Чезаре Бенедети (велосипедист)

италијански велосипедист

Чезаре Бенедети (италијански: Cesare Benedetti; р. 3 август 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Чезаре Бенедети
Бенедети на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело имеЧезаре Бенедети
Роден3 август 1987(1987-08-03)(37 г.)
Роверето,  Италија
Висина1,70 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2006–2008
2009
2009
ГС Гавардо Текмор
Де Нарди
Ликвигас (стажант)
Професионални клубови
2010– Тим НетАп
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2019)
Последна промена
5 јануари 2020

Кариера

уреди

Бенедети станал професионалец во 2010 година, настапувајќи за екипата Тим НетАп откако е професионалец. Исто така бил член на екипите ГС Гавардо Текмор и Де Нарди како аматер и ја поминал втората половина на сезоната 2009 како стажант во екипата Ликвигас.[2]

Бенедети и Тим НетАп[3] го имале нивното деби на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2012,[4] каде Бенедети ги надминал очекувањата на екипата со етапен пласман во првите десет,[5] заземајќи го петтото место на шестата етапа на трката.[6] Бенедети бил дел од бегството на единаесет возачи на почетокот на етапата, но откако се одвоил возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Мигел Анхел Рубијано, Бенедети останал со други тројца возачи до крајот на етапата.

Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016[7] и за Вуелта а Еспања 2016.[8]

Бенедети ја остварил својата прва поединечна професионална победа на етапата 12 на Џиро д’Италија 2019. Бил дел од бегство составено од 25 возачи на почетокот на етапата, а на крајот ја остварил победата од мал групен спринт враќајќи се во бегството откако отпаднал на последното искачување.[9]

Достигнувања

уреди
2007
2. Гран Премио Спортиви Поденцано
3. Трофео Чита ди Бреша
3. Трофео ФТП Тапаро
4. Гран Премио Индустрија Комерчо Артиџанато - Ботичино
4. Тарга д’Оро Чита ди Лењано
9. ГП Палио дел Речото
2008
1. Трофео Едил Ц
2. Копа Стињани
2. Трофео Филтри
3. Милано-Бусето
4. Копа Кадути ди Реда
5. Трофео Г.С. Гавардо Текмор
5. Медалја Оро Анџело Фумагали
9. ГП Чита ди Фелино
2009
2. Трофео Банка Пополаре Пива
3. Гран Премио Сан Лујџи
6. Краен пласман Џиробио
8. Чита ди Конељано
9. ГП Инда
10. Трофео Еко дел Чизоне
2010
1. Пломбиер
8. Меморијал Филип ван Конингсло
2011
8. Краен пласман Шлаким Гродов Пјастовских
2012
1. Етапа 2b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2016
1.   Планински пласман Тирено-Адријатико
7. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
10. Трка Руди Алтиг
2018
3. Краен пласман Околу Словачка
2019
1. Етапа 12 Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 107 115 108 74
  Тур 128
  Вуелта 93 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Рајан, Бери (28 декември 2019). „2020 Team Preview: Bora-Hansgrohe“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 јануари 2020.
  2. „Cesare Benedetti (UCB) will intern at Liquigas-Doimo“. BiciBG (италијански). Duemilacom S.r.l. 10 јули 2009. Архивирано од изворникот на 2014-02-03. Посетено на 12 мај 2012.
  3. „Team NetApp (APP) – GER“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2014. Посетено на 12 мај 2012.
  4. „Highly-motivated Team NetApp takes aim at Giro d'Italia“. Cycling News. Future Publishing Limited. 25 април 2012. Посетено на 12 мај 2012.
  5. „A quick chat with Cesare Benedetti“. Тим НетАп. NetApp Deutschland GmbH. 12 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 12 мај 2012.
  6. Робинсон, Марк (11 мај 2012). „Rubiano solos to Giro d'Italia stage win in Porto Sant'Elpidio“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 мај 2012.
  7. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
  8. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  9. „Giro d'Italia: Benedetti wins stage 12“. www.cyclingnews.com. Посетено на 2019-05-24.

Надворешни врски

уреди