врска]
  6. „Стефановски: Со победа во Охрид светскиот врв е мој“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22-23.
  7. „Стефановски номиниран во изборот за најдобар светски маратонец“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 22.
  8. Крај на една кариера во голем стил: Томи Стефановски е победник на Охридскиот маратон
  9. Поп Ацев победник во Капри, Стефановски ја дели шампионската титула
  10. „Томи Стефановски: Квалитетот ги компензира годините!“. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 2016-09-06.
  11. „Официјално мрежно место на РК „Вардар", „Вардар е добитник на наградата 13 ноември" (пристапено на 14.11.2016)“. Архивирано од изворникот на 2016-11-21. Посетено на 2016-11-14.